Ноќното мокрење е фактор кој значајно го нарушува квалитетот на живот на возрасните!
„Како да го превенираме ноќното мокрење и да го минимизираме неговото негативно влијание врз квалитетот на живот?“Еден од најголемите проблеми кај најмладата но за жал и кај повозрасната популација е појавата на зачестено ноќно мокрење. Притоа треба да правиме разлика помеѓу ноктурија (будење во текот на ноќта, а заради појава на нагон за мокрење) и енуреза (ноќно мокрење во кревет). И доколку кај малите деца до 5 години ноќното мокрење се толерира поради потреба од формирање на психолошко-физиолошката врска, за жал ноќното мокрење е фактор кој значајно го нарушува квалитетот на живот на возрасните. Ноктуријата е клинички значајна ако пациентот го посетува тоалетот два или повеќе пати во текот на ноќта. Ноктуријата е поврзана со зголемување на отсуствата од работа, појава на несоница и депресија, намалување на самодовербата и други психолошки проблеми. Преваленцата се зголемува со возраста и според некои статистики ноктурија е присутна и до 50 проценти кај мажите и жените на возраст над 50 години.
Кои се ризик фактори за појава на ноќно мокрење?
Зголемен внес на течности кои содржат кофеин или алкохол пред спиење, бидејќи ја зголемуваат диурезата;Прекумерна телесна тежина;БХП и рак на простата кај мажи и менопауза и слабост на мускули на карлично дно кај жени;Инфекции на долниот уринарен тракт;Одредени хронични заболувања: дијабетес мелитус, висок крвен притисок, конгестивна срцева слабост, периферен едем, синдром на немирни нозе;Внесување на некои лекови а пред се диуретици, бета блокатори и холинестераза инхибитори.
Како да го превенираме ноќното мокрење и да го минимизираме неговото негативно влијание врз квалитетот на живот?
Прилагодете го внесот на течности, пред се намалување ако внесот на течности е претеран. Притоа избегнувајте внес на течности во вечерниот период,Избегнувајте внес на кофеински напитоци и алкохол после 20 часот,Мокрете пред легнување и при тоа потрудете се комплетно да го испразните мочниот меур,Намалете ја телесната тежина и одржувајте нормален БМИ индекс,Намалете го внесот на сол и шеќер (сахароза) во исхраната бидејќи ја зголемуваат потребата за внес на течности,Примената на т.н. кегелови вежби за засилување на карличните мускули е корисна особено кај женската популација,Добро контролирајте го покачениот крвен притисок и дијабетот со почитување на препишаната терапија од лекар,Доколку имате дијагнистицирана БХП, хиперактивен мочен меур и/или уринарна инконтиненција почитувајте ја препишаната терапија од лекар.
Comments