50 поголемо од 100 е втор дел од прирачникот за здрав животен стил и продолжение на 50 = 100, со 50 колумни кои првично беа објавувани како Топедукатор Здравствен совет во весникот Нова Македонија и потоа се дополнети и преработени според најновите здравствени сознанија и во модерен стил: едноставно, структурирано, со јасни препораки и практични совети. 50 поголемо од 100 е практичен водич што од пациент ве прави партнер во здравјето 50 јасни, структурирани совети за да реагирате паметно, смирено и навреме, без брзи-магични решенија, туку со доказно-базирани препораки.
Comments