Интервју со Филип Ачкоски, магистер по фармација и регионален директор на ПхармаС за Македонија, Бугарија, Албанија и Косово:
Стартувавте кампања за водење здрав живот „Немате време да бидете болни“. Зошто сметате дека е потребна ваква кампања?
Современиот човек континуирано се соочува со секојдневни фактори кои го ослабуваат неговиот имунитет. Нездравата исхрана, стресот, постојаното брзање, прекумерната употреба на антибиотици, седечкиот начин на живот и значајното аерозагадување ја намалуваат имунолошката отпорност на организмот. Сепак, добар дел од овие фактори зависат од нас. Затоа, наша цел е, преку оваа кампања, да ја подигнеме здравствената свест во поглед на правилна исхрана и соодветна физичка активност.Доколку се анализира слоганот на кампањата, првично се однесува на луѓето што работат, се активни, имаат свои бизниси. Всушност, која е популацијата што треба да конзумира пробитиоци?
Генерално, бројни научни студии ги потврдуваат здравствените придобивки од употребата на пробиотици за добро варење на храната и здравиот метаболизам (а со тоа и добриот физички изглед), за голем број стомачни проблеми и на крајот, за подобар имунитет. Во тој контекст, широка е популацијата која има потреба од конзумирање пробиотици, иако би се фокусирал на луѓето кои патуваат (пробиотик при секое патување), на пациентите кои користат антибиотици (пробиотик со секој антибиотик), како и оние на кои им е потребно засилување на имунитетот (особено во пролет и лица под стрес).
Следуваат годишни одмори и многу патувања. Подготвивте упатство „Патна аптека“ кое им го давате на граѓаните. Што им препорачувате пред да тргнат на своето патување?
Промената на климатските услови, на храната и на водата, честопати може да предизвика бројни нарушувања на дигестивниот систем: стомачни тегоби и мачнина од патување, дијареја, запек, повраќање, дехидратација и покачена телесна температура. Статистиката говори дека секој човек, на годишен одмор, просечно е болен два до два и пол дена. Затоа, многу е важно добро да се подготвиме пред патувањето и со себе да понесеме соодветни лекови, медицински заштитни материјали и медицинска козметика. Задолжително и пробиотици комбинирани со цинк и витамин б6 и/или комбинација од пробиотици и ОРС, како и лекови за намалување на зголемена телесна температура.
Одлучивте вашиот бренд ПРОБаланс да го персонализирате во ликот на Светлана Црнокрак. Зошто и како дојде до оваа соработка?
Соработката со Црнокрак дојде сосема природно.Таа е успешна жена од јавниот живот а ПРОБаланс е најдобриот пробиотик на пазарот ефикасен при бројни стомачни тегоби.Светлана е мајка на две деца а ПРОБаланс бејби капките се синоним за мајчинска грижа, здравје и раст и развој на нашите најмили. И на крај, Светлана е промотор на здравје и здрав начин на живот а ПРОБаланс ИМУНО природно го засилува вашиот имунитет. Едноставно, Светлана Црнокрак ги обединува сите овие епитети како личност и затоа е заштитно лице на брендот ПРОБаланс во Македонија.
Познати сме како „нација на антибиотици“. Што велат статистиките – колку и дали сме навикнати да користиме пробиотици?
Во здравствениот сектор сите сме свесни за штетните ефекти од претераната употреба на антибиотици и во тој контекст, отворено ги поддржуваме бројните кампањи за рационална употреба на антибиотици. Од друга страна и покрај бројните научни докази, се уште, не е задоволително нивото на информираност на лекарите и пред се, на пациентите во врска со бенефитите од употребата на пробиотиците, што секако е и една од целите на оваа кампања.
Производот има интересно име ПРОБаланс. Може ли да ја објасните генезата на овој термин?
Во буквален превод, името би значело ЗА (дигестивен) БАЛАНС. Името ПРОБаланс асоцира на главната причина поради која се користат пробиотиците (корисните бактерии) воопшто. Имено, антибиотиците, нездравата исхрана, стресот, промената на храната и водата придонесуваат за уништување на корисните бактерии во организмот, т.е. предизвикуваат дисбаланс кој води до стомачни тегоби како дијареа, запек, киселини, надуеност и друго. Затоа е важно да се внесуваат пробиотици кои би го вратиле дигестивниот баланс и на тој начин, по природен пат би ги елиминирале наведените тегоби.
Comments