top of page
Search
Writer's picturetopedukator

Правилен внес на витамини и минерали во бременоста


Бремените жени не треба да јадат за двајца, туку мора да внесуваат соодветни витамини и минерали кои ќе им служат на потребите на двата организма

Тешко дека има поубав момент во животот на жената, отколку кога таа за прв пат ќе го почувствува дишењето и мирисот на своето новородено дете? Жените ги опишуваат тие моменти како чувство на заедничка припадност! Но, пред тоа телото на жената минува низ специфичен период – бременост, кој е предизвикувачки процес за женскиот организам.

Затоа, во овој период е особено важно жените правилно и балансирано да се хранат, со цел телото на жената да биде во состојба да одговори на периодот на раст и развој на нов организам – дете.

Нутриционистите се согласуваат со оценката дека во бременоста треба повеќе да се внимава на квалитетот на внесувањето храна, отколку на количината. Едноставно речено, бремените жени не треба да јадат за двајца, туку мора да внесуваат соодветни витамини и минерали кои ќе им служат на потребите на двата организма.

Кои се клучни витамини и минерали во периодот на бременост и доење?

Фолна киселина

Фолнатa киселина како фактор на раст е важнa за соодветна подготовка на телото на жените за зачнување, но исто така и за правилен раст и развој на фетусот. Важноста од дополнување на исхраната со фолна киселина, со цел спречување на дефекти на невралната цевка на фетусот, одамна е опишана во упатствата за пренатална суплементација.

Сепак малку луѓе знаат дека фолната киселина, кога кога се зема орално, мора да се конвертира во активна форма, со цел да биде ефективна.

За жал, денес се знае дека голем број на луѓе немаат доволно активни ензими (или пак нивната активност е значително намалена), па внесената фолна киселина во никој случај не може да се конвертира во активна форма, и со самото тоа телото не може да ја користи и не ја добива нејзината превентивна улога во однос на патолошки состојби поврзани со бременоста и можни аномалии на фетусот. Недостатокот од активна фолна киселина се наведува како еден од факторите на ризик кои се поврзани со појава на последователни спонтани абортуси и тромбофилија за време на бременоста.

Затоа, земање на додаток во исхраната кој во себе содржи активна форма на фолна киселина, во препорачаната дневна доза од 400 ug кај бремени жени и жени кои планираат бременост е најсигурниот начин на добивање на потребниот износ на овој метаболит директно на местото на акција – во клетките и органските системи.

Железо и витамин Ц

„Микроенкапсулираното железо нема метален вкус и не предизвикува пореметувања во гастроинтестиналниот тракт“

Железото е важен минерал во исхраната на жените, вклучувајќи ги и бремените жени, особено во случај на анемија, кога е неопходно да се прибегне кон готови препарати кои содржат железо. Сепак не е незначајна формата на железо во готовите производи кои ние ги користиме. Постојат специјално дизајнирани форми на железо (микроенкапсилурани со најнови технологии), кои се карактеризираат со висока биорасположливост и висока стабилност во телото.

Микроенкапсулираното железо нема метален вкус и не предизвикува пореметувања во гастроинтестиналниот тракт (за разлика од конвенционалните препарати на железо). Треба да се напомене и дека за соодветна апсорпција на железо е потребeн и витамин Ц.

Магнезиум и цинк

Магнезиумот е еден од најважните елементи во нашето тело – секојдневните потреби се околу 300 mg. Магнезиумот ја стабилизира молекулата АТП која е основа на чување на хемиската енергија на клетката. Затоа, секој недостаток на магнезиум се манифестира во вид на: слабост, мускулни грчеви, немоќ и голема подложност на стрес. Во посебни ситуации како што се реконвалесценција, бременост и доење потребите за магнезиум се 25% повисоки и изнесуваат околу 400 mg на ден.

Во реконвалесценција, бременост и доење, потребите за магнезиум се повисоки

Во ваква ситуација често треба да се прибегне кон високо квалитетни додатоци на магнезиум кои лесно се апсорбираат и брзо дејствуваат. Истотака важно е да се обезбеди и внесувањето на цинк како минерал регулатор на бројни функции во организмот.

Калциум и витамин Д

Внесување на големи количини на калциум е особено важно кај бремените жени со цел да се овозможи развој на коскеното ткиво на плодот и да се сочуваат мајчините коски од мобилизација на калциумот од нив. Витаминот Д помага за вградување на калциумот во коските и треба да се суплементира во исхраната особено доколку бременоста се одвива во текот на зимските месеци, бидејќи синтезата на витамин Д во голема мера зависи од ефектите на сонцето врз кожата. Кога кожата е помалку изложена на сонце, се создава помалку витамин Д. Заради сето ова особено е важно во периодот на планирањето на бременост, самата бременост и во периодот на доење да се внесуваат доволни количини на фолна киселина, железо, витамин Ц, магнезиум , цинк, калциум и витамин Д.

Наша препорака е PrenataS – Ваш партнер за здрава бременост и доење.

Prenatas е додаток во исхраната кој се користи за надополнување на непходните витамини и минерали кај жени:

  • Кои планираат бременост;

  • Во текот на бременоста;

  • Во периодот на доење;

PrenataS е единствена формула со активен облик на фолна киселина која обезбедува сигурна апсорпција на потребните количини на фолна киселина во организмот.

PrenataS содржи микроенкапсулирано железо што овозможува: висока биорасположливост, намалени несакани ефекти по ГИТ и нема метален вкус;

PrenataS во една формулација содржи идеална комбинација на потребните витамини и минералии не треба да се користат 4-5 различни производи. 

Како се употребува:

  • 1 капсула дневно, да се испие со доволно течност независно од оброкот;

  • Се препорачува да се користи во период на планирање на бременоста, за време на бременоста и за време на доењето;

  • Пред употреба задолжително прочитајте го упатството.

7 views0 comments

Commentaires


bottom of page