top of page
Search
Writer's picturetopedukator

ИНТЕРВЈУ со м-р Филип Ачкоски: Важноста на Омега 3 и Витаминот Д во исхраната



Периодот октомври 2017 до март 2018 компанијата PharmaS активно го користи за промоција на кампањата „Витоси – Патот до повеќе петки“

Зимскиот период, посебно во градови со зголемено аерозагадување, е период кога децата и возрасните голем дел од времето престојуваат во затворени и недоволно проветрени простории. Транзицијата од зимски кон пролетен период дополнително приденесува за пад на имунитетот. За одржување на одбранбениот систем и зголемување на енергијата во периодот на учење клучна улога имаат витаминот Д и Омега 3 масните киселини. Доколку вашето дете има проблем при конзумирање на овие состојки поради специфичниот мирис и вкус, задолжително прочитајте го интервјуто со м-р Ачкоски.

Г-дин Ачкоски, PharmaS во изминатиов период води голема едукативна кампања „Витоси – Патот до повеќе петки“, можете ли да ни откриете нешто повеќе за тоа?

Започнувајќи од октомври 2017 па се до март 2018 PharmaS е во активна промоција на значењето од секојдневен внес на Омега 3 и Витамин Д со исхраната. Кампањата „Витоси – Патот до повеќе петки“ е пред се насочена кон децата од претшколска и рана школска возраст (и нивните родители секако), токму во периодот кога детскиот мозок и имун систем се во силен развој. Кампањата се одвива во повеќе фази и вклучува:

  • Едукативни текстови во електронски и пишани медиуми;

  • Отворени настани/штандови за едукација на заинтересираните граѓани;

  • ТВ кампања и гостувања во здравствени и детски емисии;

  • Директна едукација на децата од големите групи во градинките преку играта меморија и секако маскотата Вито.

Кои се бенефитите од внесување на Омега-3 масните киселини, особено кај децата од претшколска возраст?

Омега 3 масните киселини се дел од структурата на мембраната на нервните клетки и затоа соодветен внес на Омега 3 е од суштинско значење за развојот на мозокот кај малите деца, а потребна е и за одржување на нормалната функција на мозокот и кај возрасните. Бројни студии потврдуваат дека, Омега 3 масните киселини не само што го поддржуваат правилниот развој на мозокот на детето туку и ги помагаат помнењето, концентрацијата и способноста за учење.

Дали недостатокот на Омега 3 масните киселини може да допринесе за промена на расположението и однесувањето?

Докажано е дека ниското ниво на Омега 3 масни киселини, исто така, може негативно да влијае на менталното здравје. Поточно луѓето кои не јадат храна богата со Омега 3 масни киселини (риба и морска храна), се изложени на поголема веројатност да добијат депресија, биполарно растројствои пост породилна депресија. Со зголемување на дневниот внес на Омега-3 масни киселини преку додатоци во храна, овие состојби може да бидат успешно третирани. Во голема студија на децата од основни училишта во Англија се покажа дека децата кои имаат помалку развиени способности за учење, редовно имаат помалку Oмега 3. Потоа оваа земја промовираше национална програма за зголемување процентот на здрави масти во исхраната главно со воведување на повеќе јадења со риба.


За оние кои не знаат, можете ли да ни кажете како витаминот Д допринесува за зајакнување на имунитетот, и како со негова помош подобро можеме да се бориме против инфекциите?

Витаминот Д е познат имуномодулатор кој докажано го зајакнува имунолошкиот систем и помага во борбата против инфекциите преку негово учество во продукција на моноцитите. Во последно време се направени многу истражувања за улогата на витаминот Д во респираторните и гастроинтестиналните заболувања, кои покажуваат дека неговото консумирање помага во намалување на воспалителните процеси. Ако ги земеме во предвид позитивните ефекти на Омега 3 масните киселини во однос на имунитетот, тогаш јасно е зошто педијатрите препорачуваат зголемен внес на витамин Д во комбинација со Омега 3 масни киселини кај децата од претшколска и рана школска возраст и тоа во период септември – мај, кога бројот на сончеви денови е помал.

Во текот на кампањата „Витоси – Патот до повеќе петки“ промовиравте додаток во исхраната Витоси, пастили за џвакање за деца и возрасни, кои позитивно влијаат на способностите за учење, помнење и концентрација.



4 views0 comments

Comentários


bottom of page