top of page
Search
  • Writer's picturetopedukator

За среќно бебе и наспани родители, ослободете се од бебешките грчеви



Пробиотиците ги намалуваат симптомите на детските колики

Коликите (грчеви) претставуваат раширена клиничка состојба во детството, кои се појавуваат кај околу 30% од децата. Се јавуваат набрзо по раѓањето и се губат некаде кон крајот на третиот месец а кај некои бебиња може да траат и до шестиот месец. Иако механизмот на настанување на коликите не е целосно разјаснет, се смета дека тие настануваат поради сè уште неразвиениот ензимски систем за варење на храната или поради неправилно доење или прејадување.

Во некои случаи, причина за бебешките грчеви може да биде и исхраната на мајката која дои.

Во периодот додека дои, мајката треба да почитува одредени правила на исхрана, поради себе и поради бебето кое го дои. Исхраната мора да биде разновидна, богата со витамини и минерали, кои ќе се конзумираат преку внес на големи количества на овошје и зеленчук, како и супи од зеленчук и месо. Се препорачува избегнување тешка храна (грав, варена зелка), месни преработки како сувомеснати производи, виршли, колбаси, паштети, салами и друга храна која во себе содржи конзерванси и адитиви. Овие продукти преку мајчиното млеко делуваат на бебешкиот организам, прават стомачни грчеви и доведуваат до промени во празнењето на цревата на бебето.

Коликите се најчеста причина за непроспиените ноќи на родителите во првите месеци по породувањето.

„При плачењето бебето голта воздух, па болката се повторува како резултат на проголтаниот воздух“

Најчести симптоми се интензивен и неутешен плач кој е проследен со грчеви на лицето, грчење на нозете и испуштање гасови. При плачењето бебето голта воздух, па болката се повторува како резултат на проголтаниот воздух. Состојбата се повторува доколку мајката не успее да го истисне проголтаниот воздух од цревата на бебето. Истиснувањето на воздухот се прави со држење на бебето исправено или легнато на стомаче, со нежно тапкање по пелените.

Проголтаниот воздух може да се отстрани и со подригнување, така што ќе се постави бебето преку рамо со стомачето кон рамото на мајката и ќе се врши притисок на долниот дел од стомачето на бебето со нежно тапкање по грбот. Помага и доколку се ставаат топли облоги на стомачето на бебето. Сепак, постојат бројни студии кои покажуваат дека пробиотиците имаат влијание на намалување на симптомите на детските колики. Во тој контекст и имајќи ја во предвид ранливоста на најмладата популација, фармацевтските експерти од PharmaS го создадоа PROBalans Baby PROTECT.

PharmaS го создадоа PROBalans Baby PROTECT пробиотски капки за прва помош при бебешките колики и изградба и одржување на здрава микрофлора!

Што е PROBalans Baby PROTECT? PROBalans Baby PROTECT се пробиотски капки наменети за доенчиња и деца од Lactobacillus reuteri кои помагаат во скратување на времетраењето на плачот предизвикан од бебешки колики без страв од појава на несакани дејства.

Клучни предности на PROBalans Baby PROTECT капките?

  • L. Reuteri е клинички докажано ефикасен во намалување на грчевите кај доенчињата;

  • L. Reuteri ги намалува симптомите на грчеви веќе во првата недела од употребата;

  • Со континуирана употреба во период од четири недели се намалува времетраењето на плачење на помалку од 3 часа/дневно;

  • Двојно повеќе го намалува времетраењето на плачење во однос на симетикон.

Примена на производот:

  • Пред секоја употреба, шишето треба силно да се протресе додека нормално присутниот талог рамномерно се суспендира;

  • Да се земе самостојно или да се додаде во ладен пијалок, на пр.: овошен сок или млеко;

  • Препорачана дневна доза: доенчиња од раѓање, мали деца и постари деца: 4 капки, еднаш дневно, независно од оброкот;

  • Ако детето зема антибиотик, капките треба да се даваат најрано 3 часови по земањето на антибиотикот;

  • Не е потребно да се чуваат во фрижидер.

Производот нема мирис и вкус што го прави многу практичен за употреба за најмладите. Не содржи алергени, лактоза, глутен и млечни протеини. Пред употреба задолжително прочитајте го упатството.

22 views0 comments

Comments


bottom of page