top of page
Search
  • Writer's picturetopedukator

Пробиотици – нов природен пристап во третман на Helicobacter pylori


Helicobacter pylori инфекцијата е најчеста причина за гастритис и чир и ризик фактор за појава на малигни болести на желудникот

Helicobacter pylori се бактерии кои го колонизираат стомакот и може да предизвикаат гастритис, чир на желудникот и се ризик фактор за појава на малигни болести на желудникот. Инфекцијата со Helicobacter pylori често може да напредува долг временски период , без никакви видливи знаци на болеста, пред симптомите да станат очигледни. 

„PharmaS HELICOBalans е единствен 2 во 1 концепт кој помaга при искоренување на инфекции со Helicobacter pylori“

Бактериите се прикачуваат на гастричната мукоза, ја ослабуваат, и лигавицата станува повеќе порозна на желудечната киселина. Ова може да доведе до хронично воспаление на слузницата, кое може да предизвика стомачни чиреви. Околу 40% од населението на Централна Европа е заразено со Helicobacter pylori, а притоа еден од пет заразени е со сериозни последици. Инфекцијата може да се случи со директен пренос од заразено лице (преку плунка), по фекален пат (недостаток на хигиена и миење на рацете), или со внесување преку храна и пијалок.

Антибиотска терапија не е погодна за секого и честопати е придружена со голем број на негативни ефекти, како што се дијареа и оштетено чувство за вкус. Покрај тоа, бројот на Helicobacter pylori видови кои се отпорни на антибиотици е во континуиран пораст. Исто така, постојат индикации дека психолошки стрес и периоди на зголемено оптеретување можат значајно да го нарушат функционирањето на гастроинтестиналниот тракт. Таков стрес може да отвори пат за колонизација на желудникот со H. pylori бактерии.

Токму затоа за експертите од тимот на PharmaS го создадоа Helicobalans.

Што е Helicobalans и кои се негови активни состојки?

PharmaS HELICOBalans е додаток во исхраната кој содржи Pylopass™, инактивиран пробиотикLactobacillus reuteri за лекување на гастритис предизвикан од Helicobacter pylori инфекција. Pylopass™ се врзува со H.pylori во стомакот, и се излачува надвор од телото преку дигестивниот систем. Ова доведува до намалување на концентрацијата на бактерии во желудникот. Притоа Pylopass™ се врзува специфично само за H.pylori а не со т.н. „добри бактерии“ така што балансот на цревата микрофлора останува недопрен.

За разлика од некои други пробиотици, Pylopass™ е исто така ефикасен во киселата средина на стомакот.

Неговиот деактивиран облик го прави поотпорен од многу пробиотици, и има значајна предност кога станува збор за преживување при изложеност на топлина и неповолни услови на чување.Истражувањата потврдија значајна ефикасност на доза од 200mg Pylopass™ – точен износ кој е содржан во дневна доза PharmaS Helicobalans.

Покрај Pylopass™, HELICOBalans содржи висока концентрација на три добро познати пробиотици: Lactobacillus acidophilus LA3, Bifidibacterium animalis ssp.lactis BLC1 и Lactobacillus casei BGP93. Ова го прави идеален како додаток на тројната антибиотска терапија при третман на Helicobacter pylori.

Имено, поради агресивноста на антибиотскиот третман на H.pylori, се јавуваат чести гастроинтестинални несакани ефекти, вклучувајќи ја и појавата на дијареа, гадење, повраќање, надуеност и болки во стомакот. Овие нус појави се последица од нарушувањата на цревната микрофлора кои ги предизвикуваат антибиотиците. Повеќе студии покажуваат дека пробитиците содржани во HELICOBalans помагаат за намалување на епигастрична болка, заболувања на цревата (особено дијареа), надуеност, повраќање и лош здив при антибиотска терапија.


Клучни предности на HELICOBalans капсулите?

  • Помага во сузбивањето на патогени бактерии во ГИТ, вклучувајќи Helicobacter pylori;

  • Ја намалува појавата на несакани ефекти предизвикани од антибиотици во гастроинтестиналниот тракт и дијареа предизвикана од антибиотици;

  • Ја намалува зачестеноста и времетраењето на инфективна дијареа, вклучувајќи дијареа поврзана со ротавируси;

  • Добро се поднесува од страна на возрасните и децата и нема негативно влијание врз исходот на антибиотската терапија.

Кога да се употребат HELICOBalans капсулите?

  • За природен третман на гастритис предизвикан од инфекција со Helicobacter pylori;

  • Да помогне во лекување на Helicobacter pylori – третман за поддршка и намалување на штетните ефекти на антибиотици;

  • За краткорочно намалување на Helicobacter pylori во ГИТ во време на презафатеност или психички стресни ситуации.

Како се употребува:

Препорачана дневна доза HELICOBalans е 2 капсули на ден, една наутро и една навечер независно од оброците. Доколку се употребува заедно со антибиотици капсулите HELICOBalans треба да се земат 3 часа после земањето на антибиотикот.

Пред употреба задолжително прочитајте го упатството.

6 views0 comments

Comments


bottom of page