На прагот на летото секоја недела се организираат промо активности на кои се информираат граѓаните како да се заштитат од летните стомачни тегоби како дел од кампањата „Немате време да бидете болни“ на ПхармаС
Со Филип Ачкоски, магистер по фармација и регионален директор на ПхармаС за Македонија, Бугарија, Албанија и Косово, разговаравме за тековната кампања, за заштитното лице, како и за важноста на пробиотиците во секојдневната исхрана.
Во моментов е актуелна кампањата за промоција на здрав животен стил насловена како „Немате време да бидете болни“. Каков е концептот на кампањата и како се одвива досега?
Кампањата „Немате време да бидете болни“ поддржана од регионалниот бренд PROBalans е комплексен проект кој стартуваше на почетокот на годинава со ТВ кампања и промотивни текстови на најчитаните македонски портали со цел да се подигне свеста кај популацијата за значењето на правилната исхрана. Подоцна во месец март беше промовирано заштитното лице на ПРОБаланс – Светлана Црнокрак и беа реализирани повеќе ТВ емисии и новинарски интервјуа во насока на здравиот животен стил и одржување на добар имунитет. И секако, во моментов во пресрет на летната сезона секоја недела на различни локации во Скопје и низ Македонија, се организираат промо активности на кои се информираат граѓаните како да се заштитат од летните стомачни тегоби и кои фармацевтски продукти се неопходни да ги имаат кај себе за одмор без здравствени проблеми.
Колку Македонците водат грижа за своето здравје и колку се информирани за значењето од здрава исхрана, редовно вежбање и внесување на соодветни витамини и минерали?
За жал, во Македонија сè повеќе гледаме дури и млади индивидуи со зголемена телесна тежина и бројни стомачни проблеми. Иако во последните 10тина години има значаен напредок, сепак нивото на информираност во Македонија сè уште не е добро и затоа со оваа кампања ние укажуваме на важноста од секојдневен внес на свежо овошје и зеленчук, користење на пробиотици, значаен внес на витамините Б, Ц и Д, минералите цинк и магнезиум како и соодветна физичка активност.
Современиот начин на живот често подразбира постојано брзање, а со тоа и зголемен стрес како и консумирање на брза храна. Кој е најдобриот начин за да се одржи дигестивниот баланс во организмот?
Најпрвин важно е да прифатиме дека голем дел од наведените фактори зависат од нас. Во тој контекст, правилниот хигиено-диететски режим значајно влијае на дигестивниот баланс а подразбира: легнување во одредено време секој ден, задолжителен богат појадок, неколку ниско калориски оброци во тек на денот (овошје), и последниот оброк да биде до 19 часот. Пржената храна заменете ја со варена или печена а целосно избегнувајте ја конзервираната храна и месните преработки. Истотака секојдневното користење на пробиотски соеви, во комбинација со чаеви од нане и камилица значајно помага за регулирање на варењето на храната и правилниот метаболизам. Не заборавајте да одвоите барем 30 минути дневно за физичка активност.
Која популација има најголеми придобивки од консумирањето на пробитиоци?
Неспорно е дека бројни научни студии ги имаат потврдено здравствените бенефити од употреба на пробиотици како во поглед на доброто варење на храната и здравиот метаболизам (а со тоа и добриот физички изглед) , така и за голем број на стомачни проблеми и на крајот за подобар имунитет. Во тој контекст широка е популацијата која има потреба од конзумирање на пробиотици но јас би се фокусирал на луѓето кои патуваат (пробиотик при секое патување), пациентите кои користат антибиотици (пробиотик со секој антибиотик), како и оние на кои им е потребно засилување на имунитетот (особено во пролет и лица под стрес). Да не ги заборавиме и децата каде имунитетот е во фаза на формирање и кај кои комбинацијата од пробиотици и витамин Д значајно помага за нивниот правилен раст и развој.
Што претставува ПРОБаланс и при кои состојби се препорачува неговото користење?
Брендот ПРОБаланс е премиум пробиотски производ кој се состои од 4 производи: ПРОБаланс капсули – уникатна комбинација од синбиотици, витамин Б6, цинк, нане и камилица одличен избор при бројни стомачни тегоби, како и за одржување дигестивна рамнотежа и правилен метаболизам;
ПРОБаланс бејби капки– комбинација на пробиотици и витамин Д3, значајна за правилен раст и развој на децата и формирање на нивниот имунитет;
ПРОБаланс ИМУНО единствена комбинација од пробиотици, витамин Ц и цинк кои природно го засилуваат вашиот имунитет;
ПРОБаланс ЛЕЈДИ комбинација од пробиотици, млечна киселина и изофлавони како природна поддршка за женското здравје.
Одлучивте вашиот бренд ПРОБаланс да го промовирате преку заштитното лице Светлана Црнокрак. Зошто и како дојде до оваа соработка?
Модното студио Црнокрак е наш партнер во бројни промоции па така соработката со Светлана Црнокрак дојде сосема природно. Таа е успешна жена од јавниот живот а ПРОБаланс е најдобриот пробиотик на пазарот ефикасен при бројни стомачни тегоби. Светлана е мајка на две деца а ПРОБаланс бејби капките се синоним за мачинска грижа, здравје и раст и развој на нашите најмили. И на крај, Црнокрак е промотор на здравје и здрав начин на живот а ПРОБаланс ИМУНО природно го засилува вашиот имунитет. Едноставно Светлана Црнокрак ги обединува сите овие епитети како личност и затоа е заштитно лице на брендот ПРОБаланс во Македонија.
На прагот сме на годишните одмори кога се зголемува бројот на патувања. Исто така, во рамките на Вашата кампања, на граѓаните им делите брошура наречена „Патна аптека“. Која е Вашата препорака која би ја упатиле до сите оние кои се подготвуваат да патуваат?
Промената на климатските услови, храна, вода, плажа, честопати може да предизвика бројни нарушувања на дигестивниот систем: стомачни тегоби и мачнина од патување, дијареа, запек, повраќање, дехидратација и покачена телесна температура. Статистиката говори дека секој човек на годишен одмор, просечно е болен два до два и пол дена. Затоа, многу е важно добро да се подготвиме пред патувањето и да понесеме соодветни лекови, медицински заштитни материјали и медицинска козметика а задолжително пробиотици комбинирани со цинк и витамин б6 и/или комбинација од пробиотици и ОРС и лекови за намалување на зголемена телесна температура. Ова особено важи за младите родители кои првпат патуваат со своите деца. Едноставно тргнете на патување подготвени со цел да уживате во одморот!
Comments