top of page
Топ Едукатор проект

Период: Мај 2018-

Топ Едукатор е едукативна платформа со цел  да ја подигне здравствената свест и да ги унапреди професионалците. Во време кога информациите се лесно достапни, но често непроверени и збунувачки, Топ Едукатор нуди стручен, проверен и практичен пристап преку повеќе комуникациски канали:

📺 ТВ емисии

📰 Пишани медиуми

📱 Дигитални канали и социјални мрежи

📖 Организирани едукации и настани

Едукациите се засновани на наука и искуство и се насчени кон:

✅ Правилно справување со најчестите здравствени проблеми

✅ Изградба на долгорочно одржливи здрави навики

✅ Унапредување на маркетинг и продажни техники

✅ Унапредување на менаџмент и лидерски техники

LES_0213.JPG
Кампања „Патот до многу петки“:

 Период: 10,2017- 03,2018

Целна група: родители и деца во претшколска возраст

 Цел - едукација на родителите и малите деца за важноста од:

- адекватна поддршка на раниот развој на секое дете

  • едукација за начините на подобрување и јакнење на имунитетот

  • подготовка за процесот на учење кај предшколските дечиња

http://pharmanews.mk/zavrshi-proektot-patot-mnogu-petki/  

LES_0213.JPG
 Kампања „Хранете се здраво за детство среќно и убаво“

Период: 09,2016- 11,2016

Целна група: родители и деца во претшколска возраст и рана школска вораст

Цел - едукација на родителите и малите деца за важноста од:

- здрава исхрана

- одржување на имунитетот

- физичка активност на отворено

https://faktor.mk/-uspeshno-zavrshi-kampanjata-hranete-se-zdravo-za-detstvo-srekjno-i-ubavo-

LES_0213.JPG
Книга 50=100

Период: Септември 2020

Како дел од проектот Топ Едукатор во периодот Септември 2018- Август 2019 излегуваше кколумна под називот Совет во среда на специјализираниот здравствен портал www.pharmanews.mk.

Со цел да дадеме дополнителен придонес во градење на едуцирани пациенти одлучивме 50те колумни напишани во овој период да бидат издадени во книгата 50=100 и да служат како практично здравствено четиво за целото семејство.

Добро едуцираниот пациент работи на подигнување на своето здравје постојано и разбира дека најголем дел од болестите се одраз на несоодветна исхрана, хигиена, животен стил и пад на имунитетот и знае кога треба да го суплементира организмот со додатоци во исхраната.

Добро едуцираниот пациент е бенефит за сите: го штеди своето време, своето здравје и целиот здравствен систем бидејќи не оди на лекар за секоја настинка, течење нос, дијареа, запек или покачена температура, и на тој начин се остава повеќе простор за дијагноза и третман на оние пациенти со посериозни здравствени проблеми.

LES_0123_edited_edited.jpg
Кампања за борба против несоницата преку одбележување на светската недела на сонот

 Период 17-24,03-2017

Цел:  

- информирање на граѓаните за штетните последици од недоволното спиење

- едукација на пациентите за важноста од квалитетен сон како потреба и основа на здравјето

http://pharmanews.mk/se-odbelezhuva-svetskata-nedela-na-sonot/

LES_0213.JPG
Кампања за водење здрав живот - „Немате време да бидете болни

Период Април – Јуни 2016

Цел -  едукација на граѓаните за потребата од:

- континуирано водење здрав живот

- здрава исхрана

- спортски активности

- придобивки од употребата на пробиотиците

http://pharmanews.mk/zavrshi-kampanjata-nemate-vreme-da-bidete-bolni/

 

 

LES_0213.JPG
bottom of page