top of page
Search
Writer's picturetopedukator

Крварење од нос кај детска популација – непријатно искуство за децата и родителите


Зошто доаѓа до крварење од нос кај децата?

Иако станува збор за безопасна појава која во најголем случаи се запира за 10тина минути, а загубата на крв најчесто е занемарлива, крварењето од носот кај повеќето родители го пали алармот за тревога. Крварењето се јавува одеднаш, често навечер, во текот на сон само од едната ноздрва. Слузницата на носот е богата со крвни садови, особено во предниот, долен дел на носната преграда, каде што најчесто доаѓа до крварење. Најчеста причина за крварење е механичко оштетување на слузницата на носот (чепкање во носот, ставање предмети или удар). Во голем број случаи крварењето од носот е резултат на долготраен престој во затворени простории (обично во зима или лето) каде воздухот е сув како последица на користење на централно греење, термо печки или клима-уреди. Сувиот воздух најпрво предизвикува иритација и сушење на слузокожата од носот, а потоа и пукање на капилари и крвавење од носот. Причина за крварење можат да бидат и настинките и алергиите, особено ако детето заради нив често користи капки за нос. Некои капки содржат кортикостероди, антихистаминици и деконгестиви и ја сушат слузокожата и затоа треба да се користат во ограничен временски интервал.  Останати причини за крварењето може да бидат зголемен крвен притисок, болести на срцето, анемија, заразни болести или преголем физички напор. Крварењето локализирано во задниот дел од носот е многу ретка појава кај децата и најчесто е последица на трауматска повреда на главата

 

Како да постапиме за да се сопре крварењето од нос?

Откако еднаш ќе се издува носот за иницијално да се прочисти, детето треба да седи и благо да ја навали главата нанапред. Погрешно е да се лежи или седи со главата наназад, бидејќо посилно крварење може да предизвика, кашлица и повраќање. Прва помош при појако крварење е притискање со палецот и показалецот на ноздрвите. По 5-10 минути се става тампон од памук наквасен во вода или солен раствор. Кога се ќе се смири крварењето во носот корисно е да се ставаат деконгестивни капки, кои ги собираат крвните садови. Може да се стави и ладна облога на страната од носот која крвари со цел да се стеснат крвните садови. Штом ќе престане крвавењето, детето треба да мирува извесно време. Без скокање, трчање и груби игри. 

Обратете се кај лекар доколку:

·        На детето му тече крв од двете ноздрви.

·        Не успевате да го сопрете крварењето повеќе од 20 минути.

·        Крварењето е последица на пад или удар на главата.

·        Детето има туѓо тело во носот.

·        Носот на детето често крвави.

·        На детето му избиваат модринки без причина.

·        Детето има вртоглавица и отежнато дише.

 

Корисни совети за превенција на честите крварења од нос во детската возраст

За среќа, постојат начини за превенција на крвавењето од носот:

·        Потсетувајте го детето да не ги става прстите во носот, а неговите нокти секогаш нека бидат исечени.

·        Користете средства и уреди за навлажнување на воздухот во домот.

·        Користете солен спреј или капки за нос, два до три пати на ден бидејќи со ова се одржува слузницата чиста и влажна.

·         Ставете тенок слој вазелин во двете ноздрви.

·         Децата кои имаат предиспозиции за крварење треба внимавателно до го дуваат носот.

·         Сезонските алергии треба да се третираат со цел да се спречи претерано кивање и течење на носот, а сето тоа може да доведе и до крвавење поради иритацијата.

1 view0 comments

Comments


bottom of page