Опстипација или запек е состојба која погодува дури 30% од популацијата а најпогодени се жените и постарите лица. Симптомите се многу непријатни и вклучуваат надуеност и стомачна болка а нередовното празнење на цревата може значително да го наруши квалитетот на нашиот живот. Опстипацијата најчесто е банална појава и честопати е поврзана со неурамнотежена исхрана. Сепак доколку стане секојдневен проблем може да донесе сериозни компликации како хемороиди па дури и потреба за итна хируршка интервенција.
Во решавањето на овој проблем честопати користиме лаксативи од хемиска природа кои покрај прочистувањето можат да предизвикаат одредени нарушувања како: грчеви, стомачна болка и навикнување.
Laksamol претставува нов додаток во исхраната за прочистување на организмот и редовно празнење на цревата! Содржи природни состојки – лактулоза која придонесува за забрзување на движењето на цревната содржина и глукофрангулин од екстракт од кора од крушина (Rhamnus frangula L.).
Клучни предности на Laksamol?
Сигурно и ефикасно решение кое на нежен начин помага при опстипација;
Помага за воспоставување на редовно празнење на цревата;
Не предизвикува грчеви;
Содржи природни состојки кои не предизвикуваат навикнување;
Пријатен вкус на портокал;
Едноставна употреба – 1 кесичка на ден.
Карактеристики и дејство на состојките на Laksamol?
Лактулоза
Лактулозата е дисахарид која при доаѓањето во дебелото црево се разградува од страна на бактериите на цревната микрофлора (пребиотик) до органски киселини со мала молекулска маса.
Лактулозата е осмотски лаксатив кој делува преку зголемување на секрецијата на вода во луменот на тенкото и дебелото црево и преку зголемување на цревната содржина.
Екстракт од кора од крушина
Екстракт од кора од крушина содржи глукофрангулин и франгулин кои доаѓаат во облик на моно и дигликозиди кои не се разградливи од страна на ензимите за варење поради што не се апсорбираат во горниот дел на дигестивниот тракт.
Крушината делува преку 2 механизма:
Контактна стимулација на мотилитетот на дебелото црево (со стимулација на неуроните, се поттикнува мотилитетот)
Го регулира процесот на секреција, спречува апсорпција на вода и електролити (антиапсорптивен ефект) и ја засилува пропустливоста на меѓуклеточните врски, што ја зголемува секрецијата на вода во луменот на цревата.
Comments