top of page
Search
Writer's picturetopedukator

Ставете точка на болестите

Вечната борба за симнување килограми, оддржувaњето идеална тежина и здраво тело не се добива само со интензивно вежбање и потење.




Таа борба прво почнува и завршува во кујната. Само доколку правилно се храните и умерено спортувате, ќе може да очекувате резултати во вашето тело. Експертите препорачуваат умерена физичка активност три до пет пати во неделата, во времетраење од еден час и балансирана исхрана, богата со протеини и здрави масти.


Како до посакувано тело?

Kако да се добие тело кое сите го посакуваме кога брзата храна е многу лесно достапна а времето поминато со фамилијата и пријателите секогаш е побитно од времето поминато во фитнес центар? Во основата на оваа борба лежи промената на навиките и поставеноста на умот која ја имаме уште од нашето детство. Мора да научиме, уште како мали деца, што е вистински здраво. Мора да научиме вежбањето да го имплементираме во нашето секојдневие. Да живееме со незгодноста се додека таа не стане навика за да имаме поквалитетен живот за нас и за нашите деца. Нашите навики, како што сме ги добиле од нашите родители, така ќе ги пренесеме на нашите деца. Кога растеше нашата генерација, малку беа познати лошите факти за влијанието врз нашето здравје. Пороците како пушењето, прејадувањето, честата употреба на лекови, не беа доволно гласно потенцирани како опасности по нашето здравје. Затоа, денеска живееме со тие стари навики и тешко ги прифаќаме новите. Но, погледнете наоколу. Нашето општество секој ден еволуира, се повеќе и повеќе се намалува бројот на пушачи, се повеќе и повеќе луѓе бираат органска наместо конвенционална храна. И се повеќе и повеќе млади луѓе се во спортските сали, фитнес центрите и планините низ државата. Две третини храна во нејзината оригинална форма

Што е тоа што треба да го направиме за да почнеме да се храниме здраво? Организмот е доволно силен и способен да се избори со одредено количество нездрава храна се додека тоа не му пречи на нормално функционирање. Доколку здравата храна во нејзината оригинална форма претставува повеќе од две третини од вкупниот дневен внес на калории, телото ќе се избори со остатокот. Какви витамини и минерали мора да внесеме за да му помогнеме на телото во оваа борба со процесираната храна богата со конзерванси и нажалост, со хемикалии? Со цел да обезбедиме алкална средина во организмот, основните витамини кои мора да ги надополниме се магнезиумот, цинкот и витаминот Б6. Затоа што, магнезиумот ги релаксира мускулите, додека витаминот Б6 ја има најважната функција - смирување и опуштање на нервниот систем. Цинкот е главен антиоксиданс кој дава енергија на целиот организам. Со цел овие витамини да можат да бидат апсорбирани, основно е да внесуваме и пробиотици кои не само што ја подобруваат цревната флора на организмот, туку и третираат одредени болести кои се јавиле како резултат на неправилната и неквалитетната исхрана.

Пробиотици, витамини и минерали

Истражувањата покажуваат дека пробиотиците можат да влијаат позитивно и на егземи, уринарно и вагинално здравје, спречување на алергии и настинки, како и на оралното здравје. Пробиотиците главно функционираат со тоа што ја движат храната низ цревата и ги заменуваат лошите со добри бактерии. Витамините и минералите во присуство на пробиотици побрзо ќе се апсорбираат и ќе придонесат за создавање алкална средина во организамот. Целта која треба да ја имате доколку сакате да имате здраво тело, е пред се, да се стремите кон природен баланс на вашиот организам. Доколку не можете да се изборите со стресот на секојдневното живеење, тоа што може да го направите за себе е да го смените начинот на размислување и да делувате во исхраната и вежбањето. Редовното спортување е најдобро кога претставува задоволство. Не кревајте тегови доколку тоа Ви е напорно и предизвикува стрес на вашето тело. Отидете на прошетка во природа, играјте кошарка или фудбал со пријателите. Почнете боречки вештини - никогаш не е доцна за да се почне со спорт и да се постигнат резултати. Од аспект на исхраната, најважно е да се внесува доволна количина пробиотици и витамини. Променет ум води во променето тело

Ако сакате систем кој ќе функционира на долг рок, следете ги овие едноставни правила. Хранете се, пред се, со сурова непреработена или незготвена храна во нејзината оригинална форма. Внесувајте доволно пробиотици и основните витамини и минерали. Наместо да мислите што да не јадете во текот на денот, направете листа на здрава храна која мора да ја внесете во текот на денот и носете ја на работа или спакувајте им ја на децата за училиште. Верувајте, ќе немате време да јадете брза храна. Најдете спорт кој вашето тело ќе ужива да го прави и за кратко време, ќе ги видите резултатите на вашите изменети навики. Промената на вашето тело доаѓа од промената на вашиот ум.

Во некои комбинации со цел да се потенцира позитивното дејство на пробиотиците во однос на стабилизирањето на метаболизмот, подобрување на варењето и засилување на имунитетот, пробиотиците се комбинираат со витамини од групата Б, Ц или Д, екстракти од камилица, нане и цинк (прочитај повеќе на http://www.probalans.mk).

1 view0 comments

Comments


bottom of page