top of page
Search
  • Writer's picturetopedukator

Интервју со Филип Ачкоски, менаџер на Пхармас: Менаџерски стрес и несоница


Разговараме со Филип Ачкоски, магистер по фармација со повеќегодишно искуство во производство, маркетинг и продажба на лекови, додатоци во исхраната и козметички препарати. Во моментов директор на CHC дивизија на регионалната фармацевтска компанија PharmaS.

1.Менаџирањето е стресна задача, со која се соочуваат бизнисмените, но и речиси сите луѓе во денешницава. Kако се манифестира менаџерскиот стрес и кои се последиците од него?

Во науката е опишан т.н. менаџерски синдром кој се јавува како последица на долготрајна, прекумерна и хронична изложеност на стрес на работното место. Бројни студии покажуваат дека психолошкото оптоварување кај деловните луѓе, кои дневно работат и по повеќе од десет часа, е речиси 3 пати поголемо отколку кај оние кои се занимаваат со физичка работа. Покрај тоа се проценува дека околу 40 посто од деловните луѓе патат од симптоми на несоница , раздразливост, аритмија, и пад на имунитетот.

Стресот се јавува во два облика, когнитивен (лоши соништа, расеаност, изненадни и присилни стравови, налет на емоции, опсесивни мисли кои не може да се контролираат и стопираат), и соматски (несоница, потење, забрзано срцебиење, напнатост на мускулатурата, хиперактивност). Последиците се исцрпеност, чувство на неценетост, незаинтересираност за работата и домот, повлекување, депресија, инфективни болести.

Би ја издвоил несоницата како една од посериозните последици на „менаџерската болест“ која влијае врз целокупната психофизичка состојба и здравје на менаџерите, за која дополнителен фактор се и честите патувања, особено промената на временските зони со што се нарушува секојдневниот ритам на спиењето.

  1. Како да знаеме дека имаме проблем со спиењето – несоница (Insomnia)?

Несоницата се дефинира како повторувачка потешкотија која се однесува на заспивањето, одржувањето на спиењето или квалитетот на спиењето, која се случува и покрај соодветното време и можност за спиење, а резултира со пореметување на дневните активности.

Вообичаени критериуми за несоница се:

  • Подолго време од 30 минути за заспивање;

  • Спиење помалку од 6 часа;

  • Будење повеќе од 3 пати во текот на ноќта;

  • Рано будење без можност повторно да се заспие;

  • Спиење кое е со слаб квалитет.

  1. Дали несоницата познава пол или возраст?

Иако несоницата не познава пол, возраст и занимање сепак е почеста кај жени на средна возраст поради хормонските промени кои настануваат во тој период од животот на жените и т.н менопауза, кај луѓе кои подолг времеснки период се изложени на стрес, кај луѓе кои работатат во смени и имаат пореметен биоритам , кај луѓе кои често патуваат и менуваат времеснки  зони, а со тоа се нарушува и нивниот секојдневен ритам на спиењето, кај луѓе со одредени психолошки и психијатриски болести односно пореметувања. 

  1. Како неспиењето влијае врз бизнисот?

Луѓето кои патат од несоница стануваат напнати – напнатоста станува составен дел на нивниот живот. Кај нив постои дневна поспаност, замор, раздразливост, потешкотии во концентрацијата, главоболка и чувствуваат анксиозност пред спиење-страв дека повторно нема да успеат да заспијат.

Заради сето ова кај нив е нарушена способноста за извршување на нормалните активности што секако негативно влијае на бизнисот. Најчести негативни ефекти се доцнење на состаноци, погрешни бизнис одлуки, немање трпение да се ислуша соговорникот, правење бројни ‘’технички’’ грешки, заборавање на договорени термини и обврски итн.


  1. Имаме ли статистика колку лица страдаат од оваа појава/состојба-несоница?

Иако се вршени бројни студии и има мноштво на податоци се смета дека околу 1/3 од возрасните имаат одредени потешкотии да заспијат или да спијат во тек на 12 месеци, а од нив 17% сметаат дека имаат сериозен проблем и бараат медицинска помош. Само за компарација процентот на менаџери кои имаат проблем со спиењето се движи околу 40% што е загрижувачка бројка.

  1. Како фармацевт, истовремено и менаџер, што им препорачувате на менаџерите за да го намалат стресот? Како да се справат?

Борбата со стресот е секојневен предизвик во животот на менаџерите. Клучна е добрата организација (и самоорганизација) и одбирање на приоритети, како не би преземале преголем товар на својот грб или прекратки рокови што резултираат со стрес. Истотака важно е да изградиме прагматичен пристап кон проблемите- што се вели да не земаме се при срце.

Во однос на практичните совети:

  • Не прифаќајте состаноци од кои неможе да извлечете бенефит. Неефикасните и долги состаноци се губење време, а секако работата Вас Ве чека, нели.

  • Одговарајте на меилови и телефонски повици кога Вам Ви одговара и секако исклучувајте го телефонот за време на семеен ручек или на спиење.

  • Водете умерен живот – избалансирана исхрана, вообичаено време на легнување, не претерувајте со кофеински напивки, масна храна, алкохол и цигари – сите овие работи влијаат да бидеме исцрпени и нервозни. Наместо ТВ/Мобилен/Лап топ заспијте со добра книга или релаксирачка музика.

  • Најдете време за себе: за семејството, за прошетки и спорт минимум 2-3 пати неделно, за кафе со пријателите.

Ако сепак имате проблеми користете природни препарати за стрес и несоница кои не предизвикуваат навикнување, најдобро на база на мелатонин, валеријана и маточина.

32 views0 comments

Commentaires


bottom of page