Како недостаток на риба во исхраната влијае на растот и развојот на децата, а Комбинација од Омега 3 и Витамин Д од рана возраст помага за подобро учење, меморија, концентрација и имунитет
Рибиното масло е добро за нашето здравје, бидејќи содржи омега-3 масни киселини, кои нашето тело не може да ги произведе и затоа ние мора да ги внесеме преку храна или додатоци. Рибите се најдобриот извор на омега 3 масните киселини и тоа пред се: харинга, лосос, сардини, туна и пастрмка.
„DHA придонесува за нормалната функција на мозокот, па оваа состојка е поврзана со учењето, концентраци- јата и меморијата“
Во теорија, ова е одлична идеја, но во пракса тоа не е секогаш така. Салмониди (лосос, пастрмка, итн) и други риби кои живеат во ладни води (бакалар, сардини, итн.) би требало да имаат високо ниво на EPA / DHA, но за жал денес тие се почесто се одгледуваат по вештачки пат и обично се хранат со соја и генетски модифицирана пченка поради што наместо омега-3 имаат висока содржина на омега-6 и други отрови.
Една грешка која многу луѓе ја прават е користење на големи количини на ленено семе, бидејќи тоа има висока содржина на омега-3 масни киселини, но за жал само околу 5% од овие масни киселини во семето на лен се претвораат во употреблива форма на DHA и EPA.
Незаситените масни киселини, особено омега-3 масни киселини, играат многу важна улога во растот и развојот на мозокот. Познато е дека DHA придонесува за одржување на нормалната функција на мозокот, па оваа хранлива состојка е поврзана со подобро учење, концентрацијата и меморијата. Покрај тоа DHA се наоѓа во особено високи концентрации и во ретиналните мембрани, особено во фоторецепторите, а со тоа се смета дека игра клучна улога во развојот на видот. Утврдена е позитивна корелација помеѓу содржината на DHA во црвените крвни зрнца и визуелна острина, како и други показатели на развојот на мозокот кај бебињата и мали деца.
Во бројни студии е потврдено дека групите на деца кои земаат рибино масло имаат позитивни промени во вид на: зголемено внимание, концентрација, способностите за учење, работната меморија, визуелна обработка на информации, како и способноста на имунолошкиот систем, вклучувајќи ги и промените во црвените крвни клетки.
„Недостаток на риба во исхраната влијае на растот и развојот на децата“
Со други зборови, децата кои конзумираат најмалку 2 оброци со риба неделно, од кои еден е масна риба богата со омега-3 масни киселини (како туна и лосос), се со помала веројатност да имаат емоционални проблеми и проблеми во однесувањето во споредба со децата кои не јадат риба.
Познато е дека децата не се големи љубители на риба, па затоа кај децата кои не сакаат риба на нивното мени, недостатокот на омега-3 масни киселини во исхраната може да се компензира преку додатоци во исхраната.
Vitosi се меки масти за џвакање со омега 3 и витамин Д3 за подобро учење, меморија, концентрација и имунитет наменети за деца над 3 години.
Содржат DHA, која придонесува за одржување на нормална функцијата на мозокот и нормален вид;
Содржат витамин Д кој придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем, придонесува за нормално ниво на калциум во крвта и нормална апсорпција / користење на калциум и фосфор. Придонесува за одржување на нормална мускулна функција и е потребен за нормален раст и развој на коските кај децата.
Предности на Vitosi:
Имаат одличен вкус на портокал (без вештачки ароми) и не оставаат непријатен вкус на риба во устата;
Не предизвикуваат нагони за повраќање;
Без шеќери, глутен и лактоза;
Овозможуваат подобрена комплијанса на пациентите;
Овозможуваат до 44% подобра апсорпција на омега-3 во однос на други препрати;
Нема потреба од вода.
Vitos не се резервирани само за децата, туку во нив можат да уживаат и возрасни кои консумираат риба помалку од два пати неделно. Докажано е дека ниското ниво на омега-3 масни киселини, исто така, може негативно да влијаат на менталното здравје. Поточно луѓето кои не јадат риба и морска храна, се изложени на поголема веројатност да добијат депресија, биполарно растројство и пост породилна депресија. Со зголемување на дневниот внес на омега-3 масни киселини преку додатоци во храна, овие состојби може да бидат успешно третирани.
Како се употребува Vitosi:
Препорачана дневна доза Vitosi е една мека пастила на ден, да се растопи во уста.
Пред употреба задолжително прочитајте го упатството.
Comments