Дијареата е пореметување кое се карактеризира со зголемена содржина на вода во столицата како и зголемен број на столици дневно. Покрај ова се јавува и стомачна болка, раздразливост, температура и повраќање. Дијареата во раната детска возраст е 2 ро по ред пореметување по зачестеност веднаш после респираторните инфекции. Најчесто ги погодува децата помеѓу 1 и 3 години
Главна прехрамбена и терапевтска цел е да се избегне дехидрацијата
Дијареата може брзо да доведе до дехидрирање особено кај децата кои повраќаат поради што есенцијално е да се надокнади загубената течност.
Затоа децата и возрасните со изразена дијареа и повраќање треба да користат орални рехидратациски средства – Diarino ORS!!!
Што е Diarino ORS?
Diarino ORS претставува нов додаток во исхраната кој осигурува внес на натриум, калиум и други електролити со кои се надополнува изгубената сол и јаглехидрати.
Оргиналната формулација покрај ORS (орални рехидратациски соли) содржи и пробиотикS.boulardii кој значајно го намалува периодот на траење на дијареата.
За што се употребуваат Diarino ORS кесичките?
Дијареа предизвикана од антибиотици кај деца и возрасни;
Патничка дијареа кај деца и возрасни;
Акутни инфективни дијареи кај деца и возрасни;
Терапија и ерадикација на H.pylori кај деца и возрасни;
Инфекции со Clostridium difficile и Salmonellom typhi;
Crohn-ова болест, синдром на иритабилен колон, дијареа при HIV – инфекции и парентерална исхрана;
Некротизирачки ентероколитис.
Карактеристики и дејство на состојките на Diarino ORS?
Пробиотик S.boulardii:
Го преживува трансферот низ сите делови на дигестивниот тракт;
Природно е отпорен на антибиотици!!!!
Не го колонизира дигестивниот тракт – се елиминира од фецесот после 3-5 дена од прекинот на употребата;
Ги инхибира бактериските токсини и го инхибира растот на патогените (Candida albicans, Salmonella typhumurum);
Ја зголемува концентрацијата на IgA (противвоспалително дејство);
Значајно го намалува периодот на опоравок на цревната микрофлора после третман со антибитици;
Позитивно влијае на метаболизмот на колонот преку зголемување на концентрацијата на кратко ланчаните масни киселини.
ORS (орални рехидратациски соли)
Осигурува внес на натриум, калиум и други електролити со кои се надополнува изгубената сол и јаглехидрати;
ORS се специјално дизајнирани за состојби кога настапува умерена до силна дехидрација: воспаление на очи, недостаток на солзи, сува уста и помалку од една мокра пелена на 6 часа (кај бебиња).
Начин на употреба:
Една кесичка се раствора во 250 мл зовриена и оладена вода на собна температура вода и се пие во мали голтки. За да се подобри вкусот, подготвениот раствор може да се заслади со мала количина на овошен сок;
Друга можност е да се меша со кисело млеко во прав или каша (собна температура);
Подготвениот раствор PharmaS – Diarino ORS, треба да се испие за 6 часа, ако се чува во фрижидер или за 3 часа ако се чува на собна температура;
Возрасни и деца постари од 1 година: 2 кесички дневно;
Деца од 4 месеци до 1 година: 1 кесичка дневно.
Comments