Мирниот сон е предуслов за човечкото здравје, работоспособност и добро расположение. Сепак современиот човек под притисок на секојдневните обврски, стресот и постојаното брзање, како и користење на тутун, продукти со кофеин, алкохол, стимуланси и др. многу често пати од несоница. Вообичаени критериуми за инсомнија се:
Подолго време од 30 минути за заспивање
Спиење помалку од 6 часа
Будење повеќе од 3 пати во текот на ноќта
Спиење кое е со слаб квалитет.
Околу 1/3 од возрасните имаат одредени потешкотии да заспијат или да спијат во тек на 12 месеци а според некои истражувања околу 95 % од Американците имаат најмалку една епизода на инсомнија во текот на животот. Луѓето кои имаат проблеми со несоница честопати имаат симптоми на дневна поспаност, главоболка, замор, анксиозност, раздразливост, тешкотии во концентрирањето и нарушена способност за извршување на нормалните активности. Со еден збор НЕСОНИЦАТА е сериозен проблем кој значајно ГО ВЛОШУВА КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТ.
За среќа тука е: PharmaS Dormirin – ПРИРОДНО РЕШЕНИЕ ЗА МИРЕН СОН
Што е Dormirin?
Dormirin претставува нов додаток во исхраната со мелатонин кој овозможува побрзо заспивање и мирен и квалитетен сон. Оргиналната формулација покрај мелатонин содржи екстракт од корен на валеријана и екстракт од лист од мелиса, добро познати природни состојки кои дополнително смируваат и овозможуваат целовечерен мирен сон.
Клучни предности на Dormirin капсулите?
Сигурно решение за мирен и квалитетен сон со само една капсула
Оригинална формула со мелатонин, екстракт од корен на валеријана и екстракт од лист од мелиса
Делотворен сојузник во борбата со jet lag-овите
Природни состојки за квалитетен сон кои не предизвикуваат навикнување
Зошто Dormirin е толку иновативен и како делуваат неговите состојки?
Мелатонин
Хормон кој го регулира сонот, природно се наоѓа во нашето тело и го произведува епифизата
Помага во скратување на времето потребно за паѓање во сон
Помага за ублажување на субјективното чувство на jet lag
Екстракт од корен на Валеријана (Valeriana officinalis L.)
Помага за смирување и квалитетен сон
Екстракт од лист на Маточина (Melissa officinalis L.)
Го подобрува расположението, когнитивните способности и меморијата; антиоксиданс
Пред употреба задолжително прочитајте го упатството
Совети за успешна терапија на несоница
Да не се спие повеќе од 8 часа
Да се намали времето поминато во кревет преку ден
Да се легнува и станува во исто време секој ден
Да се избегнува кафе и други стимуланси, алкохол и тутун пред спиење
Да се избегнува обилна вечера
Да се вежба регуларно, но најмалку 4 часа пред спиење
Commentaires