Што е пливачко уво и зошто доаѓа до овој здравствен проблем?
Во летниот период значајно се зголемува бројот на лица кои пливаат со што зачестуваат проблемите со ушни инфекции меѓу кои најчеста е Otitis Externa.
Otitis Externa, позната и како” пливачко уво”, претставува воспаление на надворешниот ушен канал кое е пропратено со црвенило и оток на каналот. Пливачкото уво најчесто се јавува кога во увото често се собира вода по што доаѓа до ‘’затнување на увото’’ и инфекција. Други фактори, освен повторлива изложеност на вода, се промени во притисокот и иритација на шуплината на увото. Состојбата почесто се јавува кај лица кај кои се собира поголема количина на ушна маст која што набабрува од водата и врши притисок врз кожата на каналот. Почесто е афектирано едното уво а поретко двете уши истовремено. Состојбата е релативно честа и се јавува кај еден од десет луѓе.
Кои се главните симптоми и терапијата на пливачко уво?
Симптоми кои значајно се разликуваат во зависност од степенот на инфекцијата:
· болка во увото со различен интензитет
· црвенило и оток на ушниот канал
· чешање
· чувство на затнатост во увото
· привремено намален слух
· зголемен исцедок на секрет од ушниот канал (може да варира од водлест до гноен)
· оток на лимфните јазли
· треска
Вообичаено овие симптоми се смируваат со локална терапија со капки за неколку дена. Честопати е потребно и користење на системски антибиотици, аналгетици ,препарати за намалување на отокот и др. Доколку не се реагира навремено или не се пратат лекарските совети може да дојде до комликации меѓу кои најчести се акутно воспаление на средно уво или
акутно воспаление на туба аудитива кои може да предизвикатат да перзистира проблемот и неколку недели. Важно е да не го чепкаме болното уво со прсти и предмети бидејќи оштетувањето на кожата отвара можности за дополнителен развој на бактериски инфекции.
Како да ги превенираме ушните инфекции?
· Носете капа или слушалки за пливање за пливање.
Истите го заштитуваат увото од влегување на вода и помагаат да се намали ризикот од пливачко уво.
· Отстранувајте ја водата од увото веднаш по завршувањето на пливањето.
Пребришете ги ушите со памучен пешкир со цел да ги исушите. Потоа држете ја главата настрана и благо тресете ја за да ја истресете водата.
· Избегнувајте честа употреба на слушалки во ушниот канал.
· Претпазливост при чистење на увото со памучни стапчиња.
· Во случај на изложеност на провев или силен ветер користете капа.
Comentários