успешни совети за твојата најдобра верзија
менаџмент здравствена едукација мотивација
Подгответе го имунитетот на Вашите деца за новата училишна година!
Секој септември иста приказна – уште по првите 2 недели во градинка или училиште половина деца се веќе болни и отсуствуваат од настава. И повторно се отвара магичниот круг кој е кошмар на секој родител: растечен нос, кашлање, температура и страв од бронхит или воспаление на ушите. Деца како деца – додека ги опоравиме повторно се разболеле!?! Но дали навистина сме преземале се што е во наши раце? Мали трикови за добар детски имунитет:
-
Утрата се веќе постудени а попладнињата топли: внимавајте на облекувањето и обезбедете облека и со долги и со кратки ракави за децата!
-
Внимавајте на личната хигиена и правилното миење раце!
-
Наместо брза храна, ужината на детето нека биде интегрални житарки со овошје!
-
2 недели пред почетокот на училишната година започнете со засилување на имунитетот на децата со витамин Ц, Витамин Д, рибино масло, пробиотици и бета глукани! Ако не сте започнале сеуште – почнете уште денес и користете во континуитет најмалку 3 месеци;
-
Септемвриското сонце е здравје! Користете ги попладнињата и викендите за активности на отворено со децата. Ако можете одете на викенд на планина, езеро или море – сеуште е лето!
-
Ако сепак детето има симптоми на болест – не го носете во училиште или градинка. Болеста може да се влоши!
Кога да се посомневаме на инфекција со хеликобактер!
Helicobacter pylori инфекција- најчеста причина за гастритис и чир и ризик фактор за појава на малигни болести на желудникот!
Повеќето од нас слушнале за хеликобактер или имале пријател или член на семејството кој се борел со оваа бактерија! Но дали знаеме зошто е важно да се третираинфекцијата со Helicobacter pylori и кога да се посомневаме на нејзино зголемено присуство во нашиот желудник?
„Хеликобактер е подмолна бактерија која предизвикува зголемено лачење на желудочна киселина, а има способност да преживее во желудникот.“
Helicobacter pylori е подмолна бактерија која има способност да преживее во киселата средина на желудникот и да се насели на гастричната слузница. Предизвикува зголемено лачење на желудочна киселина и доколку не се третира навремено може да дојде до посериозни компликации како:
-
Гастричен или доуденален чир
-
Аденокарцином на желудник
-
Non-Hodgkin’s-ов лимфом на желудникот
Затоа побарајте помош од лекар и направете тест за хеликобактер ако секојдневно (или повремено во тек на 2-4 недели) се соочувате со некој од следниве симптоми:
-
Желудечна болка
-
Жарење и печење во пределот на желудникот
-
Киселини
-
Надуеност и чувство на брзо заситување
-
Гадење и повраќање
Запомнете: Здравствените симптоми кои перзистираат не смеат да се занемаруваат! Повеќето болести може успешно да се третираат ако се откријат во рана фаза, а тоа често зависи од самите нас!
Балансирана исхрана – важен фактор за правилен раст и развој на Вашите деца
Хранењето и здравата исхрана е процес кој се учи цел живот!
Хранењето и здравата исхрана е процес кој се учи цел живот. Без дилеми, предизвик е во едно брзо и динамично време, да се задржат здравите прехранбени навики. Сепак кога се нашите најмили во прашање неопходно е да се најде време за домашно подготовена храната, бидејќи резултатите од ваквиот начин на исхрана се секогаш забележителни.
„Недоволни количини на соодветни хранливи материи во детството, може да доведе до несакани ефекти во растот и развојот“
Раното детство е период на интензивен раст и развој, но и најранлив период во животот на човекот. Недостатокот на одредени хранливи материи во детството, може да доведе до несакани ефекти во растот и развојот. Здрава и балансирана исхрана подразбира користење на прехранбени производи кои ги задоволуваат енергетските потреби на детскиот организам, но и обезбедуваат хармоничен раст и развој како и изградба на детскиот имунитет!
Практични совети: Што треба да воведете во исхраната на Вашите деца:
-
Интегрални житарки 3-4 пати на ден. Кај возрасната група од 4 до 6 години 50% од лебот треба да биде од интегрално брашно или со интегрални житарки. Оваа група производи обезбедува внес на јаглени хидрати, минерали и витамини од групата Б,
-
Секојдневна консумација на свеж сезонски зеленчук и овошје, во количини од 300-400 грама. Овошјето и зеленчукот се основен извор на витамин Ц и цинк кои се клучни за имунитетот на детето а освен тоа спречуваат и појава на дебелина кај децата,
-
Секојдневна консумација на полномасно млеко и млечни производи, најмалку 300-350 мл кисело, пресно млеко и/или јогурт и 25-30 грама сирење/кашкавал. Млечните производи се најдобриот извор на лесно искористлив калциум, кој е важен за развојот на коските,
-
Користење на посни меса (јунешко, пилешко) до 3 пати неделно, јајца 3 пати неделно како и свежа риба 1-2 пати неделно. Месото е клучен снабдувач на организмот со протеини но и железо со што се спречува железодефициентната анемија која е сериозен проблем кај оваа возрасна група,
-
Обезбедете им на децата доволен внес на вода и течности, 5 до 6 чаши на ден! Недоволен внес на вода носи до дехидратација која се манифестира со: намалена умствена и физичка активност, намалена концентрација и внимание, замор, главоболка и зголемена телесна температура,
-
Ограничете го внесот на животинските масти, а при подготовката на храната пожелно е користење на растителни масла (ладно цедено маслиново масло),
-
Ограничете го внесот на шеќер, слатки како и безалкохолните пијалоци полни со шеќер. Слатките се штетни за забите и желудникот и се причина за зголемена телесна тежина кај децата,
-
Ограничете го внесот на сол при подготовката на храната. Солта ја зголемува загубата на калциум од коските, ја нарушува функцијата на бубрезите и создава ризик за покачување на крвниот притисок во подоцнежниот период од животот!
Останете здрави оваа есен – засилете го Вашиот имунитет!
Практични совети за добар имунитет!
Есента веќе ни донесе ветровити денови, ниски утрински температури и зголемено загадување на воздухот. На ова се надоврзува и намалена физичка активност како и се подолгото време кое го поминуваме во затворен простор во овој период од годината. Овие фактори, во комбинација со стресот и заморот на работа, како и несоодветната исхрана и недоволна хигиена, ја намалуваат имунолошката отпорноста на организмот и овозможуваат појава на се почести настинки, грип и други инфекции на респираторниот систем. За нивен третман често користиме разни антибиотици, понекогаш и на своја рака или подолготрајно, кои од своја страна силно ја нарушуваат цревната микрофлора, која е чувар на нашето здравје и така влегуваме во маѓепсан круг на намален имунитет!
Најважни показатели за нарушување на имунитетот:
-
Ниско ниво на енергија, незаинтересираност, раздразливост и поспаност;
-
Намален осет за вкус и мирис, обложен јазик, болки во грлото и отежнато голтање на храна;
-
Отежнато дишење, затнат нос, секрет од нос;
-
Главоболка, вртоглавици, покачена температура;
Како да го засилиме нашиот имунитет:
-
Добра хигиена и темелно миење на рацете со антибактериски сапуни;
-
Негување на епителот на дишни патишта со промивање со изотоничен спреј на NaCL и пред се избегнување на простории во кои се пуши;
-
Секојдневен внес на свежо сезонско овошје и зеленчук (јаболки, круши, грозје, портокал …);
-
Редовен внес на пробиотици кои го чуваат интегритетот на најголемиот имунолошки орган во телото – нашиот дигестивен систем. Специјализирани пробиотици вршат директна стимулација на создавање на антитела и овозможуваат подобар имун одговор;
-
Секојдневен внес на на Витамин Ц – во дози од 200мг дневно и повеќе. Витамин Ц има силно антиоксидативно дејство, ги неутрализира штетните дејства на слободните радикали и го намалува заморот и исцрпеноста;
-
Редовен внес на олигоелементот Цинк – во дози од 10мг дневно. Цинкот придонесува за нормалниот киселинско-базен метаболизам, ги штити клетките од оксидативен стрес и учествува во изградбата на лимфоцитите со што директно го засилува имунолошкиот систем;
-
Немојте да користите антибиотици на своја рака! Антибиотиците не се ефикасни при настинка, грип и вирусни инфекции, туку само ја нарушуваат дигестивната микрофлора и го ослабуваат вашиот имунитет;
-
Не земајте средства за намалување на телесната температура под 38°C! Лесно покачената телесна температура е знак на имун одговор на вашиот организам а од друга страна помага и за убивање на дел од присутните патогени.
Како да ја спречиме опстипацијата или да ги намалиме непријатните симптоми!
Запекот погодува дури 30% од популацијата а најпогодени се жените и постарите лица.
„Опстипацијата е состојба која може значително да го наруши квалитетот на нашиот живот.“
Во есенскиот период редовно доаѓа до промени во нашиот животен стил, од една страна исхраната станува цврста, масна и тешка а од друга страна се намалува физичката активност. Една од последиците на овие наши навики е секако и проблемот со т.н. опстипација или народски кажано запек кој подразбира намалена фреквенција на празнење на цревата и/или отежната дефекација. Опстипацијата е состојба која може значително да го наруши квалитетот на нашиот живот и може да донесе сериозни компликации како хемороиди па дури и потреба за итна хируршка интервенција. Запекот погодува дури 30% од популацијата а најпогодени се жените и постарите лица.
Најчести причини за појава на запек се:
-
Внесување на премалку течности и растителни влакна во исхраната при што не се создава столица со нормална конзистенција;
-
Секојдневна конзумација на брза храна со лош квалитет и недоволно течна храна;
-
Седечки начин на живот / Недоволна физичка активност;
-
Игнорирање на потребата за празнење на цревата или одложување на празнењето;
-
Стрес и анксиозност;
-
Користење на одредени лекови (опиоиди, калциум антагонисти, неуролептици, антидепресиви, лекови за Паркинсонова болест).
-
Симптоми:
-
Сува и цврста столица;
-
Нередовно, нецелосно и тешко празнење цревата;
-
Надуеност, стомачни грчеви и стомачна болка.
-
Како да ја спречиме опстипацијата или да ги намалиме непријатните симптоми:
-
Балансирана исхрана богата со растителни влакна (25 до 30 грама влакна дневно) – редовна консумација на интегрални житарки, свежо овошје и зеленчук;
-
Одржување на соодветен внес на течности бидејќи соодветната хидратација овозможува столицата да има добра конзистенција. Идеално е да пиеме, 10 до 12 чаши течност дневно;
-
Редовна физичка активност – лесни прошетки од 30 минути барем 3 пати неделно;
-
„Tренинг“ за секоjдневна редовна дефекација (на пр.после појадок);
-
Повремена употреба на пробиотски препарати кои ја стабилизираат цревната микрофлора и помагаат во регулацијата на варењето на храната.
Доколку овие мерки не вродат со плод се препорачува употреба на дополнителни лекови или додатоци во исхраната т.н. лаксативи со кои се стабилизира столицата.
Најбезбедни се тн. осмотски лаксативи (пр. лактулоза) кои го зголемуваат волуменот на столицата и механички го чистат цревото, а немаат несакани ефекти кои се карактеристични за хемиските (иритативни) лаксативи (грчеви, стомачна болка и навикнување)
Како да се превенираат и намалат проблемите поврзани со спиењето?
Неквалитетното ноќно спиење -причина за многу здравствени проблеми!
Во есенско – зимските месеци, количината на сончеви зраци е значајно помала, деновите се кратки и сиви и често сме лошо расположени. Во овој период кај многу од нас доаѓа до нарушување на нормалната секреција на мелатонин (хормонот одговорен за спиење) поради што чувствуваме поспаност во текот на денот и несоница во текот на ноќта. За жал луѓето се повеќе го запоставуваат фактот за круцијалното значење на сонот по однос на нашето здравје. Давајќи приоритет на нештата кои го преокупираат нашето секојдневие и живот доаѓаме во фаза на неквалитетно ноќно спиење кое е причина за многу здравствени проблеми.
Како да препознаеме дека имаме проблеми со спиењето?
Иако проблемот со неспиење е лесно воочлив за секој човек сепак инцидентни епизоди на лош сон не треба да не загрижуваат. Можеме да зборуваме за проблем со несоница доколку пациентот има еден или повеќе од следниве проблеми:
-
Потребно подолго време за заспивање од 30 минути;
-
Будење во текот на ноќта повеќе од 3 пати;
-
Рано будење без можност повторно да се заспие;
-
Спиење помалку од 6 часа;
-
Слаб квалитет на спиењето;
-
Постоење на дневна поспаност, замор, напнатост, раздразливост, потешкотии во концентрацијата;
-
Нарушена способност за извршување на нормалните активности;
-
Анксиозност пред спиење.
Кои се најчести причини и ризик фактори за појава на несоница?
Бројни се факторите кои влијаат на нашиот сон и многу често причините за несоница лежат токму во нашиот животен стил:
-
Прекумерна употреба на стимуланси: кофеин (кафе, чај, енергетски пијалоци), никотин (цигари), алкохол, други стимулатори (кокаин, амфетамин, арипипразол);
-
Стрес, страв, динамичен стил на живот, работа во ноќни смени;
-
Хормонални промени (ПМС, климакс, хипертироидеа);
-
Психјатриски заболувања (Биполарни заболувања, депресија, ПТСР, ГАР, АДХД, Деменција, Шизофренија). Над 50% од сите несоници отпаѓаат на психијатриски болести;
-
Други заболувања и болка.

Со цел да се подобри квалитетот на нашиот сон во прв план е важно да имаме соодветен хигиенодиететски режим:
-
Одење на спиење во одредено време;
-
Укинување на попладневно спиење;
-
Да се избегнува кафе, кока кола, руски чај, енергетски пијалоци, цигари и прекумерна употреба на алкохол пред спиење;
-
Да се спие во мирна соба, удобна постела, темна просторија;
-
Програми на вежбање – придржување до извесен план на вежбање, придонесува за попуштање на напнатоста и враќање на самодовербата;
-
Да не се вежба најмалку 2 часа пред спиење;
-
Да не се користат електронски уреди пред спиење (ТВ, лап топ, таблет, PC, мобилен);
-
Наместо тоа да се прочита книга или да се слуша релаксирачка музика.
Доколку промените во животниот стил не ги дадат саканите резултати може да примениме и природни продукти, најдобро на база на мелатонин (во количина од 1-5мг) и/или растителни екстракти од валеријана и маточина кои помагаат за смирување и полесно паѓање во мирен целовечерен сон.
Живот со Дијабетес мелитус
(шеќерна болест)
Како да се грижите за себе ако имате дијабет тип 2?
Дијабетес мелитус (ДМ=шеќерна болест) е метаболно пореметување кое се карактеризира со хипергликемија (покачени вредности на шеќер во крвта) која е резултат на пореметување во секрецијата на инсулинот, на неговото делување или на двете причини. Дијагнозата за дијабет е поставена доколку концентрација на глукоза во плазма на гладно >7.0 mmol/l. Најчест е тн. тип 2 дијабетес кој е инсулин независен и го имаат 90% од пациентите со шекерна болест. Хроничната хипергликемија предизвикува оштетувања на поедини органи, посебно очите, црниот дроб, периферениот нервен систем и кардиоваскуларниот систем и затоа е важно соодветно да се контролира.
Ризик фактори за развој на ДМ тип 2
-
Возраст > 45 години;
-
Дебелина (BMI > 27);
-
Позитивна фамилијарна анамнеза – генетски предиспозиции (второ колено);
-
Позитивна анамнеза на гестациски (при бременост) ДМ или раѓање на дете > 4 kg;
-
Хипертензија, дислипидемија;
-
Животен стил (физичка неактивност, пушење, алкохол, конзумација на масти).
Како да ги препознаеме првите знаци на ДМ тип 2:
-
Често мокрење;
-
Глад;
-
Жед;
-
Заматен поглед;
-
Сува и иритирана кожа;
-
Зголемен број на кожни инфекции (Staphylococcus);
-
Зголемен број на габични инфекци (Candida);
-
Замор, потреба за спиење, депресија, слабост.
Како да се грижите за себе ако имате дијабет тип 2:
1. Редовни лекарски контроли:
-
Самоконтрола на глукоза во крвта – Целта е количеството на глукоза во крвта да се одржува во нормални граници: 4-8 mmol/l;
-
Мерење на крвен притисок (одржување во граници до 135/90 mmHG);
-
Мерење на телесна тежина (целта е да се намали ако е BMI > 27);
-
Проверка на стапалата на секои 6 месеци (ризик од дијабетчко стопало);
-
Контрола на крвта на фактор HbA1 на секои 6-12 месеци;
-
Проверка на холестерол (ХДЛ/ЛДЛ) и триглицериди на секои 12 месеци;
-
Проверка на бубрезите на секои 12 месеци (серумски креатинин, уринарна албуминска секреција);
-
Проверка на видот на секои 12-24 месеци.
2. Здрав режим на исхрана
-
Оброците треба да се конзумираат редовно во исто време, особено ако пациентот прима терапија;
-
Оброците треба да се базираат на храна богата со растителни влакна (интегрален леб, овошје, зеленчук, жито, мешункасти плодови);
-
Масти и масла треба умерено да се конзумираат а да се избегнуваат заситени масти (пржена храна, сувомесни производи, масно месо, чипс);
-
Да се избегнува артикли во кои е додаден шеќер (бонбони, газирани пијалоци, чоколади, торти, бисквити);
-
Алкохол да се избегнува или ограничи на 1-2 единици дневно (1 чаша пиво – 285 мл, 1 чаша вино 120мл, 1 чаша жесток алкохол 30мл);
-
Намалени количини на сол.
3. Правилен режим на вежбање и физичка активност (најмалку 3 пати неделно по 30 минути)
4. Откажување од пушење
5. Почитување на препишаната терапија од лекар
„Хипогликемија е состојба кога има пад на концентрацијата на глукоза во крвта под 4 mmol/l.“
Во некои случаи (премногу лекови, недоволна исхрана, претерана физичка активност) може пациентите да паднат во тн. хипогликемија – пад на концентрацијата на глукоза во крвта под 4 mmol/l. Хипогликемиските пациенти имаат симптоми на: треперење, потење, бледило, палпитација, глад, замор, губење сила, вртоглавица, замаглен вид, поспаност, тетеравење па дури и несвестица. Во ваква ситуација пациентот треба брзо да внесе: три кафени лажичиња шеќер или мед, или половина чаша газиран или овошен сок. Потоа уште еден оброк со храна богата со јаглехидрати: 1 парче овошје, 1 парче леб или 2 обични бисквити.
На крајот но можеби и најважно за превенирање на шеќерната болест е воведување на систем на здрава исхрана и физичка активност уште од најраното детство. Предучилишниот период е клучен за изградба на здрави навики а преку едукација и примена на балансирана исхрана можеме да го воведеме младиот организам во здрав животен стил и на тој начин да ги минимизираме ризик факторите за заболувања подоцна во животот!
Како да изградиме/одржиме идеална фигура во зимскиот период?
Тренинг во зимскиот период- предизвик или задоволство?!?
Деновиве температурите паднаа под нулата и веќе се чувствува доаѓањето на зимата. Дополнително на студеното време, денот е краток а загадувањето во градските средини е високо, практично насекаде, што значително ни ги намалува опциите за тренинг на отворено. Од друга страна популарниот кардио тренинг е особено важен за топење на мастите а во овој претпразничен период на годината и онака го оптеретуваме организмот со масна храна и зголемен внес на алкохол. Во ваква ситуација одржувањето на добра форма делува како невозможна мисија но дали е навистина така?
Тренинг во зимскиот период – предизвик или задоволство?!
Кратки практични совети за правилно вежбање во зимскиот период:
-
Избегнувајте вежбање на отворено рано наутро и доцна навечер! Студениот воздух може да придонесе за намалување на имунитетот и разболување при што критични точки се носот, устата, главата и нозете. Легнување во кревет речиси сигурно ќе придонесе за пад на вашата физичка форма;
-
Избегнувајте вежбање на отворено во градските средини или во близина на фрекфентни патишта. Високото загадување и издувните гасови од автомобилите се штетни за вашиот респираторен систем и може да бидат тригер на бројни инфективни заболувања и алергии;
-
Фитнес/Јога центрите се добра варијанта во зима. Одвоете време за барем 3 тренинга неделно од најмалку 45 минути;
-
Ако спортувате со топка (кошарка, фудбал, тенис) обидете се да имате барем 2 термини во сала од најмалку 1 час неделно. Тие ќе ви овозможат соодветно потење и одржување на телесната тежина;
-
Користете ги сите можности за посета на спа центрите. Комбинацијата на базен (хидротерапија) и сауна 1 неделно, е идеална за детосикација, топење на мастите и подигнување на вашиот имунитет.
Колку и да чувствувате дека не ви се вежба не заборавајте – Витко тело за на плажа се прави во зима!
Нездрав животен стил:
Дебелина = Триглицериди! Има ли излез од овој магичен круг?
Променете го Вашето мени и навиките во исхраната. Јадете помали оброци 3-5 пати на ден.
Крај е на јануари а повеќе месечното претерување со храна и алкохол како и долгите часови поминати во „хоризонтала“ веќе го земаат својот данок. Вагата покажува 3-4 килограми плус, образите ни се полни и заоблени а околу стомакот веќе се појавиле популарните „мишелинки“. Ако се препознавате во овој опис вас можеби е право време да направите крвна слика и контрола на вредноста на вашите масти бидејќи покачените масти се носат влошување на вашето здравје а пред се водат до појава на: атеросклероза која го зголемува ризикот од срцев удар, мозочен удар и други кардиоваскуларни заболувања.
Во денешниот здравствен совет сакам да обрнам внимание на триглицеридите и нивната поврзаност со нездравиот животен стил.
Триглицеридите се прости масти, кои ги има во храната која секојдневно ја консумираме. Кога јадеме, вишокот калории кои телото не ги користи веднаш, ги претвора во триглицериди. Триглицеридите се складираат во масните клетки во телото (пред се околу стомакот), во случај да му бидат потребни подоцна, при дефицит на храна. Триглицеридите кога се во нормални граници се корисни како примарен чувар на енергија во телото, ги обвиваат и штитат органите но и учествуваат во апсорпцијата и транспортот на витамини растворливи во масти (А, Д, Е, К)
Доколку вредноста на триглицеридите во крвта е над 1,7 ммол/л зборуваме за триглицеридемија (покачени триглицериди)
Кои се ризик фактори за покачени триглицериди?
-
Неправилна исхрана т.е. исхрана богата со масти посебно од животинско потекло, а сиромашна со овошје, зеленчук и интегрални житарици;
-
Дебелина, особено во пределот на стомакот;
-
Често прејадување – внесување повеќе калории отколку што се трошат;
-
Седечки начин на живот и физичка неактивност кои водат до намален метаболизам и прекумерна тежина;
-
Стрес и нередовен живот;
-
Прекумерно консумирање алкохол и цигари;
-
Одредени заболувања: неконтролиран дијабет, хипотироидизам (намалена функција на штитната жлезда), бубрежни и црнодробни заболувања;
-
Генетски фактори;
Какви промени во животниот стил треба да се преземат за да се намали нивото на триглицериди во крвта?
Одржувајте здрава тежина и БМИ (body mass index)
-
За мажи: Тежина = Висина – 100
-
За жени: Тежина = Висина – 110
Вредноста на БМИ е однос помеѓу вашата висина и тежина и треба да изнесува помеѓу: 18,5 – 24,9. Секое намалување на телесната тежина за 5% или повеќе значајно го намалува нивото на триглицериди во крвта. За таа цел треба да се ограничи бројот на внесени калории (за жени до околу 2000 калории на ден а за мажи до околу 3000 калории на ден). Намалување на внесот на калории за 300-500 дневно ќе придонесе до редукција на вашата телесна тежина.
Променете го вашето мени и навиките во исхраната. Јадете помали оброци 3-5 пати на ден.
-
Исклучете ги од исхраната:
-
заситените масти (маргарин, месни приправки, пржена храна);
-
слатки, колачи,торти, газирани сокови и сите производи со нерафиниран шеќер;
-
бел леб и пецива.
-
-
Наместо тоа вклучете во вашите оброци:
-
интегрални житарки
-
свежо овошје и зеленчук (300-400г дневно)
-
повеќе вода (2-3л дневно)
-
риба – 2 пати неделно (лосос, сардини, пастрмка) – богата е со омега 3 масни киселини кои ги намалуваат триглицеридите
-
Редовна физичка активност – најмалку 30 минути секој ден. Физичката активност го забрзува метаболизмот и помага за контрола и намалување на телесната тежина и нивото на масти во крвта.
Престанок на пушење на цигари и редукција на внес на алкохол до минимум. Редовен внес на цигари и алкохол значајно ги зголемува вредностите на триглицеридите.
Редовно внесувајте пробиотици- го стабилизираат метаболизмот и го помагаат здравото варење на храната и на тој начин благотворно делуваат на здравјето на личноста со прекумерна телесна тежина.
Корисни се и додатоци во исхрана богати со црвен ориз, артичока, Омега 3 и коензим Q10, бидејќи на природен начин го намалуваат нивото на масти во крвта и воопшто придонесуваат за подобро кардиоваскуларно здравје.
Бебешки грчеви – како да ги препознаеме и како да ги спречиме!
Инфантилни колики – најчеста причина за непроспиени ноќи кај младите родители!
Новиот член во семејството редовно носи неизмерна радост и дополнителна животна енергија. Сепак уште од денот на раѓањето на бебињата (особено првите) драматично се менува животот на родителите и неминовни се бројни ситуации на загриженост за здавјето на детето. Една од најчестите причини за непроспиени ноќи кај родителите се бебешките грчеви. Коликите се појавуваат кај околу 30% од децата, обично после втората недела и траат некаде до крајот на третиот месец но кај некои бебиња и до шестиот месец. Коликите се почести кај деца кои се хранат со вештачко млеко!
Зошто настануваат инфантилните колики?
-
Неразвиен ензимски систем за варење на храната кај бебињата;
-
Неправилно доење (ако бебето голта воздух) или прејадување;
-
Нездрава храна на мајката (сувомесни производи, газирани пијалоци, грав, зелка, пушење);
-
Интолеранција на лактоза.
Како да ги препознаеме бебшките грчеви?
-
Интензивен и неутешен плач кој е проследен со грчеви на лицето, грчење на нозете и испуштање на гасови;
-
Бебето ги трие нозете, ги стега прстите, го свиткува грбот, поцрвенува во лицето, ги повлекува нозете кон градите и ги турка од нив при што ги исфрлува гасовите;
-
Гласното и долготрајно плачење трае повеќе часови, неколку дена во неделата;
-
Вообичаен период на плачење е од 6 часот попладне до полноќ;
-
Бебето плаче веднаш после хранењето.
Како да му помогнеме на бебето при грчеви?
-
При секое доење да се отстрани воздухот со подждригнување (нежно тапкање по пелените и грбот) и со масажа на стомакот;
-
Помага и доколку се ставаат млаки облоги на стомачето на бебето;
-
Користете пробиотици од видот Lactobacillus reuteri во форма на капки;
-
И најважно од се: правилна исхрана на мајката која дои:
-
Да се внесува: големи количества на овошје и зеленчук, како и супи од зеленчук и месо.
-
Да се избегнува: тешка храна (грав, варена зелка), сувомеснати производи и друга храна која во себе содржи конзерванси и адитиви.
-
Како до здрава бременост и здраво бебе!
Клучни витамини и минерали за време на бременост и доење!
Бременоста е специфичен период во кој женскиот организам претрпува значајна промена. Затоа, во овој период особено е важна правилна и балансирана исхрана, со цел телото на жената да биде во состојба да одговори на потребите во периодот на раст и развој на бебето.
„Со нормална исхрана не може да се гарантира доволен внес на клучните витамини и минерали во потребните количини.“
Во ваква ситуација бремените жени, како и оние кои планираат бременост честопати се наоѓаат во дилема дали, колку долго и кои витамински суплементи да ги користат. Имајќи во предвид дека со вообичаена исхрана не можеме да го гарантираме внесот на клучните витамини и минерали во количините потребни. За овој период постои консензус меѓу здравствените работници дека одредени витамини и минерали треба дополнително да се внесуваат, особено во периодот на бременост и доење.
Листа на клучни витамини и минерали за време на бременост и доење:
-
Фолна киселина – Важнa за соодветна подготовка на телото на жените за зачнување, но исто така и за правилен раст и развој на фетусот. Препорачаната дневна доза од 400 ug, бремените жени и жените кои планираат бременост треба да ја внесуваат во т.н. активен облик, бидејќи во спротивно телото не може да ја користи.
-
Железо и витамин Ц – Железото е важен минерал за спречување на појава на анемија. Со оглед на неговиот непријатен вкус особено е важно да биде во обложена (микроенкапсулирана) форма која не остава метален вкус во устата и не предизвикува гадење. За соодветна апсорпција на железо неопходно е да се консумира заедно со Витамин Ц кој создава потребна кисела средина.
-
Магнезиум и цинк – Магнезиумот е значаен минерал кој спречува мускулна слабост и грчеви. Дневните потреби на трудниците се 400 мг магнезиум. Цинкот од своја страна е клучен за имунитетот и се препорачува внес од 10 мг на ден.
-
Калциум и витамин Д – Калциумот кај бремените жени е клучен за развој на коскеното ткиво на плодот и да се сочуваат мајчините коски од мобилизација на калциумот од нив. Витаминот Д помага за вградување на калциумот во коските и треба да се суплементира особено доколку бременоста се одвива во текот период октомври – април, бидејќи синтезата на витамин Д во голема мера зависи од сонцето.
Цистит – како да го препознаеме, да ги намалиме непријатните симптоми и да спречиме повторна појава!
Две третини од жените имаат цистит барем еднаш во животот !?!
Уринарните инфекции се честа причина за посета на лекар, особено кај женската популација. Најчеста уринарна инфекција е т.н. цистит, при што речиси две третини од жените имаат цистит барем еднаш во животот. Циститот е најчест кај сексуално активните жени на возраст од 20 до 50 години, а дури во 25% од случаите инфекцијата се повторува. Заболените во просек имаат симптоми во тек на 6 дена, а 2½ дена имаат ограничена физичка активност и често отсуствуваат од работа!
Ризик фактори:
-
Преладување – температурната иритација на мочниот меур често доведува до симптоми на цистит;
-
Стрес и/или пад на имунитетот – се олеснува пристапот на бактериите, кои се секогаш присутни во непосредна близина околу устата на уретрата;
-
Сексуално преносливи патогени – затоа користете физичка заштита (кондом) и мокрете после сексуален однос;
-
Вметнување на инструменти на уринарниот тракт на пример при катетеризација или цистоскопија;
-
Постара возраст поради: БПХ (мажи), уринарна инконтиненција, слаба подвижност или други состојби при кои нецелосно се празни мочниот меур;
-
Бременост и дијабетес.
Како да го препознаеме?
Пациентите најчесто се жалат на:
-
Болка при мокрење кои оди доста тешко (честопати пациентите велат „само неколку капки“);
-
Печење при мокрење, неколку капки крв се појавуваат на крајот на мокрењето;
-
Итност при мокрење;
-
Болка или грчеви во долниот дел на стомакот веднаш над срамната коска.
Како се лекува?
Најважно е да спроведеме соодветен хигиенодиететски режим:
-
Внесување на најмалку 2 литра вода дневно
-
Почесто празнење на мочниот меур со целосна мускулна масажа
-
Мокрење по секој полов однос
-
Хигиенско бришење (од напред према назад),
Корисни може да бидат и додатоци во исхрана на база на Д-Маноза во доза од 2г (најдобро во комбинација со пробиотици) бидејќи ја намалуваат концентрацијата на E. coli кој е најчест причинител на цистит (90%).
И на крај секако по потреба антимикробна терапија препишана од лекар со цел:
-
Исчезнување на клинички симптоми;
-
Искоренување на инфекцијата.
Како да го подобриме квалитетот на живот во менопауза и да ги превенираме последичните заболувања?
Менопаузата е сосема природна, физиолошка појава која носи значајни промени во животот и однесувањето на жената.
Менопауза е процес кој обично настанува помеѓу 45-55 година од животот на жената и претставува последна менструација во животот. Менопаузата се дијагностицира кога една жена 12 последователни месеци е без менструација. Престанокот на менструалните крварења е последица на недостаток на естрогени при што јајниците престануваат со овулација.
Менопаузата е сосема природна, физиолошка појава која не може да се избегне но, со оглед на тоа што носи значајни промени во животот и однесувањето на жената, важно е да ја препознаеме навреме и да преземеме соодветни чекори за минимизирање на непријатните ефекти.
Симптоми на менопауза
Намаленото ниво на естроген во овој период може да предизвика голем број на вазомоторни и психолошки симптоми:
-
Топли бранови;
-
Напади на црвенило на лицето и вратот;
-
Зголемено потење;
-
Несоница;
-
Нагли промени на расположението (апатија, раздразливост, анксиозност, плачливост, депресија);
-
Главоболка;
Последици од менопаузата
Во периодот после менопаузата (пост менопауза) како резултат на отсуството на естрогени може да дојде и до позначајни нарушувања на здравјето:
-
Покачување на на холестерол и крвниот притисок;
-
Остеопороза;
-
Сувост на кожа и мукозни мембрани;
-
Слабеење на мозочна функција;
-
Уринарна инконтиненција;
-
Рак на дојка.

Заради непријатноста на менопаузалните симптоми (кај некои жени поизразено а кај други помалку непријатни) и особено заради зголемениот ризик од подоцнежни заболувања, жените во менопауза и пост менопауза е корисно е да вклучат во секојдневната исхрана одредени додатоци:
-
Изофлавони (најдобро од Црвена детелина) Ленено семе и Анѓелика – Го ублажуваат интензитетот и зачестеноста на: топлите бранови, прекумерното потење и срцебиење;
-
Б-Витамини – придонесуваат за намалување на заморот и исцрпеноста;
-
Валеријана и Мелатонин – помагаат за смирување и овозможуваат квалитетен целовечерен сон.
Иако менопаузата е сеуште во многу семејства табу тема особено е важно да се дискутира за неа како за нормална појава но и да се преземат соодветни чекори кои од една страна ќе го заштитат здравјето на жената а од друга страна ќе го зголемат квалитетот на нејзиниот живот!
Какви промени во животниот стил се препорачуваат за да се намали нивото на масти во крвта?
Во случај на недоволен успех со промената на животниот стил корисно е да се вклучат додатоци во исхраната најдобро на база на комбинација од црвен ориз и артичока.
Во контекст на сезоната на „слави“, „имендени“ и претпразничните прослави кои следат би сакал да споделам неколку здравствени совети на тема покачен холестерол. Современиот човек е „осуден“ да живее динамично, со брзо темпо, да консумира нездрава храна и да биде подложен на стрес на секој чекор. Благодарение на овие фактори, си ја нарушуваме општата здравствена состојба уште како млади луѓе. Едно од најчестите нарушувања што ги погодува сè повеќе помлади особи е хиперхолестеринемијата. Хиперхолестеринемијата е дефинирана како покачена концентрација на холестерол во крвта. Холестеролот е липид кој што се синтетизира во црниот дроб, но го внесуваме и со исхраната преку производи од животинско потекло. Тој е одговорен за изградбата на ѕидот на клетките, а истовремено учествува и во синтетизирање на половите хормони и витамин Д. Сепак многу е важно да се одржуваат нормални нивоа на холестерол во крвта бидејќи покачен холестерол води кон атеросклероза која го зголемува ризикот од срцев удар, мозочен удар и кардиоваскуларни заболувања.
Нормалните вредности за холестерол во нашиот организам се следни:
-
Вкупен холестерол (< 5.0 mmol/l);
-
LDL холестерол (< 3.0 mmol/lit) – тн. лош холестерол;
-
HDL холестерол ( >1.0 mmol/lit) – тн. добар холестерол.
Кои се ризик фактори за покачен холестерол?
-
Прекумерен внес на калории и алкохол;
-
Неправилна исхрана т.е исхрана богата со масти посебно од животинско потекло, а сиромашна со овошје, зеленчук и интегрални житарици;
-
Седечки начин на живот, физичка неактивност и прекумерна тежина;
-
Стрес и нередовен живот;
-
Генетски фактори, пол и возраст. Најголем ризик за развој на хиперхолестеринемија имаат мажи над 40 год. и жени над 50 год. (пост менопауза) – поради намалени естрогени хормони, и затоа овие категории на луѓе треба редовно да вршат контрола на мастите во крвта.
Kои се последиците од покачени нивоа на холестерол?
Покачен холестерол е ризик фактор за атеросклероза: Атеросклерозата е појава индицирана од вишок на холестерол во крвта при што се формираат плаки, кои ги затнуваат артериите и го спречуваат нормалниот проток на крвта низ организмот што го зголемува ризикот од покачен крвен притисиок, срцев удар, мозочен удар и други кардиоваскуларни заболувања. Се смета дека главен причинител за атеросклерозата е лошиот ЛДЛ холестерол.
Прочитајте: Како хороскопските знаци ја поднесуваат зимата

1. Промени во режимот на исхрана.
Ако имате зголемено ниво на ЛДЛ-холестерол, треба да консумирате:
-
Интегрални жита, овесен или ‘ржан леб;
-
Млечни производи со 1 отсто масти;
-
Бистра супа со месо, зеленчук или риба;
-
Сите видови бела и сина риба-(добар извор на омега 3);
-
Пилешко и мисиркино месо без кожа, варено посно говедско месо;
-
Маслиново масло наместо сончогледово масло;
-
Сите видови варен или суров зеленчук;
-
Свежо овошје и конзервирано, но незасладено овошје;
-
Природни овошни сокови, вода, чај.
Треба да се избегнуваат следниве продукти:
-
Бел леб, лиснато тесто;
-
Полномасно млеко и млечни производи (павлака, сирење, итн.);
-
Свинско месо и сушени свински производи (колбаси, сланина);
-
Путер, свинска маст, маргарин;
-
Пржен зеленчук (помфрит, чипс);
-
Колачи со путер и маргарин, торти со кремови.
2. Редовна физичка активност, најмалку 30 минути секој ден.
3. Редовна контрола на тежината (еднаш неделно) и крвната слика (секои 3 месеци).
4. Престанок на пушење на цигари и редукција на внес на алкохол (до 100-200 мл црвено вино на ден).
Во случај на недоволен успех со промената на животниот стил корисно е да се вклучат додатоци во исхраната најдобро на база на комбинација од црвен ориз и артичока. Црвениот ориз содржи Монаколин К кој е природен статин кој го инхибира ензимот HMG-CoA редуктаза и на тој начин ја стопира синтезата на холестерол во црниот дроб. Артичоката делува холеретично и го намалува покачениот холестерол, на тој начин што го зголемува лачењето на жолчка, поради што црниот дроб е во состојба засилено да го претвора холестеролот во жолчни киселини.
Респираторни инфекции – најчест здравствен проблем во есенско-зимскиот период!
Избегнувајте посети на лекарски ординации доколку нема реална потреба за тоа!
Есенско-зимскиот период е време кога лекарските ординации и аптеките се полнат со пациенти од најразлична возраст но сепак најпогодена е педијатриската популација и повозрасните. Ова е т.н. сезона на респираторни инфекции кои ако не се третираат навреме и на правилен начин честопати преминуваат по посериозни заболувања како синузит, бронхит па дури и бронхопневмонија, и потоа закрепнувањето оди тешко и бавно а понекогаш остануваат и пододолгорочни последици.
Компликациите споменати погоре (синузит, бронхит , бронхопневмонија) најчесто настануваат кога после навидум лесни вирусни заболувања на горните дишни патишта (настинка, грип) ослабува имунитетот и стануваме подложни на напад од бактериски патогени (стафилококи, стрептококи, Moraxеlla catarrhalis, Haemophilus influenza, Mycoplasma pneumoniae, Chlamidia pneumoniae итн.) и се развива посериозна бактериска инфекција на горните дишни патишта (синузит), а понекогаш зболувањето се спушта и подолу во белите дробови (бронхит).
Ризик фактори за развој на Респираторни инфекции?
-
Престој во ладна и влажна средина или изложеност на ветер;
-
Престој на децата во колектив (градинка, училиште);
-
Присуство на хронични иританси, (чад од цигари и загадени воздух);
-
Кариасни заби и лоша забна хигиена;
-
Лоша хигиена на раце и контакт со заболени лица;
-
Слаба исхрана (недоволен внес на витамини и минерали) и мала физичка активност;
-
Пад на имунитетот.
Како да ги превенираме респираторните инфекции?
-
Соодветно облекување и заштита на влезните точки за респираторните инфекции (уста,нос);
-
Избегнување на физички активности на отворено во услови на ветер, студен и/или загаден воздух;
-
Избегнување на простории во кои се пуши;
-
Избегнување на контакт со заболени лица како и посети на лекарски ординации доколку нема реална потреба за тоа;
-
Добра лична хигиена;
-
Соодветен внес на свежо сезонско овошје и зеленчук (400г на ден) и доволен внес на вода (2л на ден);
-
Засилување на имунитетот во есенско зимскиот период со внесување зголемени количини на пробиотици, бетаглукани, цинк (10мг/ден) и витамин Ц (200мг/ден).
Што да преземеме при првите симптоми за да спречиме компликации на болеста?
Во случај на први симптоми на респираторни инфекции: течење на нос, болка во грло, кашлање, температура, итн. корисно е да ги преземеме следниве чекори:
-
Зголемете го внесот на Витамин Ц (до 1г на ден) и Цинк (10мг/ден). Витамин Ц и Цинк помагаат за создавање на лимфоцитите и го подигаат нашиот имунитет;
-
Зголемете го внесот на течности (до 3л) и по потреба ОРС (орални рехидратациски соли) – поради опасност од дехидрација при покачена температура;
-
Користете топли хербални чаеви, мед и прополис за стабилизирање на болното грло;
-
Во случај на температура повисока од 37,5°C користете антипиретици (парацетамол или комбинации);
-
Симптоматски третман на течењето на нос: преку ден измивање со солени раствори + инхалации со етерни масла, навечер капки за нос (стопирање на секрецијата) до 7 дена;
-
Одморете и намалете го контактот со други лица;
-
Не земајте антибиотици на своја рака! Не делуваат на вирусните инфекции туку само го ослабуваат вашиот имун одговор!
Доколку симптомите перзистираат повеќе од 3 дена без подобрување или температурата е над 38°C:
-
Направете диференцијална крвна слика (за деца и CRP);
-
Направете брис од грло и/или нос;
-
Обратете се на вашиот матичен лекар.
Менаџерски синдром/Burn-out синдром– болест на модерното време!
Менаџерски синдром кој се јавува како последица на долготрајна, прекумерна и хронична изложеност на стрес на работното место.
Модерниот човек честопати, под притисок на секојдневните обврски, несвесно влегува во повторливо погубно сценарио: рано станување, брзање, подготовка за на работа, носење на децата во градинка/училиште и константна стресна трка со времето што на крајот од денот резултира со сериозни здравствени нарушувања. Во науката е опишан т.н. менаџерски синдром кој се јавува како последица на долготрајна, прекумерна и хронична изложеност на стрес на работното место. Првобитно се сметало дека од овој синдром најчесто патат луѓе на раководни позиции, бизнисмени, хирурзи, авио-контролори, берзантски брокери и други луѓе под силен и континуиран психофизички притисок. Сепак денес терминот менаџерски синдром го вклучува и т.н. burn-out синдром (синдромот на прегорување) и се однесува на сите оние кои не успеваат да се изборат со секојдневната борба со обврските и времето.
Ризик фактори за појава на т.н.менаџерски синдром:
-
Канцелариска работа и долг временски период поминат во столица или во автомобил.
-
Недостаток на физичка активност (под изговор дека немаме време?!?).
-
Продолжено работно време – 10 и повеќе часови дневно.
-
Преоптовареност со обврски, мултитаскинг (вршење повеќе работи истовремено) .
-
Лоша организација на работното место и постојана „итност“ во решавање на проблемите.
-
Континуиран притисок за остварување на продажни таргети.
-
Бројни и долготрајни стресни состаноци.
Симптоми на менаџерскиот синдром:
-
Психички нарушувања како резултат на континуираниот стрес: расеаност, раздразливост, напнатост, хиперактивност, анксиозност и несоница. Последиците се исцрпеност, чувство на неценетост, незаинтересираност за работата и домот, повлекување и депресија.
-
Зголемена телесна тежина, покачен холестерол и крвен притисок, како резултат на седечкиот начин на живот и лоша и прекумерна исхрана.
-
Срцеви тегоби: срцебиење и аритмија, како резултат на прекумерен внес на кофеин, продолжениот стрес и неквалитетниот сон.
-
Проблеми со ‘рбетот (искривување, дископатија, дискус хернија итн.) поради долгото и неправилно седење. Ова е пропратено со силна болка во половината или вратот, намалување на подвижноста, вртоглавици, невралгични болки итн.
-
Пад на имунитетот и подложност на инфективни болести.
Доколку се препознавате во опишаниот профил или веќе имате некој од горе споменатите симптоми важно е веднаш да преземете одредени чекори како би избегнале драматично нарушување во квалитетот на вашиот живот.
-
Организирајте се и направете листа со приоритети! Делегирајте дел од прекумерните обврски на вашите колеги или други членови од семејството!
-
Не оставајте незавршени работи, тоа е најкраткиот пат до мирен сон!
-
Најдете време за себе! Одберете повторливи термини во текот на денот/неделата кои се за вашето хоби и јасно информирајте ги за своето отсуство вашиот партнер/пријатели/колеги.
-
Најдете време за физичка активност! Физичката активност е „убиец“ на стресот!
-
На секој час поминат во седечка положба, движете се барем 5 минути. Наместо во канцеларија испијте го вашето кафе надвор!
-
Одберете термин за одговарање на пораки! Вие контролирајте го времето а не тоа вас!
-
За време на семејниот ручек или во вечерните часови задолжително исклучете го вашиот мобилен телефон! Почитувајте ги блиските и себеси!
-
После тежок состанок, земете 5 минути за себе, дишете длабоко и ослободете се од непријатните мисли.
-
Релаксирајте го вашиот мозок и тело пред спиење. Прочитајте дел од омилената книга, направете за себе топла купка и исклучете ги сите светла. Доколку и ова не ви помага за заспивање користете природни производи на база на мелатонин, валеријана и маточина. Тие ќе Ве опуштат и припремат за мирен целовечерен сон!
Воспаление на синусите – упорен и непријатен здравствен проблем во зимскиот период
Неколку совети како да ги намалиме непријатните симптоми на синузитот!
Еден од најчестите, најупорните и најнепријатните здравствени проблеми во зимскиот период е секако воспалението на слузокожата на параназалните шуплини – синуси или т.н. синузит. Причините за зачестената фрекфенција на синузитите во овој период од годината лежат пред се во ладното и влажно време, ветрот, загадениот воздух и пушење во затворен простор.
Кои се ризик фактори за развој на синузит?
-
Претходни вирусни инфекции на горните дишни патишта и/или нелекувана настинка;
-
Несоодветно лекување на бактериски акутни горнореспираторни инфекции. Најчести бактериски причинители за синузитис се пнеумококите, стрептококите, Moraxalla catarrhalis, Haemophilus influenza итн;
-
Алергиски реакции или некоја автоимуна болест;
-
Девијација на носната преграда, природно мали синусни отвори или присуство на назални полипи;
-
Кариасни заби во горна вилица.
Кои се најчестите симптоми по кои препознаваме дека страдаме од синузит?
-
Оток на носна и синусна слузница и запушување на носот и природни синусни отвори;
-
Зголемено лачење на секрет од носот (ринит) кој првите 2-3 дена е бистар а подоцна жолтозелен. Секретот се спушта и кон грлото и белите дробови и може да предизвика секундарни инфекции и на овие органи;
-
Главоболка – поради тоа што отечената слузница на носот го затнува синусниот отвор па не може да се изедначи притисокот во носот и синусите;
-
Лош здив и намалено сетило за мирис;
-
Кашлање и проблеми со спиењето.
Како да си помогнеме при проблеми со синусите?
Третманот најчесто зависи од причинителите за што ни е неопходна консултација со лекар. Сепак имајќи во предвид дека многу од нас честопати страдаат од синусни проблеми од вирусна етиологија еве неколку совети како да ги намалиме непријатните симптоми:
-
Испирање на носната шуплина со солени раствори (спреј со NaCl) неколку пати на ден;
-
2 пати дневно инхалација на комбинација од физиолошки раствор или хипертоничен солен раствор, ACC (acetil cistein) и/или етерични масла, со цел отпушување и чистење на синусите;
-
Деконгестиви навечер во траење од најмногу 7 дена, со цел да се намали отокот на слузницата и лачењето на секрет како и да се олесни спиењето;
-
Зрачење на синусите со инфра црвена ламба со цел намалување на секрецијата, навечер пред спиење;
-
По потреба користење на аналгетици со цел намалување на главоболката;
-
Засилување на имунитетот преку соодветна минералновитаминска подршка (цинк, витамини Ц и Д), како и долгорочна употреба на пробиотици и бетаглукани;
-
Избегнување на зачаден и загаден воздух.
Доколку проблемите перзистираат повеќе од 7-10 дена можеби станува збор за бактериска инфекција што ќе бара соодветна лекарска помош. Бактериските синузити се третираат антибиотски а доколку имаат и алергиска компонента во терапијата се вклучуваат и кортикостероиди и антихистаминици. Доколку имаме појава на рецидивирачки и хроничен синузит корисна е и консултација со ОРЛ специјалист кој во случај на неуспех на конзервативната терапија може да советува и хируршки третман.
Синузитот знае да биде сериозен здравствен проблем кој бара подолготраен треман, затоа почитувајте ја препишаната терапија од лекар!
Витамин Д – клучен елемент за здрав раст и развој на Вашите деца!
Дури 70% од населението во нашата климатска зона во зима се во дефицит од Витамин Д.
Ниското ниво на сончеви зраци кое го примаме во есенско-зимскиот период, како и фрапантниот податок дека дури 70% од населението во нашата климатска зона во зима се во негов дефицит, ме натера денешниот здравствен совет да го посветам на Витаминот Д.
„Витамин Д е познат имуномодулатор кој докажано го зајакнува имунолошкиот систем“
Витамин Д е неопходен за организмот уште од најрана возраст бидејќи ја помага апсорпцијата на калциум и фосфор од исхраната и на тој начин обезбедува здравје и правилен раст и развој на коските и на забите. Поради промените во животниот стил и „животот во затворен простор“ денес на глобално има 4 пати повеќе случаи на рахитис (омекнување и деформирање на коските) отколку пред 15 години.
Покрај тоа витамин Д е познат имуномодулатор кој докажано го зајакнува имунолошкиот систем и помага во борбата против инфекциите преку негово учество во продукција на моноцитите и Т-лимфоцитите. Бројни истражувањапотрврдуваат дека консумирање на витамин Д помага за намалување на воспалителните процеси при респираторните и гастроинтестиналните заболувања.
На крајот, потврдено е дека учествува и во изградбата и развојот на нервниот систем и мозокот, а помага и во превенција и третман на атопичен дерматит
Знаци кои упатуваат на сомнеж за недостаток на витаминот Д:
-
Деформитети на коските и низок раст;
-
Чести респираторни проблеми и инфекции;
-
Чешање на кожата и болки во мускулите;
-
Темна боја на кожа;
-
Изразено потење на челото;
-
Проблеми со варењето.
Покрај тоа, недостатокот на витаминот Д се поврзува и со појавата на срцеви болести, карцином, мултиплекс склероза, дијабетес, автоимуни заболувања и др.
Како да се спречи недостатокот на витаминот Д:
-
Редовна изложеност на сончева светлина, при што секако во летниот период го избегнуваме периодот помеѓу 11-17 ч поради штетноста на УВ зраците.
-
Внесување на соодветна храна во која е присутен како про-витамин Д:
-
Риба (лосос, сардина, туна);
-
Месо (свинско месо);
-
Јајца (жолчка);
-
Млеко (полномасно) и млечни производи;
-
Печурки (шитаке).
-
-
Внесување на додатоци во исхраната. Витамин Д, познат како сончев витамин, може да се произведува во телото од внесената храна само како одговор на изложување на сонце и затоа е особено важно да се внесува дополнително во зимските месеци. Затоа мнозинството на педијатри и ортопеди советуваат:
-
Континуиран секојдневен внес на додатоци во исхрана со витамин Д во количина од 400 ИЕ од раѓање до крајот на првата година од животот. Поради синергистичкото дејство со некои пробиотици (L.Rhamnosus, LGG) во развојот на стомачниот имунитетнајпрепорачувани се комбинирани капки: пробиотици + витамин Д.
-
Децата од втората до петтата година од животот како и во период на пубертет, во периодот од септември до мај треба да внесуваат додатоци во исхрана со витамин Д во количина од 400 ИЕ еднаш на ден. Со оглед на заедничкото дејство во градење на мисловните процеси и имунитетот најдобра е употреба на комбинирани препарати на витамин Д и омега-3 масни киселини.
-
Како да ја превенираме БХП и да ги ублажиме нејзините симптоми
Водете умерен живот, без прекумерна употреба на жестоки алкохолни и газирани пијалоци, како и храна без конзерванси и надразнителни додатоци за да не станете пациенти прерано!
Денешниот здравствен совет ќе го посветам на машкото здравје и најчестото заболување кај мажи постари од 50 години – Бенигна хиперплазија на простата (БХП).
БХП претставува немалигно (неканцерогено) зголемување на простатата, чија фреквенција се зголемува со возрaстa, а притоа предизвикува симптоми карактеристични за долниот уринарен тракт. Инциденцата на ова заболување расте со возраста, почнувајќи од 8% од мажите во четвртата деценија, до 90% во деветтата деценија од животот. Простата расте со што го притиска мочниот канал што може да предизвика задржување на урината назад во мочниот меур.
Карактеристични симптоми за БХП при кои треба да се јавиме на лекар
-
Потреба од почесто уринирање преку ден и во текот на ноќта (ноктурија).
-
Потреба од итно мокрење и уринарна инконтиненција.
-
Бавен проток на урина, тешкотии во мокрењето, испрекинато мокрење, појава на крв во урина.
-
Почести инфекции на уринарниот тракт (поради задршка на урината).
Како да ја превенираме БХП и да ги ублажиме нејзините симптоми?!?
-
Најдобра заштита од БПХ се редовни медицински прегледи, кои вклучуваат испитување на простатата. Мажите по 45-годишна возраст, особено доколку во својата фамилијарна анамнеза имааат заболување од овој тип, треба да прават редовни прегледи на простата.
-
Промени во стилот на живот може да биде корисни за луѓе со често мокрење. Овие измени вклучуваат:
-
избегнување на внес на течности пред спиење или напуштање на станот;
-
конзумирање на помали количини на течност кои што ја зголемуваат фреквенцијата на мокрење (на пр. кофеин, газирани пијалоци и алкохол);
-
во случај на двојно празнење, човекот треба да го испразни мочниот меур, да почека момент, а потоа да се обиде повторно да уринира;
-
да се избегнуваат стресни и нагли движења.
-
-
Сите мажи со БХП треба да избегнуваат лекови кои ги влошуваат симптомите или може да предизвикаат уринарна ретенција. Тука спаѓаат седативни антихистаминици (на пример, дифенхидрамин) и деконгестиви.
Советот до младите е да водат умерен живот, без прекумерна употреба на жестоки алкохолни и газирани пијалоци, како и конзумација на здрава храна без конзерванси и надразнителни додатоци за да не станат пациенти прерано. Многу важно е да се препознаат симптомите карактеристични за БХП и тие навреме да се пријават на лекар. Раната дијагноза значително го подобрува квалитетот на живот и успешноста на терапијата и ја намалува потребата од оперативен третман.
Прва помош при појава на акутна дијареа
Главна прехрамбена и терапевтска цел при дијареа е да се избегне дехидрацијата.
Еден од најнепријатните симптоми на стомачните нарушувања е секако дијареата или народски кажано пролив. Дијареата се карактеризира со зголемена содржина на вода во столицата како и најмалку 3 течни столици дневно. Покрај ова се јавува и: стомачна болка и грчеви, раздразливост, омалаксаност, температура и повраќање. Дијареата кај возрасните значајно го нарушува квалитетот на живот и го оневозможува тековното работење, додека кај децата може брзо да доведе до дехидрирање што е многу опасно и во некои случаи животно загрозувачко. Токму затоа главна прехрамбена и терапевтска цел при дијареа е да се избегне дехидрацијата.
Зошто се јавува дијареата и кои се ризик фактори?
Дијареата се јавува како последица од нарушување на црвената микрофлора и уништувањето на нормално присутните добри бактерии во неа. Најчести причини за нарушување на црвената микрофлора се:
„Не е препорачливо да се пијат овошни сокови или газирани пијалоци“
-
Стомачни вирусни инфекции предизвикани од ротавируси , ентеровируси и аденовируси. Овие инфекции се пренесуваат обично преку недоволно измиено овошје и зеленчук, нечиста вода, валкани раце, премети (детски играчки, прибор за јадење) и секако во контакт со заболено лице. Карактеристично за стомачните вирози е тоа што членовите на целото семејство се заразуваат еден од друг, по инкубација од еден до три дена.
-
Стомачни бактериски инфекции предизвикани од Salmonella, Campylobacter jejuni, Shigella i Escherichia coli. Бактериските инфекции се почести во летните месеци и честопати се поврзани со т.н. труење со храна (или загадена вода) – пред се недоволно термички обработена храна (или несоодветно чувана), како месото и јајцата, мајонез, кремови или домашни сладоледи.
-
Патувачки цревни инфекции причинети од промена на климатските услови (долга изложеност на сонце), плажа (недоволна хигиена на рацете), како и консумирање на различен вид на храна и вода. Цревната инфекција, честопати потекнува и од водата за капење (море, езеро, река, базен).
-
Антибиотска терапија – особено со пеницилини и цефалоспорини и ако е подолготрајна од 5 дена. Најчест несакан ефект од примената на антибиотиците е т.н. ААД (антибиотски асоцирана дијареа) поради што се препорачува задолжително користење на пробиотици при секоја антибиотска терапија.
-
Лоша и недоволно балансирана исхрана, во која недостасуваат растителни влакна.
Што можеме да преземеме за да ја превенираме појавата на дијареа?
-
Водење на висока лична хигиена како и хигиена во домот, возилото и на работното место! Се препорачува миење на рацете пред секој оброк, чистење и дезинфекција на површините а особено на детските играчки.
-
Избегнување контакт со заболените, а доколку е член на семејството, намалено време поминато во иста соба, често проветрување на просторијата и секако користење на посебен прибор за јадење.
-
Темелно миење на овошјето и зеленчукот пред консумирање.
-
Храната која се конзумира треба да биде добро термички обработена (месо), да се јаде во проверени локали а остатоците од храна брзо и добро да се затворат и да се одложат во фрижидер.
-
Придржувајте се кон балансирана диета, богата со овошје, зеленчук и интегрални житарки кои ќе овозможат доволен внес на растителни влакна.
-
Превентивно внесувајте пробиотици, особено во периоди на стрес, конзумација на брза храна, пред патувања и во тек на антибиотска терапија!
Прва помош при појава на акутна дијареа?
Хидрирајте го организмот соодветно!
Се препорачува пиење на превриена и оладена вода збогатена со ОРС (орални рехидратациски соли) раствор за да се надополнат течностите кои се изгубени. Со орална рехидрација треба да се започне што побрзо – ОРС треба да се даде веднаш штом започнат симптоми на акутна дијареа со цел да се спречат компликациите. Може да се пијат и чаеви (нане) кои ги намалуваат стомачните тегоби, како и бистри супи или бујони бидејќи ја надополнуваат потребната сол. Бебињата треба да продолжат со доењето!
„ОРС треба да се даде веднаш штом започнат симптоми на акутна дијареа со цел да се спречат компликациите“
Прилагодете ја исхраната!
Растителните влакна помагаат да се аспорбира повеќе вода и да се направи нормална столица и со тоа да се стопира дијареата. Храната богата со шеќери како што се слатките, тестенините и лебот треба да се исклучи, бидејќи шеќерите ја разредуваат и онака течната столица. Не е препорачливо да се пијат овошни сокови или газирани пијалоци.
Земете пробиотици!
Пробиотиците се исклучително важни за време да дијареа и повраќање, бидејќи го враќаат балансот на бактериите во гастроинтестиналниот тракт. Најпрепорачувани типови на пробиотици се млечно киселинските бактерии (Lactobacillus rhamnosus GG, Lactobacillus acidophilus и Bifidobacteria) како и пробиотската габа Saccharomyces boulardii. Корисно е да бидат во комбинирани препарати со пребиотици (храна за пробиотиците), цинк и витамин Б6 бидејќи на тој начин ефективноста во сузбивање на дијареата е најголема.
Обратете се на лекар!
Лекарска помош е потребна доколку дијареата и/или повраќањето се перзистентни и не можеме да извршиме правилна рехидратација по орален пат. Кај бебињата ако нема ниту 1 мокра пелена во рок од 8 часа треба да се побара медицинска помош.
Во случај на силно изразена клиничка слика, може да биде потребна и хоспитализација и затоа е важно брзо да се реагира.
Уринарна инконтиненција – голем здравствен проблем особено кај женската популација
Неколку практични здравствени совети за самопомош при уринарна инконтиненција!
„Неспособност да се задржи урината во мочниот меур поради намалена контрола врз урнарниот сфинктер се вика уринарна инконтиненција.“
Еден од најголемите животни проблеми на популацијата над 50 години (а особено жените) е т.н. уринарна инконтиненција. Уринарна инконтиненција е неспособност да се задржи урината во мочниот меур поради намалена или изгубена контрола врз урнарниот сфинктер. Во суштина зборуваме за неволно испуштање на урината од телото поради што драматично се нарушува квалитетот на животот на човекот. Потребата за мокрење доаѓа одеднаш, и најчесто не може да се стигне навреме до тоалет, а се зголемува и бројот на ноќни мокрења. Најчесто се јавува при кашлање, кивање, трчање, дигање на тешки предмети, брза промена на положбата на телото (на пример: при брзо станување и седнување) или при други физички активности.
Пациентите со уринарна инконтиненција имаат значајни животни ограничувања:
-
Физички ограничувања – како што се проблеми во движењето и извршувањето на работните и домашните обврски , пореметување на сонот а со тоа и замор отежната концентрација, пореметена исхрана;
-
Психолошки ограничувања – депресија, чувство на вина, страв од мислењето на околината и недостаток на самодоверба;
-
Социјални ограничувања – избегнување на друштво, избегнување на патувања, избегнување на сексуални односи и потреба од постојана достапност на тоалет.
Кои се ризик фактори за појава на уринарна инконтиненција?
-
Прекумерна телесна тежина;
-
Акутна уринарна инфекција;
-
Менопауза (женска популација 45-55 години);
-
Прекумерна употреба на алкохол и кофеински напитоци;
-
Постари лица, каде мускулот стегач и неговата инервација станале некомпетентни за задржување урината;
-
Пациенти со одредени здравствени состојби: зголемена простата (БХП-кај мажи) или карцином на простата, невролошки пореметувања (Паркинсонова болест, Алцхајмерова болест, полинеруопатии, вертебрална траума и др.) жени со тешки породувања и акушерски интервенции, пациенти по тешки операции во малата карлица, дијабетес, артериска хипертензија, хронична бубрежна инсуфициенција после зрачење итн.
-
Некои лекови (антихипертензиви, седативи, мускулни релаксанти, високи дози на витамините B и C).
Прочитајте: Недостаток на одреден хормон во мозокот може да доведе до
прекумерно јадење
Прва помош при уринарна инконтиненција?
Правилен третман на основната болест, може да доведе и до лекување на инконтиненцијата; на пример лекување на БХП, хроничниот опструктивен бронхит, шеќерната болест, хипертензијата и др. Третманот пак на некои форми на стрес инконтиненција е исклучиво оперативен, но третманот на мешаниот тип и ургентната инконтиненција е можен со медикаменти т.н. антимускариници.
Сепак има неколку работи кои може да ги преземеме за да си помогнеме во ситуација на уринарна инконтиненција:
-
Намалување на употреба на алкохол, цигари и кофеин;
-
Намалување на телесната тежина;
-
Намалување на интензивни физички активности;
-
Правење на кегелови вежби со цел зајакнување на карличните мускули;
-
Модификација на внес на течности (пр. невнесување на течности навечер) и тренинг на мочниот меур т.е. мокрење на одредени периоди и комплетно празнење на бешиката.
Како да си помогнеме доколку сме склони кон појава на вртоглавици?
Во рана пролет се интензивира проблемот со вртоглавици кај голем број на пациенти.
Периодот на рана пролет се карактеризира со временска нестабилност, чести промени на воздушниот притисок и појава на нови алергени. Една од последиците на овие појави е и интензивирање на проблемот со вртоглавици кај голем број на пациенти.
Вртоглавицата (вертиго) се дефинира како чувство дека личноста или средината наоколу се движи или се врти и како резултат на тоа доаѓа до губење на рамнотежа. Вртоглавицата е субјективно чувство и може да биде резултат на различни патофизиолошки процеси.
Ова чувство може да биде незабележливо или може да биде толку често што ги попречува секојдневните активности. Напад на вертиго може да се јави неочекувано и да трае неколку секунди или може да трае многу подолго.
Кои други симптоми се асоцирани со вртоглавицата?
-
Гадење и повраќање;
-
Тремор на окото (нистагмус);
-
Главоболка;
-
Зуење на ушите и/или ослабување на слухот;
-
Чувство на губење на рамнотежа (при што се пациентите често се навалуваат на една страна).
Кои се најчести причини за појава на вртоглавица?
-
Алергија поврзана со конгестија на синуси;
-
Вестибуларни нарушувања кои поттикнуваат т.н. позициско вертиго;
-
Воспаленија на внатрешното уво најчесто предизвикана од вируси. Инфекцијата ги зафаќа нервните завршетоци кои испраќаат сигнали до мозокот и се одговорни за одржување на рамнотежата на телото.
-
Повреди на главата и/или вратот, мозочен удар или тумор на мозокот;
-
Лекови кои предизвикуваат нарушување на функцијата на увото како и силни, мигренозни главоболки.
-
Недоволен внес на калории и вода!

Штом личноста почувствува дека губи рамнотежа, веднаш да седне и да мирува некое време.
-
Доколку некое движење вообичаено предизвикува вргоглавица, тогаш тоа движење треба да се прави бавно, а при станување од кревет навечер се препорачува палење на пригушено светло.
-
Променете го начинот на живот: намалување на стресот, внес на доволни количини на вода, јадење на здрава храна и намален внес на сол.
-
Одбегнувајте кофеин, пушење и алкохол.
-
Одбегнувајте возење, пливање, качување по скали и други активности кај кои нападот на вртоглавица би можел да доведе до посериозни повреди.
Мерки за прва помош при дехидратација
Дехидратацијата е состојба кој подразбира прекумерна загуба на течности во телото.
Општо познато е дека водата е неопходна за правилно функционирање на човечкиот организам. Речиси 70% од телесната тежина на човекот отпаѓа на вода и е вклучена во скоро сите процеси во телото. Со оглед на тоа што водата континуирано се троши преку дишење, потење и уринирање, од витална важност е да обезбедиме секојдневен континуиран внес на течности. При тоа потребата на телото од течности се зголемува со зголемување на активноста и генерално сите луѓе треба да внесуваат 2-3 литри течност секој ден.
Дехидратацијата е состојба кој подразбира прекумерна загуба на течности во телото. Дехидратацијата може да се сретне на било која возраст, но е најопасна кај мали деца а особено во доенечка возраст, и кај старите лица.
Кои се најчести причини за појава на дехидратација?
Дијареа предизвикана од бактерии или вируси. Почести се вирусните инфекции, а кај малите деца и доенчиња пред се ротавируси. Бактериските инфекции се почести во летните месеци и при патувањата. Најчести причинители се: Salmonella, Campylobacter jejuni, Shigella и Escherichia coli.
-
Повраќање;
-
Зголемена телесна температура;
-
Недоволен внес на течности или прекумерно потење (спортисти);
-
Често мокрење;
-
Прекумерен внес на алкохол;
-
Изгореници и други значајни оштетувања на кожата.
Кои се симптомите на дехидратација?
-
Жед и сувост во устата;
-
Главоболка;
-
Малаксаност, поспаност и вртоглавица;
-
Слабост во мускулите;
-
Намалено производство на урина која е со силна жолта боја;
-
Отсуство на солзи и потење;
-
Намален крвен притисок и тахикардија.
Мерки за прва помош при дехидратација
Треба да се спроведе брза перорална рехидрација во период од 3-4 часа, и што побрзо да се воспостави нормална исхрана.
-
Одмарајте и не се изложувајте на физички напори;
-
Зголемете го внесот на чиста вода, хербални чаеви или бистри супи за да се надополнат течностите кои се изгубени;
-
Започнете со внесување на орални рехидратациски соли (ОРС). Овие раствори ги надополнуваат изгубените екетролити пред се: натриум (Na+), калиум (K+), калциум (Ca2+), хлориди (Cl−) како и јаглехидрати. Употребата на овие раствори се прави голтка по голтка со временски интервали од 5 минути;
-
Решете го причинителот за дехидратацијата! Ако имате висока температура намалете ја со млаки тушеви и/или антипиретици и не се преоблекувајте;
-
Доколку дехидрацијата е предизвикана од дијареа корисно е да се внесуваат и пробиотицизбогатени со цинк и витамин Б6 за да се намали губитокот на вода;
-
Доколку дехидратацијата е предизвикана од дијареа и/или повраќање кои се перзистентни и не можеме да извршиме правилна рехидратација по орален пат обратете се на лекар;
-
Доколку кај бебињата ако нема ниту една мокра пелена во рок од 8 часа, треба веднаш да се побара медицинска помош.
Како до здраво и трајно намалување на тежината
До витка става и здраво тело се доаѓа со континуиран баланс помеѓу правилната исхрана и физичката активност!
„Нема „здравје со една капсула“ ниту слабеење со магично стапче.“
Летото наближува а со тоа расте нашиот интерес што подобро да изгледаме на плажа. Голем дел од нас поминуваат се повеќе време во спортските сали, фитнес центрите или планинарат и џогираат на отворено. Сепак не смееме да зборавиме дека вечната борба за симнување килограми, одржувaње на идеална тежина и здраво тело не се добива само со „кампањско“ вежбање и потење. Таа борба пред се се добива со секојдневна правилна исхрана. За жал голем број луѓе не го почитуваат непишаното правило да се хранат избалансирано и разновидно, секој ден во одредено време, туку поради обврските, јадат „и за после“. Исто така не треба да заборавиме дека со текот на годините доаѓа до забавување на метаболизмот, и со тоа честопати до зголемување на телесната тежина. Исто така, нарушувањето на соодносот на бактериите во цревната микрофлора, доведува до создавање и до одржување на дебелината кај човекот.
Како до здраво и трајно намалување на тежината!
Нема „здравје со една капсула“ ниту слабеење со магично стапче. Не заборавајте дека се што е претерано е опасно и не се изложувајте на прекумерни диети кои се ризик по вашето здравје и може да Ве остават со нарушена крвна слика, стрии и чувство на хроничен замор. Напротив до витка става и здраво тело се доаѓа со континуиран баланс помеѓу правилната исхрана и физичката активност. Промената на вашето тело секогаш доаѓа од промената на вашиот ум.
-
Јадете помали оброци 3-5 пати на ден. На тој начин му овозможувате на организмот да ги потроши внесените калории наместо да ги складира како масти;
-
Хранете се, пред сè, со сурова непреработена или незготвена храна во нејзината оригинална форма. Исклучете ги од исхраната: заситените масти, шеќери и бели пецива, а наместо тоа збогатете ја исхраната со овошје и зеленчук, интегрални житарки и риба;
-
Не го избегнувајте доручекот, а наместо да ужинате на работното место брза храна или нездрави грицки, подгответе си овошна салата;
-
Не јадете после 19 часот. Навечер метаболизмот е побавен и сме помалку активни што резултира со зголемена тежина кај оние кои доцна вечераат;
-
Пијте 2-3 литри вода дневно. Водата е важна за сите метаболички процеси и го зголемува чувството на ситост;
-
Имајте редовна умерена физичка активност три до пет пати во неделата, во времетраење од еден час. Физичката активност го забрзува метаболизмот и помага за контрола и намалување на телесната тежина;
-
Внесувајте доволно пробиотици! Пробиотиците го забрзуваат движењето на храната низ црева, го стабилизираат метаболизмот и го олеснуваат варењето на храната. На овие начини пробиотиците помагаат за здраво и трајно намалување на тежината кај човекот.
Како да се справиме со непријатните симптоми на надуеност и гасови
За да ја намалите подуеноста на стомакот, потребно е да ја избегнувате или да го намалите внесот на храната која што предизвикува гасови.
Појавата на честа подуеност на стомакот и интестинални гасови знае во голема мера да влијае на нашите секојдневни активности, комуникацијата со останатите луѓе и нашата самодоверба воопшто. Притоа овие појави најчесто се предизвикани од голтање на воздух и од неправилно варење на храната поради нарушен цревен баланс. Сепак во најголем дел причините лежат во нашиот животен стил и токму затоа со промени во нашето однесување честопати можеме да го минимизираме прекумерното создавање на гасови во стомакот.
Подуеноста на стомакот и појавата на интестинални гасови може да биде предизвикана од:
-
Пребрзо јадење и/или пиење при што се голта многу воздух. Негативен ефект може да предизвика и зборувањето за време на јадење, често користење гуми за џвакање, или консумација на пијалок преку сламка.
-
Несоодветна исхрана богата со масти, пржена и сува храна, честопати е причина за надуеност и тежина во стомакот бидејќи и треба подолго време за варење. Негативен ефект имаат и одредени зеленчуци од тип на грав, грашок, брокула, зелка и карфиол со чие варење во организмот се ствараат големи количини на гас.
-
Пиење на газирани пијалаци кои ослободуваат јаглерод диоксид што доведува до надуеност.
-
Прекумерен внес на сол што предизвикува задржување на течности во телото, кои прават да се чувствувате надуени.
-
Користењето на антибиотици или некои инфекции доведува до промени во цревната микрофлора поради уништување на добрите бактерии. Со ова се нарушува варењето на храната.
-
Кај луѓето кои имаат интолеранција на лактоза, внесот на млечни производи доведува до надуеност гасови и болка во стомакот.
-
Стрес или анксиозност.
-
Пушење.

Други корисни совети:
-
Побавно јадете и пијте со што ќе ја намалите количината на проголтаниот воздух. Избегнувајте пиење со сламка.
-
Јадете повеќе растителни влакна (овошје и зеленчук) со што ќе го забрзате метаболизмот.
-
Избегнувајте користење на газирани пијалоци и пиво. Наместо тоа консумирајте вода со лимон или чаеви од нане и камилица. На овој начин ќе го забрзате варењето на храната и детоксикацијата на организмот. Дополнително нането и камилицата ги намалуваат грчевите, мачнините и подуеноста во стомакот.
-
Намалете го внесот на натриум, преку намален внес на сол и конзервирана храна со цел да ја намалите задршката на течности.
-
Престанете со пушењето. Внесениот чад и дополнителен воздух ја зголемуваат подуеноста.
-
Движете се повеќе со цел да ја забрзате перисталтиката на цревата.
Повраќање непријатен симптоми/последица на голем број заболувања
Најголема опасност при долготрајно повраќање е дехидратација на телото!
Повраќањето е еден од најнепријатните симптоми или последици на голем број заболувања. Најчесто повраќањето е претходено со стомачна болка, гадење, вртоглавици, потење и зголемена саливација.
Причините за појавата за нагон на повраќање се различни:
Надразнување на гастроинтестиналниот тракт (желудник и црева):
-
Стомачни инфекции (вируси, бактерии и паразити);
-
Прејадување или јадење на расипана или тешко сварлива храна;
-
Нус појава од внес на антибиотици и други лекови;
-
Гастрит или чир на желудник;
-
Прекумерна употреба на алкохол.
Нарушување на рамнотежата во внатрешното уво:
-
Патувачка болест.
Мигрена и др.цереброваскуларни болести.
Бременост: од 5-тата или 6-тата, па се до речиси 12-тата недела од бременоста како последица од варирањето на хормоналните нивоа.
Други здравствени состојби: епилепсија, тешки инфекции (менингит), радиотерапија, хепатит, акутно запаление на слепо црево, булимија итн.
За да се стопира повраќањето потребно е да се открие и третира причината со соодветна терапија. Сепак она што е претставува најголема опасност при долготрајно повраќање е дехидратација на телото која особено е опасна кај бебиња, деца како и кај повозрасната популација.
Препораки за избегнување на дехидратација при повраќање!
Најголемиот проблем кај пациентите кои имаат мачнина и нагон за повраќање е тешко прифаќање на течност и храна што ја потенцира дехидратацијата и чувството на немоќ и омалаксаност.
-
Пациентите треба да мируваат во хоризонтална положба, со подигнато тело од половина нагоре под агол од 30 степени, со цел намалување на можноста за вртоглавици и мачнина кои ќе резултираат со нови епизоди на повраќање.
-
Треба да земаат течности (голтка по голтка) вода, чај (нане, камилица), бистри супи, оризова вода.
-
Веднаш да се започне со внес на препарати на база на ОРС (орални рехидратациски соли) и пробиотици (S.Boulardii или лактобацили). Најсоодветни се хипоосмоларни ОРС препарати кои ќе ја намалат загубата на натриум, калиум и други електролити, а пробиотиците од друга страна ќе ја стабилизираат цревната микрофлора и ќе ги намалат стомачните тегоби кои не тераат на повраќање.
-
Витамин Б6 истотака е корисен за намалување на мачнината.
-
После неколку часа во кои нема епизоди на повраќање започнете со воведувањето на полуцврста храна (банани, варени: компири, ориз, моркови, целер).
-
Доењето на бебињата треба да продолжи без прекини.
-
Избегнувајте млеко и млечни производи, овошни и газирани сокови, бидејќи тие може да ги влошат мачнината и повраќањето.
Прочитајте: Уринарна инконтиненција - голем здравствен проблем особено кај женската популација
Кога да се јавите на лекар?
-
Доколку повраќањето е долготрајно и повторливо повеќе од 2 дена;
-
Доколку во повратената содржина има крв, слуз и/или жолтило;
-
Доколку пациентот одбива да се храни преку уста или хранењето е невозможно;
-
Кај бебињата и мали деца треба да се јавите на лекар во случаи на јасни симптоми на дехидратација: сува и леплива уста, пропаднати очи, недостаток на солзи, намалено мокрење (кај бебиња ако нема ниту една мокра пелена во рок од 6-8часа), темна (портокалова) урина.
Не ги терајте децата да внесуваат наеднаш поголеми количини на течност и храна – ова ќе предизвика повраќање и забрзување на дехидратацијата!
Кои чекори може да се преземат во насока на превенција на остеопороза?
Последиците од остеопорозата се зголемен ризик од фрактура на коските а пред се на пршлените на ‘рбетниот столб и на колковите
Остеопорозата е прогресивна коскена болест која најчесто ги погодува постменопаузалните жени и која се карактеризира со намалена коскена маса и промени во коскената минерална микроархитектура. Последиците од овие промени се зголемен ризик од фрактура на коските а пред се на пршлените на ‘рбетниот столб и на колковите. Се јавува кај околу 10% од населението а речиси секоја 4та жена во постменопауза има сериозен ризик од фрактура на коските. Основна причина за појава на остеопорозата е недостаток на естроген со стареењето која состојба го забрзува процесот на разградување на коските, што доведува до губење на коскената маса.
„Речиси секоја 4та жена во постменопауза има сериозен ризик од фрактура на коските.“
Со оглед на тоа што во голем број случаи остеопорозата во почетниот стадиум е асимптоматска и на нејзината појава значајно влијаат некои наши навики во пораната фаза од животот важно е јасно да ги согледаме ризик факторите за нејзината појава.
Фактори на ризик за појава на остеопороза:
Генетски и конститутивни:
-
фамилијарна историја;
-
премала телесна тежина (БМИ <19);
-
неротки/нефертилност;
-
неправилни менструални циклуси со големи паузи;
-
прерана менопауза.
Неправилна исхрана:
-
долгорочен низок внес на калциум на храна;
-
вегетаријанство;
-
преголемо конзумирање на алкохол и кафе;
-
прекумерно внесување на протеини кај постарите лица.
Болести (недостаток на полови хормони, тиреотоксикоза, инсулин зависен дијабетес мелитус, хиперпаратироидизам, ревматоиден артритис, хронична бубрежна инсуфициенција итн.)
Лекови (долготраен третман со кортикостероиди, литиум, диуретици кои предизвикуваат рија, хемотерапија, антациди итн.)
Прочитајте: Состојба со грип во Република Македонија, сезона 2015/2016
до 46та недела
Несоодветен начин на живот:
-
Неактивност или неподвижност (имобилизација);
-
Несоодветна изложеност на сончева светлина (витамин Д);
-
Прекумерна телесна активност (со аменореа).
Доколку остеопорозата е во поодминат стадиум се појавуваат и карактеристични знаци:
-
Намалување на висината на телото;
-
Деформитети на ‘рбетниот столб, згрбавеност (поради преломи на пршлените);
-
Проблеми со движењето и болка и при минимално движење;
-
Проблеми со седењето, посебен начин на станување;
-
Умерена до тешка ненадејна болка во грбот (<50%);
-
Абдоминална надуеност и воспаление на дебелото црево (крварење);
-
Губење на апетитот и мускулна слабост.
Кои чекори може да се презмат во насока на превенција на остеопороза?
-
Соодветна исхрана со континуиран внес на калциум (1000-1500мг/ден) и витамин Д (400-800ие/ден). Ова се постигнува со избалансирана исхрана богата со млечни производи, зеленчук, овошје и умерени количества месо и риба.
-
Редовна изложеност на сонце кое клучен фактор за настанок на витамин Д3 во организмот.
-
Секојдневна телесна активност.
-
Откажување од пушењето.
-
Умерена конзумација на алкохол и кофеин.
-
Внимателно движење со цел да се намалат ризици од паѓање кај повозрасна популација.
-
Конзумација на додатоци во исхраната со калциум и Д3 особено кај жени во перименопауза и менопауза.
Сите пациенти кои спаѓаат во ризичните групи (менопауза) треба да се упатат на ултразвучна дензитометрија и да ја измерат коскената густина со цел да го утврдат ризикот од фрактури на коските. Во случај на дијагностицирана остеопороза, независно од отсуството на симптоми, пациентите задолжително да се придржуваат на препишаната терапија од лекар (бифосфонати – пр.ибандронат) со цел да ја спречат натамошната прогресија на болеста.
Како да ги препознаеме анксиозните растројства?
Анксиозните растројства вклучуваат чести, претерани или несоодветни реакции, карактеризирани со чувство на сомнеж, интензивен страв, несигурност и беспомошност кои не се тригерирани од надворешна закана или опасност.
Стравот и стресните реакции им овозможуваат на луѓето соодветно да реагираат на опасни ситуации. Кај нормално и здраво лице стресните одговори се поттикнати од присуство на реална закана или предизвик и генерираат соодветна акција која го штити организмот. Од друга страна, анксиозните растројства вклучуваат чести, претерани или несоодветни реакции, карактеризирани со чувство на сомнеж, интензивен страв, несигурност и беспомошност кои не се тригерирани од надворешна закана или опасност. Анксиозните пореметувања се најчесто психијатриско пореметување и имаат преваленца од 15% кај целата популација при што жените се речиси двојно поподложни на анксиозните растројства од мажите. Во зависност од нивниот интензитет, времетраење и специфичните бихејвиорални карактеристики се поделени во неколку групи:
-
Генерализирано анксиозно растројство (ГАР);
-
Панични растројства;
-
Опсесивно-компулсивни растројства;
-
Посттрауматски растројства.
„Позитивните ефекти од терапијата се видливи веќе по третата недела.“
Анксиозните растројства најчесто се појавуваат во млада воздраст, особено во периодот на адолесценција. Први симптоми во рана детска возраст се претерана срамежливост или нагласена агресивност. Доколку ваквото растројство во детството остане непрепознаено и несоодветно третирано, понатаму тежнее кон развој и на други анксиозни растројства, злоупотреба на супстанции и депресија како и социјална, фамилијарна и работна дисфункционалност.
Ризик фактори за развој на анксиозни растројства?
-
Фамилијарна историја – анксиозните растројства често се сретнуваат во исто семејство, поради генетски фактори но и поради однесувањето на самите родители.
-
Социјални фактори – загрозена социјална и финансиска стабилност, лоши социјални поврзувања, долготраен и силен стрес кај студенти, на работното место и слично.
-
Трауматски настани – смрт на блиска личност, војна, хируршки интервенции, несреќни случаи или животно загрозувачки настани.
-
Медицински состојби – кај болни со мигрена, опструктивна слип апнеа, пролапс на валвули, иритабилен колон и слично, предиспозицијата за анксиозни растројства е многу поголема.
Прочитајте: Кои спортови се идеални за Хороскопските знаци
Како да препознаеме анксиозност?
Анксиозните растројства се карактеризираат со психолошки симптоми и соматски знаци:
1) Соматски
-
Кардиоваскуларни: палпитации, притисок и болки во градите, забрзана срцева работа;
-
Респираторни: хипервентилација, чувство на задишување;
-
Невролошки: вртоглавица, главоболка, трнења;
-
Гастроинтестинални: сува уста, мачнина, повракање, пролив;
-
Мускулноскелетни: болки и напнатост во мускулите.
2) Психолошки
-
Слаба концентрација;
-
Раздразливост;
-
Чувство на кнедли во грлото;
-
Чувство на нервоза во желудникот;
-
Чувство на полудување и смртен страв.
Ризик – факторите треба да се препознаат и доколку е можно да се отстранат бидејќи, најважно е да се превенира појава на анксиозните растројства. Во спротивно треба да се обратиме на лекар по што следи долготраен третман кој опфаќа психотерапија и фармаколошка терапија. Притоа вообичаено се користи комбинација од антидепресиви (SSRI – вообичаено околу 6 месеци), и анксиолитици (бензодиазепини) во првите 2-4 недели од терапијата. Пациентите понатаму редовно се следат и се евалуираат со скали за проценка.
Позитивните ефекти од терапијата се видливи веќе по третата недела, а во случај на потреба почетните дози на антидепресивот може постепено да се зголемуваат. Пациентите треба лекот да го земаат доволно долго, односно онолку долго колку што е потребно за пациентот да биде без симптоми.
Како да го подготвиме нашиот организам за проблемите поврзани со летните патувања
Доколку се соочите со подлабоки рани или повреди, или пак дијареата, температурата или повраќањето перзистираат повеќе од 2 дена побарајте стручна помош.
Прва асоцијација за летo се секако сонце, вода, плажа и патувања со цел да се релаксираме и да ги наполниме батериите. Сепак летниот период носи својствени здравствени ризици поврзани со високите температури, УВ зрачењето, промена на исхраната и бројните активности на отворено. Патувањата дополнително носат промена на климатските и хигиенските услови, локална храна и вода на која не сме навикнати, а плажата е извор на бројни, за нас, нестандардни патогени.
Кои се најчестите здравствени проблеми во летниот период?
-
Проблеми предизвикани од сончевото зрачење (УВ зрачење и високи температури): изгореници на кожата, алергии, сончаница, дехидратација.
-
Убоди од разни инсекти (комарци, оси, пчели, крлежи) или контакти со медузи, кои резултираат со болка, црвенило, чешање, а понекогаш се проследени и со сериозни алергиски реакции.
-
Повреди на зглобови, фрактури, гребаници, исеченици, поврзани со зголемена физичка активност на отворено (планинарење, рафтинг, одбојка/фудбал на плажа, ватерполо…).
-
Труење со храна поради несоодветна подготовка или чување а поврзано со високите температури и недоволната хигиена. Јадењето на отворено и од непроверени локации е најчесто во летниот период.
-
Проблеми при патувања: стомачни тегоби и мачнина, дијареа, запек, повраќање, дехидратација и покачена телесна температура. До 60% од патниците доживуваат патничка дијареа годишно.
Како да го подготвиме нашиот организам за проблемите поврзани со летните патувања?
Со оглед на гореспоменатите ризици неопходно е соодветно да ја подготвиме нашата кожа и да го засилиме својот цревен и општ имунитет во периодот пред патувањата.
-
Бидете изложени на сонце 2-3 недели пред патувања барем по 1 час на ден. Секако избегнувајте го периодот од 11-17ч а доколку е неопходно да се движите во средина на денот, тогаш задолжително користете средства за заштита од сонце со висок заштитен фактор. На овој начин ќе направите првобитна подготовка на вашата кожа за подолги периоди на плажа кои ќе следат.
-
2 недели пред поаѓањето на одмор користете суплементација со пробиотици, витамини и минерали (пред се витамин Ц, витамин Д и цинк). На овој начин ќе ја припремите стомачната микрофлора за нападот на непознати патогени и ќе го подигнете имунитетот воопшто. Конзумацијата на пробиотици и споменатите витамини и минерали треба да продолжи и за време на одморот како и 10тина дена потоа. Статистиката вели дека соодветно превентивно користење на пробиотици ја намалува патничката дијареа за дури 85%.
-
Избегнувајте патувања во најтоплиот дел од денот и секогаш имајте со себе доволни количини свежа вода и добро измиено овошје.
-
Избегнувајте да транспортирате и конзумирате лесно расиплива храна: месо, јајца, мајонез, млечни продукти како и сендвичи со сувомесни преработки.
Прочитајте: Како да се превенираат и намалат проблемите поврзани со спиењето?
Што треба да содржи вашата патна аптека?
Заради гореспоменатите ризици добро е да имаме со нас „мала патна аптека“ која ќе содржи:
-
Прва помош за проблеми при патувања: пробиотици, ОРС (орални рехидратациски соли), антипиретици (средства за намалување на температурата) како и топломер. При летните стомачни проблеми е најважно да се стопира дијареата и соодветно да се рехидрира организмот со соодветни пробиотици и средства за орална рехидратација.
-
Прва помош за проблеми со изложеноста на сонце: креми за заштита од сонце и креми за после сончање, средства против алергии и креми против изгореници од сонце. Нанесувајте крема 30 минути пред изложување на сонце и секогаш кога сметате дека е измиена од вашето тело. Откако ќе заврши денот поминат на плажа, секогаш користете средство наменето за после сончање.
-
Прва помош за проблеми со инсекти: средства против инсекти (комарци), креми за ублажување на болка од убоди од инсекти или медузи, како и пинцета за отстранување на страни тела од кожата.
-
Прва помош при повреди: средства против болки (аналгетици), креми за ублажување на спортски повреди, водоотпорни фластери, завои и средства за дезинфекција на рани.

Како да си помогнеме во случај на хиперацидитет?
Киселини – чест и непријатен симптом на сериозни дигестивни заболувања!
Македонците, а и останатите жители на балканските држави се познати како големи гурмани кои честопати знаат да претераат со обилни а често и доцни оброци. Покрај тоа голем дел од нас се љубители на масна, лута, кисела или многу зачинета храна што во комбинација со алкохол и цигари предизвикува бројни непријатни стомачни проблеми мегу кои најчест и најочигледен е т.н. хиперацидитет или народски кажано киселини во желудникот. Хиперацидитетот е симптом на бројни заболувања а најчесто се карактеризира со чувство на жарење/печење во желудникот и хранопроводот, мачнини и гастрична болка или нелагодност. Покрај веќе споменатата несоодветна исхрана и нездрав животен стил, други причинители за прекумерно лачење на желудечна киселина се: силен стрес, бременост, прекумерно користење на нестероидни инфламаторни лекови (НСАИЛ-лекови за болка), инфекција со хеликобактер пилориитн.
Кои се последици од честа појава на киселини во желудникот?
Доколку појавата на хиперацидитет не се сфати сериозно можно е да дојде до развој на компликации и потешки заболувања а пред се:
-
Гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ)- враќање на желудочната содржина преку хранопроводот кон грлото. ГЕРБ се карактеризира со чувство на жарење во хранопрводот, грлото и градите, мачнина, отежнато и болно голтање па дури и развој на хронична кашлица и ларингитис. На долг рок, ГЕРБ може да доведе до компликации како што се езофагитис, Беретов езофагус или аденокарциноми.
-
Гастрит или чир на желудник, хранопровод или дванаестопалечно црево – оштетувања на слузницата на овие органи најчесто предизвикани од хеликобактер пилори инфекција. Се препознава преку силна болка и жарење во стомакот особено неколку часа после оброците. Други знаци се надуеност, мачнина, повраќање, крв во столицата, градна болка и губење на тежина.
-
Zollinger-Ellison-ов синдром и други патолошки хиперсекреторни состојби.
Прочитајте: Козметичка хирургија: Типови и ризици

Пред се треба да се внимава на внесот на одредена храна која предизвикува хиперсекреција на желудочна киселина:
-
Намален внес на овошје и зеленчук кои имаат висока киселинска содржина (цитрусни плодови, јаболки, домати и пиперки);
-
Исклучување на прости шеќери од исхранат (чоколадо);
-
Намалување на внес на кофеин и алкохол;
-
Намалување на внес на масна, зачинета, лута и кисела храна;
-
Внесување на повеќе растителни влакна и пробиотици со цел да се забрза метаболизмот;
-
Јадење на повеќе помали оброци и избегнување на доцна вечера.
Важно е и да се направат промени во животниот стил:
-
Прекин на пушењето;
-
Намалување на телесната тежина;
-
Спиење на висока перница и избегнување на лежечка положба неколку часа после оброците.
Доколку нема подобрување, киселините може симптоматски да се контролираат со антациди, хистамински Х2 блокатори и инхибитори на протонската пумпа. Сепак пролонгираната употреба на овие производи може да има несакани дејства поради што се препорачува во случај на чести проблеми со хиперацидитет да се обратите на лекар со цел да се утврди вистинската причина и да се постави соодветна дијагноза и терапија.
Прв одмор со вашето бебе – задоволство или здравствен ризик за најмладите!
Каде на прв одмор со своето бебе и како до таму?
„Не заборавајте средства за дезинфекција, завој, гази, водоотпорни фластери, антибиотски прашок или спреј.“
Патувањето со мали деца е сериозен организациски предизвик за родителите а честопати и здравствен ризик за најмладите. Ова особено се однесува на првото патување со вашето бебе. Сепак за се има првпат и со добра подготовка може успешно да се летува со бебе и притоа да се помогне во неговиот раст и развој и секако да се креираат убави спомени. За да можеме да бидеме спремни за патување и одмор со бебе, треба да се прилагодиме на неговите потреби и добро да ги проанализираме критичните точки како што се: локација, транспорт, хигиенски и практични услови, исхрана, летни здравствени ризици и секако достапност на лекар и аптека. За оваа цел неопходно е детално да се истражат условите на местото на летување, да се проанализираат искуствата на слични посетители и добро да се испланира рутата на патување. Притоа не заборавајте да се пакувате со направен список на потребни нешта бидејќи листата на потребни нешта ќе биде долга.

Одберете локација до која ќе стигнете со вашиот автомобил за период од неколку часа. Така ќе имате комоција да застанувате според вашите потреби па дури и да се вратите во случај на здравствени проблеми.
-
Пред тргнувањето на пат однесете го возилото во сервис на темелна проверка, проверете го маслото, гумите, количеството гориво и резервната гума. Уверете се дека седиштето за вашето дете е добро и правилно прицврстено.
-
Планирајте патувањето да го почнете после добар ноќен одмор и по квалитетен појадок. Планирајте застанување на соодветно место на секои два часа како би ја проверите состојба на пелените на бебето и би го нахраниле. Обезбедете си доволни количини вода/млеко и добро спакувана храна за деца кои соодветно ќе ги складирате во патен фрижидер.
-
Не патувајте во најтоплиот дел од денот и правилно користете го клима уредот кој може да биде штетен и за вас и за детето. Во случај на високи температури вклучете го веднаш при тргнување насочен го кон прозорците или кон нозете и одржувајте константна температура.
-
Сместувањето е многу важно да е чисто и редовно одржувано, и да ги нуди сите погодности кои ги имате и дома: фрижидер, решо, садови за подготовка на храна за малиот член. Идеални се сместувања на мирна локација, со природна сенка, непосредно до плажа и во приземни простории. На тој начин ќе заштедите време и физички напори бидејќи често ќе се враќате назад во смештајот и тоа обременети со многу продукти.
Летни здравствени ризици и како да се справиме со нив?
-
Проблеми при патувања
Со оглед на големата фрекфенција на (пред се) стомачни проблеми, кај децата но и возрасните, при патувања треба соодветно да бидеме подготвени и во патната аптека задолжително да носиме:
-
Пробиотици (за смирување на стомачни тегоби и мачнина од патување);
-
Орални рехидратациски соли ОРС (за спречување на дехидратација при: сончаница, повраќање или дијареа);
-
антипиретици (за намалување на зголемена телесна температура) и секако дигитален термометар за брза и лесна контрола.
-
Сонце, висока температура и УВ зрачење
Не го изнесувајте вашето бебе во најтоплиот дел од денот (11-17ч). Во периодите кога сте надвор погрижете се да главата на бебето биде добро заштитена од сонцето: со платнена шапка која ги засенува челото, носот, вратот и ушите. Кожата на лицето и телото заштитете ја со крем или лосион со висок заштитен фактор, а за заштита на очите користете очила за сонце кои штитат од ултравиолетови зраци. Во случај на изгореници носете крема за после сончање.
-
Комарци и други инсекти
Доколку на локацијата има комарци задолжително поставете заштита во просторијата во која спие детето. Навечер прекријте ја количката/креветот со соодветна мрежа и намачкајте ја кожата на детето со дозволени детски репеленти. Во случај на убоди земете средство за ублажување на болка како и крема/гел против алергии.
-
Исеченици и други повреди на кожата
Не заборавајте средства за дезинфекција, завој, гази, водоотпорни фластери, антибиотски прашок или спреј.
И за крај но не помалку важно: внимателно ставајте го вашето бебе во морската вода или во базен! Бебињата и малите деца може да се удават во само неколку десетини сантиметри вода!
Депресија треба да се препознае, дијагностицира и лечи
Депресијата е почеста кај женската популација и особено кај хронично болните пациенти.
Модерниот стил на живот, но и зголемената и подобрена дијагностика ги позиционираат депресивните заболувања како еден од најголемите здравствени и социоекономски проблеми во денешниот свет. Депресијата претставува пореметување на расположението кое не е одраз на лична слабост и треба да се дијагностицира и лечи како и било која друга медицинска состојба! Депресијата е почеста кај женската популација и особено кај хронично болните пациенти. Притоа најпогодени се пациентите со малигни заболувања, ХИВ/СИДА, дијабет, алцхајмер, дијабет, мигрена, мултипла склероза и инфаркт на срцето.
Кои се ризик фактори за појава на депресивни заболувања?
-
Генетски фактори;
-
Притисок од околината: преголеми очекувања, лоши меѓучовечки односи;
-
Психолошки фактори: трауми, осаменост, несоодветно справување со проблемите;
-
Животен стил: живот во затворен простор, немање контакт со сончева светлина, недостаток на физичка активност;
-
Хронични заболувања.
Сите овие фактори, честопати повеќе од нив истовремено, предизвикуваат биохемиски промени во организмот во вид на намалена концентрација на невротрансмитерите: серотонин, норадреналин и допамин, што резултира со појава на симптоми на депресија.
Кои се најчести депресивни симптоми?
-
Депресивно расположение;
-
Губење на интерес или задоволство во речиси сите активности;
-
Значителна загуба или зголемување на телесната тежина;
-
Раздразливост;
-
Замор или губење на енергија;
-
Чувство на безвредност или голема и несоодветна вина;
-
Намалена способност за размислување и концентрација, или неодлучност;
-
Самоубиствени мисли и/или нагони.
Доколку ги игнорираме овие симптоми квалитетот на нашиот живот континуирано ќе се намалува и набрзо нема да бидеме во состојба соодветно да ги извршуваме домашните и работните обврски. Затоа е многу важно при препознавање на овие симптоми да побараме соодветна лекарска помош. Треманот обично подразбира комбинација од психотерапија и антидепресиви кои ја зголемуваат концентрацијата на невротрансмитерите: серотонин, допамин или норадреналин.
И покрај се најпоразителна е статистиката која вели дека само 10% од пациентите со депресија се адекватно лечени. Ова се должи на непрепознавањето на симптомите на депресија, срам и несоработка на пациентите, како и недоволно долго лечење!
Доколку лечењето на депресија започнало многу е важно да продолжи во континуитет најмалку 9 месеци и при тоа да се почитуваат лекарските совети!
Прва помош при покачена температура кај децата
Кога детето да се однесе на лекар
Покачената температура обично е првиот аларм за родителите и причина за сериозна загриженост. Сепак, во интерес на здравјето на детето, многу е важно родителите да разберат дека покачената температура е одбранбен механизам на човечкиот организам и соодветно да реагираат. Покачената температура, е симптом на болест кој, подразбира имунитетски одговор и борба со причинителот (вируси, бактерии итн.) и притоа доколку не надминува 38 – 38,5°C е корисна и не треба да се симнува со лекови (антипиретици) бидејќи на овој начин од една страна се развива имунитетот, а од друга страна некои патогени не можат да опстанат на висока температура и се уништуваат.
„Дехидратацијата како и појава на фебрилни конвулзии се опасности кои ги носи високата температура кај малите деца.“
Сепак не треба да се заборави на опасностите кои ги носи високата температура кај малите деца а пред се дехидратацијата како и опасноста од појава на фебрилни конвулзии – грчеви кои се појавуваат кај некои деца со покачена температура, поради незрелост на централниот нервен систем.
Прва помош при покачена температура кај децата?
-
Зачестен мониторинг на температурата на детето (на 15-30 минути) и контрола на појава на други симптоми (течење на нос, кашлање, пролив, повраќање, исфрлање на кожата)
-
Зголемете го внесот на течности (супи, чаеви, сокови) ,а кај бебињата кои цицаат да се зголеми бројот на подои за да се намали опасноста од дехидратација. При повисока температура од 38,5°C корисно е да се вклучат и раствори со орални рехидратациски соли (ОРС) кои ќе ги надоместат изгубените електролити. Доколку нема стомачни тегоби, исхраната треба да биде нормална.
-
Остранете ја го од детето вишокот на облека и намалете ја температурата во просторијата (20-23°C).
-
Често туширајте го детето со млака вода (32-33°C) и повремено разладувајте му ја кожата го со крпа натопена со млака вода.
-
Доколку температурата надминува 38-38,5°C и не се симнува со разладување дадете антипиретик (парацетамол, ибупрофен). При тоа внимавајте дозата да биде соодветна на возраста и тежината на детето а фреквенцијата на давање да биде според упатството (на секои 4-6 часа доколку е сеуште покачена температурата).
Кога детето да се однесе на лекар?
-
Доколку бебето е помало од 3 месеци има температура над 38°C. Кај бебињата болеста може брзо да се развие и да добие непосакуван тек.
-
Доколку бебето има од 3-12 месеци и има температура над 39°C.
-
Доколку детето има под 2 години и не успевате да ја намалите температрата со лекови повеќе од 48 часа.
-
Доколку детето има температура над 40°C која не успевате да ја контролирате со лекови.
-
Во случаи на дехидратација: детето плаче без солзи или ретко и малку мокри а мочта има портокалова боја а кај бебињата доколку нема мокра пелена во период од 8 часа.
-
Доколку детето има сериозни симптоми на болки во грлото, увото, пролив, повраќање, кашлица кои перзистираат повеќе од 48часа.
Доколку детето тешко се буди, блада или губи свест како и во случај на фебрилни конвулзии (контракции на скелетната мускулатура на целото тело, вкочанет поглед губење на свест) веднаш повикајте итна помош!
Здравствени придобивки од летниот одмор!
Променете ја секојдневната рутина!
Квалитетниот одмор е есенцијална нишка во одржувањето на нашето здравје. Секојдневните работни и домашни обврски континуирано ги празнат нашите капацитети и може да не доведат во состојба на значаен психофизички замор. Во таква ситуација може да дојдеме во состојба на нарушена способност за извршување на нормалните активности, ќе носиме погрешни одлуки, а може да дојде и до пад на имунитетот, незаинтересираност за работата и семејството, повлекување и депресија.
Токму затоа е многу важно летниот одмор да се искористи соодветно, за се релаксираме, добро да ги „наполниме батериите“ и спремни да ги пречекаме новите животни и работни предизвици.
Променете ја секојдневната рутина
Иако вообичаните активности ни помагаат за полесна организација и успешно завршување на обврските сепак долгорочно тие стануваат „наш затвор“ и извор на стрес, незадоволство од себе и депресивни мисли. Летниот одмор е идеален момент да направите промена:
-
Одете на одмор подалеку од дома а најдобро некаде каде што не сте биле никогаш. Тоа ќе ви даде нов предизвик и ќе ја разбуди вашата креативност;
-
Ослободете се од вообичаените обврски: купување, готвење, чистење итн. За таа цел ако сте во можност, одете во хотел со минимум полупансионска услуга;
-
Комуникацијата поврзана со работата сведете ја на минимум. Завршете ги обврските пред поаѓање на одмор и одговарајте само на неодложни повици, а проверката на меилови правете ја на неколку дена.
Имајте активен одмор
Во текот на годината голем дел од нас едноставно не успеваат да најдат време за себе, за редовна физичка активност и свое хоби. На овој начин не само што доаѓа до акумулација на стресот туку и постои опасност од покачување на телесната тежина и нарушување на вредностите на холестерол, триглицериди и шеќер во крвта што носи бројни здравствени ризици. Летниот одмор е нова шанса за враќање на добрите навики:
-
Спортувајте! Независно дали е тоа пливање, планинарење, трчање или лесни прошетки во природа, бидејќи на овој начин ќе придонесете за зацврстување на мускулите и намалување на стресот;
-
Одвојте време за вашето хоби кое ќе ве релаксира и ќе ви даде дополнителен смисол на животот;
-
Читајте белетристика! Летниот одмор е добра можност за унапредување на фондот на зборови но и лично преиспитување и напредок што ќе придонесе за вашето психичко здравје!
Одморот е најдобар со семејството и пријателите
Летниот одмор во кругот на најблиските е прилика за ново зближување и будење на убавите спомени што несомнено духовно ќе ве збогати. Затоа не заборавајте овој одмор да го искористите да ги посетите роднините кои не сте ги виделе подолго време и да испиете кафе со старите пријатели. И најважно од се дружете се со вашите деца. Не случајно се вели дека децата најмногу растат и напредуваат кога се на распуст!
Астма – глобален проблем се почест кај детската популација
Астма – ризик фактори, препознатливи симптоми и начини за успешна контрола.
Астмата е глобален проблем кој засега повеќе од 300 милиони луѓе низ целиот свет. Сепак она што е најзагрижувачки е што распространетоста на астмата континуирано се зголемува а дури 30% од пациентите се деца до 14 години. Астмата претставува хронично воспаление на дишните патишта кое се карактеризира со променлива и обично реверзибилна опструкција на протокот на воздух. Опструкцијата на астмата кај дишните патишта варира во текот на денот (циркадијален ритам) и како одговор на предизвикувачи. Астмата се потврдува и контролира преку мерење на 2 параметри за функцијата на белите дробови:
-
FEV1 – Форсиран експираторен волумен во прва секунда
-
PEFR – Пик експираторен проток
Намалувањето на било кој од овие параметри укажува на опструкција.
Кои се препознатливи симптоми на астма?
Пациентите со астма имаат хиперреактивни дишни патишта што резултира со: хиперсекреција на слуз, бронхоконстрикција (стеснување на дишните патишта), едем и задебелување на дишните патишта. Овие фактори комбинирано предизвикуваат опструкција на воздушниот проток и симптоми на астма:
-
Кашлање;
-
Свирење на градите;
-
Стегање во градите;
-
Недостаток на здив.
Астмата е динамична болест при која стабилните периоди се менуваат со периоди на егзацербација на астматичните напади.
Кои се ризик фактори за појава на астма?
-
Генетски – предиспозиција за атопија и алергиски заболувања;
-
Пол – машкиот пол е фактор на ризик за астма кај децата (преваленцата кај деца до 14 години е двојно поголема кај момчињата отколку кај девојчињата). Сепак кај возрасните преваленцата е поголема кај жените отколку кај мажите;
-
Дебелина;
-
Спортување;
-
Респираторни (вирусни) инфекции;
-
Изложеност на алергени: грини од домашна прашина, животнински влакна, лебарки, полен, хемиски иританти, чад од цигари, храна и лекови (ацетилсалицилна киселина и бета-блокатори).
Како успешно да ја контролираме астмата?
-
Развој на партнерство помеѓу лекарот и пациентот. Многу важен дел од управувањето со астмата е едукација на пациентот – пациентите треба да бидат способни да ја контролираат нивната состојба со помош на нивните лекари. Тие треба да знаат како да ги спречат симптомите и егзацербациите, треба да бидат способни да ја следат нивната состојба и соодветно да реагираат на влошување на астмата, и да имаат знаења и вештини за употреба на уреди за инхалација.
-
Идентификација и намалување на изложеноста на факторите на ризик. За да се подобри контролата на астмата и да се намалат потребите за лекови, пациентите треба да преземат чекори за да ги избегнат ризичните фактори кои предизвикуваат симптоми и егзацербации на астмата т.е. да избегнуваат внесување преку храна и воздух на потврдени алергени.
-
Употреба на лекови за олеснување на симптомите и одржување на контрола на астмата.Целта на третманот е да се постигне и одржува клиничка контрола подолго време со минимална употреба на лекови. За оваа цел се користат 2 категории на лекови за астма:
-
Т.Н. Контролори кои имаат антиинфламаторно дејство. Тие се земаат секојдневно на долгорочна основа за да ја задржат астмата под клиничка контрола.
-
Т.Н. Олеснители кои ја намалуваат бронхоконстрикцијата, со што го ослободуваат пациентот од акутните симптоми на бронхоспазма. Тие дејствуваат брзо и треба да се користат само кога е потребно. Зголемената употреба на олеснителии укажува на несоодветна контрола на астмата и бара повторна проценка на третманот.
-
Пациентите со перзистентна астма секогаш треба да имаат лекови за брзо олеснување на симптомите по потреба. Независно од ова, пациентите треба редовно да земаат контролен лек за да се постигне и одржува контрола над астмата.
Како работниците да постигнат балансиран и здрав живот?
Фреквентни здравствени ризици кои може значајно да влијаат врз работоспособноста и ефективноста на вработените.
Одржувањето на доброто физичко и духовно здравје, меѓу другото, е клучно за постигнување на долгорочен успех во работата. Денес ќе продискутираме за одредени фрекфентни здравствени ризици кои може значајно да влијаат врз работоспособноста и ефективноста на вработените.
Проблеми со стрес и несоница
Современиот животен стил и желбата за кариерен напредок, во комбинација со големите очекувања на компаниите и нашите семејства честопати не ставаат во состојба на континуиран притисок и стрес кој не секој успева да го менаџира. Првите знаци се гледаат во нарушување на психичката состојба како резултат на континуираниот стрес: расеаност, раздразливост, напнатост, хиперактивност, анксиозност и несоница. Луѓето кои се прегорени стануваат постојани напнати, имаат потешкотии во концентрацијата, меморијата и учење на нови нешта.
„Првите знаци се расеаност, раздразливост, напнатост, хиперактивност, анксиозност и несоница.“
Заради сето ова кај нив е нарушена способноста за извршување на нормалните активности што секако негативно влијае на бизнисот. Ако не ги препознаеме симптомите на прекуемерен стрес, и не реагираме соодветно, последиците се: исцрпеност, чувство на неценетост, незаинтересираност за работата и домот, повлекување и депресија. Не треба да заборавиме и дека стресот предизвикува пад на имунитетот и подложност на инфективни болести.
Проблеми со седечки начин на живот и несоодветна исхрана
Слабата физичка активност и јадењето на брза храна поради немање време за себе си носи ризици од специфични физички проблеми: зголемена телесна тежина, покачен холестерол и крвен притисок, срцебиење и аритмија, како и проблеми со ‘рбетот (искривување, дископатија, дискус хернија итн.). Кога на ова ќе го додадеме пушењето и прекумерна употреба на кофеински напитоци доаѓаме во ситуација во која здравјето на работникот е сериозно нарушено, а неговата работоспособност намалена. Доколку не се направат соодветни промени во животниот стил следат ризици од подолготрајни боледувања па дури и животно загрозувачки состојби како инфаркт или мозочен удар. Во оваа смисла редовните систематски прегледи се многу важни (особено после 40тата) и треба да се сфатат многу сериозно.
Имунитетски проблеми
Речиси секој вработен барем неколку дена годишно отсуствува од работа поради некоја (најчесто респираторна) инфекција. Иако патогените се постојано присутни околу нас, сепак потребно е да настапи пад на нашиот имунитет за да се разболиме. Во таа смисла најголем удар врз нашиот имунитет прави променливото и влажно време, загадениот воздух во градските средини, животот во затворен климатизиран простор, стресот и несоодветната исхрана. Последиците од падот на имунитетот се зачестени појави на настинки, грип и бактериски инфекции, алергиски реакции и зголемена употреба на антибиотици кои прават дополнителни штети на нашиот имун систем.
Како работниците да постигнат балансиран и здрав живот?
-
Направете листа со приоритети и делегирајте дел од прекумерните обврски.
-
Не оставајте незавршени работи, тоа е најкраткиот пат до мирен сон!
-
Не ја носете работата дома! Искористете ги викендите за дружење со семејството и пријателите, посета на нови места или правете несекојдневни активности!
-
Прескокнете ја вечерата. Последниот оброк нека ви биде најдоцна до 19 часот.
-
Не заборавајте да внесете барем 3 различни сезонски овошја и барем 2 типа зеленчук секој ден.
-
Избегнувајте пржена храна! Помеѓу оброците наместо пржени грицки користете печени јаткасти плодови кои ќе Ви дадат дополнителна енергија и ситост.
-
Пијте барем 2л вода на ден, најдобро наутро до 12ч кога способноста за детоксикација на организмот е најголема!
-
Заменете ги слатките со овошје! Благото е причина за зголемена телесна тежина и ризик фактор за дијабет.
-
Научете се на исхрана со помалку сол! Големиот внес на натриум создава ризик за покачување на крвниот притисок и ја нарушува функцијата на бубрезите.
-
Не претерувајте со кофеинот! Две кафиња на ден се сосем доволни и гледајте последното да го конзумирате до 16часот.
-
Престанете да пушите и избегнувајте движење/вежбање во периоди на високо загадување на воздухот! Наместо тоа користете ги викендите за излет на планински свеж воздух.
-
Засилувајте го вашиот имунитет во периоди на голем стрес со природни производи на база на пробиотици, бетаглукани, цинк и витамин Ц.
-
Барем 1 годишно направете проверка на крвната слика, урината и телесен преглед.
И најважно најдете време за секојдневна физичка активност барем 30 минути и сопствено хоби барем еднаш неделно! На овој начин најсоодветно ќе го менаџирате стресот.
Прва помош при покачена температура кај децата
Кога детето да се однесе на лекар
Покачената температура обично е првиот аларм за родителите и причина за сериозна загриженост. Сепак, во интерес на здравјето на детето, многу е важно родителите да разберат дека покачената температура е одбранбен механизам на човечкиот организам и соодветно да реагираат. Покачената температура, е симптом на болест кој, подразбира имунитетски одговор и борба со причинителот (вируси, бактерии итн.) и притоа доколку не надминува 38 – 38,5°C е корисна и не треба да се симнува со лекови (антипиретици) бидејќи на овој начин од една страна се развива имунитетот, а од друга страна некои патогени не можат да опстанат на висока температура и се уништуваат.
„Дехидратацијата како и појава на фебрилни конвулзии се опасности кои ги носи високата температура кај малите деца.“
Сепак не треба да се заборави на опасностите кои ги носи високата температура кај малите деца а пред се дехидратацијата како и опасноста од појава на фебрилни конвулзии – грчеви кои се појавуваат кај некои деца со покачена температура, поради незрелост на централниот нервен систем.
Прва помош при покачена температура кај децата?
-
Зачестен мониторинг на температурата на детето (на 15-30 минути) и контрола на појава на други симптоми (течење на нос, кашлање, пролив, повраќање, исфрлање на кожата)
-
Зголемете го внесот на течности (супи, чаеви, сокови) ,а кај бебињата кои цицаат да се зголеми бројот на подои за да се намали опасноста од дехидратација. При повисока температура од 38,5°C корисно е да се вклучат и раствори со орални рехидратациски соли (ОРС) кои ќе ги надоместат изгубените електролити. Доколку нема стомачни тегоби, исхраната треба да биде нормална.
-
Остранете ја го од детето вишокот на облека и намалете ја температурата во просторијата (20-23°C).
-
Често туширајте го детето со млака вода (32-33°C) и повремено разладувајте му ја кожата го со крпа натопена со млака вода.
-
Доколку температурата надминува 38-38,5°C и не се симнува со разладување дадете антипиретик (парацетамол, ибупрофен). При тоа внимавајте дозата да биде соодветна на возраста и тежината на детето а фреквенцијата на давање да биде според упатството (на секои 4-6 часа доколку е сеуште покачена температурата).
Кога детето да се однесе на лекар?
-
Доколку бебето е помало од 3 месеци има температура над 38°C. Кај бебињата болеста може брзо да се развие и да добие непосакуван тек.
-
Доколку бебето има од 3-12 месеци и има температура над 39°C.
-
Доколку детето има под 2 години и не успевате да ја намалите температрата со лекови повеќе од 48 часа.
-
Доколку детето има температура над 40°C која не успевате да ја контролирате со лекови.
-
Во случаи на дехидратација: детето плаче без солзи или ретко и малку мокри а мочта има портокалова боја а кај бебињата доколку нема мокра пелена во период од 8 часа.
-
Доколку детето има сериозни симптоми на болки во грлото, увото, пролив, повраќање, кашлица кои перзистираат повеќе од 48часа.
Доколку детето тешко се буди, блада или губи свест како и во случај на фебрилни конвулзии (контракции на скелетната мускулатура на целото тело, вкочанет поглед губење на свест) веднаш повикајте итна помош!
Подгответе го имунитетот на Вашите деца за новата училишна година!
Секој септември иста приказна – уште по првите 2 недели во градинка или училиште половина деца се веќе болни и отсуствуваат од настава. И повторно се отвара магичниот круг кој е кошмар на секој родител: растечен нос, кашлање, температура и страв од бронхит или воспаление на ушите. Деца како деца – додека ги опоравиме повторно се разболеле!?! Но дали навистина сме преземале се што е во наши раце? Мали трикови за добар детски имунитет:
-
Утрата се веќе постудени а попладнињата топли: внимавајте на облекувањето и обезбедете облека и со долги и со кратки ракави за децата!
-
Внимавајте на личната хигиена и правилното миење раце!
-
Наместо брза храна, ужината на детето нека биде интегрални житарки со овошје!
-
2 недели пред почетокот на училишната година започнете со засилување на имунитетот на децата со витамин Ц, Витамин Д, рибино масло, пробиотици и бета глукани! Ако не сте започнале сеуште – почнете уште денес и користете во континуитет најмалку 3 месеци;
-
Септемвриското сонце е здравје! Користете ги попладнињата и викендите за активности на отворено со децата. Ако можете одете на викенд на планина, езеро или море – сеуште е лето!
-
Ако сепак детето има симптоми на болест – не го носете во училиште или градинка. Болеста може да се влоши!
Кога да се посомневаме на инфекција со хеликобактер!
Helicobacter pylori инфекција- најчеста причина за гастритис и чир и ризик фактор за појава на малигни болести на желудникот!
Повеќето од нас слушнале за хеликобактер или имале пријател или член на семејството кој се борел со оваа бактерија! Но дали знаеме зошто е важно да се третираинфекцијата со Helicobacter pylori и кога да се посомневаме на нејзино зголемено присуство во нашиот желудник?
„Хеликобактер е подмолна бактерија која предизвикува зголемено лачење на желудочна киселина, а има способност да преживее во желудникот.“
Helicobacter pylori е подмолна бактерија која има способност да преживее во киселата средина на желудникот и да се насели на гастричната слузница. Предизвикува зголемено лачење на желудочна киселина и доколку не се третира навремено може да дојде до посериозни компликации како:
-
Гастричен или доуденален чир
-
Аденокарцином на желудник
-
Non-Hodgkin’s-ов лимфом на желудникот
Затоа побарајте помош од лекар и направете тест за хеликобактер ако секојдневно (или повремено во тек на 2-4 недели) се соочувате со некој од следниве симптоми:
-
Желудечна болка
-
Жарење и печење во пределот на желудникот
-
Киселини
-
Надуеност и чувство на брзо заситување
-
Гадење и повраќање
Запомнете: Здравствените симптоми кои перзистираат не смеат да се занемаруваат! Повеќето болести може успешно да се третираат ако се откријат во рана фаза, а тоа често зависи од самите нас!
Балансирана исхрана – важен фактор за правилен раст и развој на Вашите деца
Хранењето и здравата исхрана е процес кој се учи цел живот!
Хранењето и здравата исхрана е процес кој се учи цел живот. Без дилеми, предизвик е во едно брзо и динамично време, да се задржат здравите прехранбени навики. Сепак кога се нашите најмили во прашање неопходно е да се најде време за домашно подготовена храната, бидејќи резултатите од ваквиот начин на исхрана се секогаш забележителни.
„Недоволни количини на соодветни хранливи материи во детството, може да доведе до несакани ефекти во растот и развојот“
Раното детство е период на интензивен раст и развој, но и најранлив период во животот на човекот. Недостатокот на одредени хранливи материи во детството, може да доведе до несакани ефекти во растот и развојот. Здрава и балансирана исхрана подразбира користење на прехранбени производи кои ги задоволуваат енергетските потреби на детскиот организам, но и обезбедуваат хармоничен раст и развој како и изградба на детскиот имунитет!
Практични совети: Што треба да воведете во исхраната на Вашите деца:
-
Интегрални житарки 3-4 пати на ден. Кај возрасната група од 4 до 6 години 50% од лебот треба да биде од интегрално брашно или со интегрални житарки. Оваа група производи обезбедува внес на јаглени хидрати, минерали и витамини од групата Б,
-
Секојдневна консумација на свеж сезонски зеленчук и овошје, во количини од 300-400 грама. Овошјето и зеленчукот се основен извор на витамин Ц и цинк кои се клучни за имунитетот на детето а освен тоа спречуваат и појава на дебелина кај децата,
-
Секојдневна консумација на полномасно млеко и млечни производи, најмалку 300-350 мл кисело, пресно млеко и/или јогурт и 25-30 грама сирење/кашкавал. Млечните производи се најдобриот извор на лесно искористлив калциум, кој е важен за развојот на коските,
-
Користење на посни меса (јунешко, пилешко) до 3 пати неделно, јајца 3 пати неделно како и свежа риба 1-2 пати неделно. Месото е клучен снабдувач на организмот со протеини но и железо со што се спречува железодефициентната анемија која е сериозен проблем кај оваа возрасна група,
-
Обезбедете им на децата доволен внес на вода и течности, 5 до 6 чаши на ден! Недоволен внес на вода носи до дехидратација која се манифестира со: намалена умствена и физичка активност, намалена концентрација и внимание, замор, главоболка и зголемена телесна температура,
-
Ограничете го внесот на животинските масти, а при подготовката на храната пожелно е користење на растителни масла (ладно цедено маслиново масло),
-
Ограничете го внесот на шеќер, слатки како и безалкохолните пијалоци полни со шеќер. Слатките се штетни за забите и желудникот и се причина за зголемена телесна тежина кај децата,
-
Ограничете го внесот на сол при подготовката на храната. Солта ја зголемува загубата на калциум од коските, ја нарушува функцијата на бубрезите и создава ризик за покачување на крвниот притисок во подоцнежниот период од животот!
Останете здрави оваа есен – засилете го Вашиот имунитет!
Практични совети за добар имунитет!
Есента веќе ни донесе ветровити денови, ниски утрински температури и зголемено загадување на воздухот. На ова се надоврзува и намалена физичка активност како и се подолгото време кое го поминуваме во затворен простор во овој период од годината. Овие фактори, во комбинација со стресот и заморот на работа, како и несоодветната исхрана и недоволна хигиена, ја намалуваат имунолошката отпорноста на организмот и овозможуваат појава на се почести настинки, грип и други инфекции на респираторниот систем. За нивен третман често користиме разни антибиотици, понекогаш и на своја рака или подолготрајно, кои од своја страна силно ја нарушуваат цревната микрофлора, која е чувар на нашето здравје и така влегуваме во маѓепсан круг на намален имунитет!
Најважни показатели за нарушување на имунитетот:
-
Ниско ниво на енергија, незаинтересираност, раздразливост и поспаност;
-
Намален осет за вкус и мирис, обложен јазик, болки во грлото и отежнато голтање на храна;
-
Отежнато дишење, затнат нос, секрет од нос;
-
Главоболка, вртоглавици, покачена температура;
Како да го засилиме нашиот имунитет:
-
Добра хигиена и темелно миење на рацете со антибактериски сапуни;
-
Негување на епителот на дишни патишта со промивање со изотоничен спреј на NaCL и пред се избегнување на простории во кои се пуши;
-
Секојдневен внес на свежо сезонско овошје и зеленчук (јаболки, круши, грозје, портокал …);
-
Редовен внес на пробиотици кои го чуваат интегритетот на најголемиот имунолошки орган во телото – нашиот дигестивен систем. Специјализирани пробиотици вршат директна стимулација на создавање на антитела и овозможуваат подобар имун одговор;
-
Секојдневен внес на на Витамин Ц – во дози од 200мг дневно и повеќе. Витамин Ц има силно антиоксидативно дејство, ги неутрализира штетните дејства на слободните радикали и го намалува заморот и исцрпеноста;
-
Редовен внес на олигоелементот Цинк – во дози од 10мг дневно. Цинкот придонесува за нормалниот киселинско-базен метаболизам, ги штити клетките од оксидативен стрес и учествува во изградбата на лимфоцитите со што директно го засилува имунолошкиот систем;
-
Немојте да користите антибиотици на своја рака! Антибиотиците не се ефикасни при настинка, грип и вирусни инфекции, туку само ја нарушуваат дигестивната микрофлора и го ослабуваат вашиот имунитет;
-
Не земајте средства за намалување на телесната температура под 38°C! Лесно покачената телесна температура е знак на имун одговор на вашиот организам а од друга страна помага и за убивање на дел од присутните патогени.
Како да ја спречиме опстипацијата или да ги намалиме непријатните симптоми!
Запекот погодува дури 30% од популацијата а најпогодени се жените и постарите лица.
„Опстипацијата е состојба која може значително да го наруши квалитетот на нашиот живот.“
Во есенскиот период редовно доаѓа до промени во нашиот животен стил, од една страна исхраната станува цврста, масна и тешка а од друга страна се намалува физичката активност. Една од последиците на овие наши навики е секако и проблемот со т.н. опстипација или народски кажано запек кој подразбира намалена фреквенција на празнење на цревата и/или отежната дефекација. Опстипацијата е состојба која може значително да го наруши квалитетот на нашиот живот и може да донесе сериозни компликации како хемороиди па дури и потреба за итна хируршка интервенција. Запекот погодува дури 30% од популацијата а најпогодени се жените и постарите лица.
Најчести причини за појава на запек се:
-
Внесување на премалку течности и растителни влакна во исхраната при што не се создава столица со нормална конзистенција;
-
Секојдневна конзумација на брза храна со лош квалитет и недоволно течна храна;
-
Седечки начин на живот / Недоволна физичка активност;
-
Игнорирање на потребата за празнење на цревата или одложување на празнењето;
-
Стрес и анксиозност;
-
Користење на одредени лекови (опиоиди, калциум антагонисти, неуролептици, антидепресиви, лекови за Паркинсонова болест).
-
Симптоми:
-
Сува и цврста столица;
-
Нередовно, нецелосно и тешко празнење цревата;
-
Надуеност, стомачни грчеви и стомачна болка.
-
Како да ја спречиме опстипацијата или да ги намалиме непријатните симптоми:
-
Балансирана исхрана богата со растителни влакна (25 до 30 грама влакна дневно) – редовна консумација на интегрални житарки, свежо овошје и зеленчук;
-
Одржување на соодветен внес на течности бидејќи соодветната хидратација овозможува столицата да има добра конзистенција. Идеално е да пиеме, 10 до 12 чаши течност дневно;
-
Редовна физичка активност – лесни прошетки од 30 минути барем 3 пати неделно;
-
„Tренинг“ за секоjдневна редовна дефекација (на пр.после појадок);
-
Повремена употреба на пробиотски препарати кои ја стабилизираат цревната микрофлора и помагаат во регулацијата на варењето на храната.
Доколку овие мерки не вродат со плод се препорачува употреба на дополнителни лекови или додатоци во исхраната т.н. лаксативи со кои се стабилизира столицата.
Најбезбедни се тн. осмотски лаксативи (пр. лактулоза) кои го зголемуваат волуменот на столицата и механички го чистат цревото, а немаат несакани ефекти кои се карактеристични за хемиските (иритативни) лаксативи (грчеви, стомачна болка и навикнување)
Како да се превенираат и намалат проблемите поврзани со спиењето?
Неквалитетното ноќно спиење -причина за многу здравствени проблеми!
Во есенско – зимските месеци, количината на сончеви зраци е значајно помала, деновите се кратки и сиви и често сме лошо расположени. Во овој период кај многу од нас доаѓа до нарушување на нормалната секреција на мелатонин (хормонот одговорен за спиење) поради што чувствуваме поспаност во текот на денот и несоница во текот на ноќта. За жал луѓето се повеќе го запоставуваат фактот за круцијалното значење на сонот по однос на нашето здравје. Давајќи приоритет на нештата кои го преокупираат нашето секојдневие и живот доаѓаме во фаза на неквалитетно ноќно спиење кое е причина за многу здравствени проблеми.
Како да препознаеме дека имаме проблеми со спиењето?
Иако проблемот со неспиење е лесно воочлив за секој човек сепак инцидентни епизоди на лош сон не треба да не загрижуваат. Можеме да зборуваме за проблем со несоница доколку пациентот има еден или повеќе од следниве проблеми:
-
Потребно подолго време за заспивање од 30 минути;
-
Будење во текот на ноќта повеќе од 3 пати;
-
Рано будење без можност повторно да се заспие;
-
Спиење помалку од 6 часа;
-
Слаб квалитет на спиењето;
-
Постоење на дневна поспаност, замор, напнатост, раздразливост, потешкотии во концентрацијата;
-
Нарушена способност за извршување на нормалните активности;
-
Анксиозност пред спиење.
Кои се најчести причини и ризик фактори за појава на несоница?
Бројни се факторите кои влијаат на нашиот сон и многу често причините за несоница лежат токму во нашиот животен стил:
-
Прекумерна употреба на стимуланси: кофеин (кафе, чај, енергетски пијалоци), никотин (цигари), алкохол, други стимулатори (кокаин, амфетамин, арипипразол);
-
Стрес, страв, динамичен стил на живот, работа во ноќни смени;
-
Хормонални промени (ПМС, климакс, хипертироидеа);
-
Психјатриски заболувања (Биполарни заболувања, депресија, ПТСР, ГАР, АДХД, Деменција, Шизофренија). Над 50% од сите несоници отпаѓаат на психијатриски болести;
-
Други заболувања и болка.
Како да се превенираат и намалат проблемите поврзани со спиењето?
Со цел да се подобри квалитетот на нашиот сон во прв план е важно да имаме соодветен хигиенодиететски режим:
-
Одење на спиење во одредено време;
-
Укинување на попладневно спиење;
-
Да се избегнува кафе, кока кола, руски чај, енергетски пијалоци, цигари и прекумерна употреба на алкохол пред спиење;
-
Да се спие во мирна соба, удобна постела, темна просторија;
-
Програми на вежбање – придржување до извесен план на вежбање, придонесува за попуштање на напнатоста и враќање на самодовербата;
-
Да не се вежба најмалку 2 часа пред спиење;
-
Да не се користат електронски уреди пред спиење (ТВ, лап топ, таблет, PC, мобилен);
-
Наместо тоа да се прочита книга или да се слуша релаксирачка музика.
Доколку промените во животниот стил не ги дадат саканите резултати може да примениме и природни продукти, најдобро на база на мелатонин (во количина од 1-5мг) и/или растителни екстракти од валеријана и маточина кои помагаат за смирување и полесно паѓање во мирен целовечерен сон.
Живот со Дијабетес мелитус
(шеќерна болест)
Како да се грижите за себе ако имате дијабет тип 2?
Дијабетес мелитус (ДМ=шеќерна болест) е метаболно пореметување кое се карактеризира со хипергликемија (покачени вредности на шеќер во крвта) која е резултат на пореметување во секрецијата на инсулинот, на неговото делување или на двете причини. Дијагнозата за дијабет е поставена доколку концентрација на глукоза во плазма на гладно >7.0 mmol/l. Најчест е тн. тип 2 дијабетес кој е инсулин независен и го имаат 90% од пациентите со шекерна болест. Хроничната хипергликемија предизвикува оштетувања на поедини органи, посебно очите, црниот дроб, периферениот нервен систем и кардиоваскуларниот систем и затоа е важно соодветно да се контролира.
Ризик фактори за развој на ДМ тип 2
-
Возраст > 45 години;
-
Дебелина (BMI > 27);
-
Позитивна фамилијарна анамнеза – генетски предиспозиции (второ колено);
-
Позитивна анамнеза на гестациски (при бременост) ДМ или раѓање на дете > 4 kg;
-
Хипертензија, дислипидемија;
-
Животен стил (физичка неактивност, пушење, алкохол, конзумација на масти).
Како да ги препознаеме првите знаци на ДМ тип 2:
-
Често мокрење;
-
Глад;
-
Жед;
-
Заматен поглед;
-
Сува и иритирана кожа;
-
Зголемен број на кожни инфекции (Staphylococcus);
-
Зголемен број на габични инфекци (Candida);
-
Замор, потреба за спиење, депресија, слабост.
Како да се грижите за себе ако имате дијабет тип 2:
1. Редовни лекарски контроли:
-
Самоконтрола на глукоза во крвта – Целта е количеството на глукоза во крвта да се одржува во нормални граници: 4-8 mmol/l;
-
Мерење на крвен притисок (одржување во граници до 135/90 mmHG);
-
Мерење на телесна тежина (целта е да се намали ако е BMI > 27);
-
Проверка на стапалата на секои 6 месеци (ризик од дијабетчко стопало);
-
Контрола на крвта на фактор HbA1 на секои 6-12 месеци;
-
Проверка на холестерол (ХДЛ/ЛДЛ) и триглицериди на секои 12 месеци;
-
Проверка на бубрезите на секои 12 месеци (серумски креатинин, уринарна албуминска секреција);
-
Проверка на видот на секои 12-24 месеци.
2. Здрав режим на исхрана
-
Оброците треба да се конзумираат редовно во исто време, особено ако пациентот прима терапија;
-
Оброците треба да се базираат на храна богата со растителни влакна (интегрален леб, овошје, зеленчук, жито, мешункасти плодови);
-
Масти и масла треба умерено да се конзумираат а да се избегнуваат заситени масти (пржена храна, сувомесни производи, масно месо, чипс);
-
Да се избегнува артикли во кои е додаден шеќер (бонбони, газирани пијалоци, чоколади, торти, бисквити);
-
Алкохол да се избегнува или ограничи на 1-2 единици дневно (1 чаша пиво – 285 мл, 1 чаша вино 120мл, 1 чаша жесток алкохол 30мл);
-
Намалени количини на сол.
3. Правилен режим на вежбање и физичка активност (најмалку 3 пати неделно по 30 минути)
4. Откажување од пушење
5. Почитување на препишаната терапија од лекар
„Хипогликемија е состојба кога има пад на концентрацијата на глукоза во крвта под 4 mmol/l.“
Во некои случаи (премногу лекови, недоволна исхрана, претерана физичка активност) може пациентите да паднат во тн. хипогликемија – пад на концентрацијата на глукоза во крвта под 4 mmol/l. Хипогликемиските пациенти имаат симптоми на: треперење, потење, бледило, палпитација, глад, замор, губење сила, вртоглавица, замаглен вид, поспаност, тетеравење па дури и несвестица. Во ваква ситуација пациентот треба брзо да внесе: три кафени лажичиња шеќер или мед, или половина чаша газиран или овошен сок. Потоа уште еден оброк со храна богата со јаглехидрати: 1 парче овошје, 1 парче леб или 2 обични бисквити.
На крајот но можеби и најважно за превенирање на шеќерната болест е воведување на систем на здрава исхрана и физичка активност уште од најраното детство. Предучилишниот период е клучен за изградба на здрави навики а преку едукација и примена на балансирана исхрана можеме да го воведеме младиот организам во здрав животен стил и на тој начин да ги минимизираме ризик факторите за заболувања подоцна во животот!
Како да изградиме/одржиме идеална фигура во зимскиот период?
Тренинг во зимскиот период- предизвик или задоволство?!?
Деновиве температурите паднаа под нулата и веќе се чувствува доаѓањето на зимата. Дополнително на студеното време, денот е краток а загадувањето во градските средини е високо, практично насекаде, што значително ни ги намалува опциите за тренинг на отворено. Од друга страна популарниот кардио тренинг е особено важен за топење на мастите а во овој претпразничен период на годината и онака го оптеретуваме организмот со масна храна и зголемен внес на алкохол. Во ваква ситуација одржувањето на добра форма делува како невозможна мисија но дали е навистина така?
Тренинг во зимскиот период – предизвик или задоволство?!
Кратки практични совети за правилно вежбање во зимскиот период:
-
Избегнувајте вежбање на отворено рано наутро и доцна навечер! Студениот воздух може да придонесе за намалување на имунитетот и разболување при што критични точки се носот, устата, главата и нозете. Легнување во кревет речиси сигурно ќе придонесе за пад на вашата физичка форма;
-
Избегнувајте вежбање на отворено во градските средини или во близина на фрекфентни патишта. Високото загадување и издувните гасови од автомобилите се штетни за вашиот респираторен систем и може да бидат тригер на бројни инфективни заболувања и алергии;
-
Фитнес/Јога центрите се добра варијанта во зима. Одвоете време за барем 3 тренинга неделно од најмалку 45 минути;
-
Ако спортувате со топка (кошарка, фудбал, тенис) обидете се да имате барем 2 термини во сала од најмалку 1 час неделно. Тие ќе ви овозможат соодветно потење и одржување на телесната тежина;
-
Користете ги сите можности за посета на спа центрите. Комбинацијата на базен (хидротерапија) и сауна 1 неделно, е идеална за детосикација, топење на мастите и подигнување на вашиот имунитет.
Колку и да чувствувате дека не ви се вежба не заборавајте – Витко тело за на плажа се прави во зима!
Нездрав животен стил:
Дебелина = Триглицериди! Има ли излез од овој магичен круг?
Променете го Вашето мени и навиките во исхраната. Јадете помали оброци 3-5 пати на ден.
Крај е на јануари а повеќе месечното претерување со храна и алкохол како и долгите часови поминати во „хоризонтала“ веќе го земаат својот данок. Вагата покажува 3-4 килограми плус, образите ни се полни и заоблени а околу стомакот веќе се појавиле популарните „мишелинки“. Ако се препознавате во овој опис вас можеби е право време да направите крвна слика и контрола на вредноста на вашите масти бидејќи покачените масти се носат влошување на вашето здравје а пред се водат до појава на: атеросклероза која го зголемува ризикот од срцев удар, мозочен удар и други кардиоваскуларни заболувања.
Во денешниот здравствен совет сакам да обрнам внимание на триглицеридите и нивната поврзаност со нездравиот животен стил.
Триглицеридите се прости масти, кои ги има во храната која секојдневно ја консумираме. Кога јадеме, вишокот калории кои телото не ги користи веднаш, ги претвора во триглицериди. Триглицеридите се складираат во масните клетки во телото (пред се околу стомакот), во случај да му бидат потребни подоцна, при дефицит на храна. Триглицеридите кога се во нормални граници се корисни како примарен чувар на енергија во телото, ги обвиваат и штитат органите но и учествуваат во апсорпцијата и транспортот на витамини растворливи во масти (А, Д, Е, К)
Доколку вредноста на триглицеридите во крвта е над 1,7 ммол/л зборуваме за триглицеридемија (покачени триглицериди)
Кои се ризик фактори за покачени триглицериди?
-
Неправилна исхрана т.е. исхрана богата со масти посебно од животинско потекло, а сиромашна со овошје, зеленчук и интегрални житарици;
-
Дебелина, особено во пределот на стомакот;
-
Често прејадување – внесување повеќе калории отколку што се трошат;
-
Седечки начин на живот и физичка неактивност кои водат до намален метаболизам и прекумерна тежина;
-
Стрес и нередовен живот;
-
Прекумерно консумирање алкохол и цигари;
-
Одредени заболувања: неконтролиран дијабет, хипотироидизам (намалена функција на штитната жлезда), бубрежни и црнодробни заболувања;
-
Генетски фактори;
Какви промени во животниот стил треба да се преземат за да се намали нивото на триглицериди во крвта?
Одржувајте здрава тежина и БМИ (body mass index)
-
За мажи: Тежина = Висина – 100
-
За жени: Тежина = Висина – 110
Вредноста на БМИ е однос помеѓу вашата висина и тежина и треба да изнесува помеѓу: 18,5 – 24,9. Секое намалување на телесната тежина за 5% или повеќе значајно го намалува нивото на триглицериди во крвта. За таа цел треба да се ограничи бројот на внесени калории (за жени до околу 2000 калории на ден а за мажи до околу 3000 калории на ден). Намалување на внесот на калории за 300-500 дневно ќе придонесе до редукција на вашата телесна тежина.
Променете го вашето мени и навиките во исхраната. Јадете помали оброци 3-5 пати на ден.
-
Исклучете ги од исхраната:
-
заситените масти (маргарин, месни приправки, пржена храна);
-
слатки, колачи,торти, газирани сокови и сите производи со нерафиниран шеќер;
-
бел леб и пецива.
-
-
Наместо тоа вклучете во вашите оброци:
-
интегрални житарки
-
свежо овошје и зеленчук (300-400г дневно)
-
повеќе вода (2-3л дневно)
-
риба – 2 пати неделно (лосос, сардини, пастрмка) – богата е со омега 3 масни киселини кои ги намалуваат триглицеридите
-
Редовна физичка активност – најмалку 30 минути секој ден. Физичката активност го забрзува метаболизмот и помага за контрола и намалување на телесната тежина и нивото на масти во крвта.
Престанок на пушење на цигари и редукција на внес на алкохол до минимум. Редовен внес на цигари и алкохол значајно ги зголемува вредностите на триглицеридите.
Редовно внесувајте пробиотици- го стабилизираат метаболизмот и го помагаат здравото варење на храната и на тој начин благотворно делуваат на здравјето на личноста со прекумерна телесна тежина.
Корисни се и додатоци во исхрана богати со црвен ориз, артичока, Омега 3 и коензим Q10, бидејќи на природен начин го намалуваат нивото на масти во крвта и воопшто придонесуваат за подобро кардиоваскуларно здравје.
Бебешки грчеви – како да ги препознаеме и како да ги спречиме!
Инфантилни колики – најчеста причина за непроспиени ноќи кај младите родители!
Новиот член во семејството редовно носи неизмерна радост и дополнителна животна енергија. Сепак уште од денот на раѓањето на бебињата (особено првите) драматично се менува животот на родителите и неминовни се бројни ситуации на загриженост за здавјето на детето. Една од најчестите причини за непроспиени ноќи кај родителите се бебешките грчеви. Коликите се појавуваат кај околу 30% од децата, обично после втората недела и траат некаде до крајот на третиот месец но кај некои бебиња и до шестиот месец. Коликите се почести кај деца кои се хранат со вештачко млеко!
Зошто настануваат инфантилните колики?
-
Неразвиен ензимски систем за варење на храната кај бебињата;
-
Неправилно доење (ако бебето голта воздух) или прејадување;
-
Нездрава храна на мајката (сувомесни производи, газирани пијалоци, грав, зелка, пушење);
-
Интолеранција на лактоза.
Како да ги препознаеме бебшките грчеви?
-
Интензивен и неутешен плач кој е проследен со грчеви на лицето, грчење на нозете и испуштање на гасови;
-
Бебето ги трие нозете, ги стега прстите, го свиткува грбот, поцрвенува во лицето, ги повлекува нозете кон градите и ги турка од нив при што ги исфрлува гасовите;
-
Гласното и долготрајно плачење трае повеќе часови, неколку дена во неделата;
-
Вообичаен период на плачење е од 6 часот попладне до полноќ;
-
Бебето плаче веднаш после хранењето.
Како да му помогнеме на бебето при грчеви?
-
При секое доење да се отстрани воздухот со подждригнување (нежно тапкање по пелените и грбот) и со масажа на стомакот;
-
Помага и доколку се ставаат млаки облоги на стомачето на бебето;
-
Користете пробиотици од видот Lactobacillus reuteri во форма на капки;
-
И најважно од се: правилна исхрана на мајката која дои:
-
Да се внесува: големи количества на овошје и зеленчук, како и супи од зеленчук и месо.
-
Да се избегнува: тешка храна (грав, варена зелка), сувомеснати производи и друга храна која во себе содржи конзерванси и адитиви.
-
Како до здрава бременост и здраво бебе!
Клучни витамини и минерали за време на бременост и доење!
Бременоста е специфичен период во кој женскиот организам претрпува значајна промена. Затоа, во овој период особено е важна правилна и балансирана исхрана, со цел телото на жената да биде во состојба да одговори на потребите во периодот на раст и развој на бебето.
„Со нормална исхрана не може да се гарантира доволен внес на клучните витамини и минерали во потребните количини.“
Во ваква ситуација бремените жени, како и оние кои планираат бременост честопати се наоѓаат во дилема дали, колку долго и кои витамински суплементи да ги користат. Имајќи во предвид дека со вообичаена исхрана не можеме да го гарантираме внесот на клучните витамини и минерали во количините потребни. За овој период постои консензус меѓу здравствените работници дека одредени витамини и минерали треба дополнително да се внесуваат, особено во периодот на бременост и доење.
Листа на клучни витамини и минерали за време на бременост и доење:
-
Фолна киселина – Важнa за соодветна подготовка на телото на жените за зачнување, но исто така и за правилен раст и развој на фетусот. Препорачаната дневна доза од 400 ug, бремените жени и жените кои планираат бременост треба да ја внесуваат во т.н. активен облик, бидејќи во спротивно телото не може да ја користи.
-
Железо и витамин Ц – Железото е важен минерал за спречување на појава на анемија. Со оглед на неговиот непријатен вкус особено е важно да биде во обложена (микроенкапсулирана) форма која не остава метален вкус во устата и не предизвикува гадење. За соодветна апсорпција на железо неопходно е да се консумира заедно со Витамин Ц кој создава потребна кисела средина.
-
Магнезиум и цинк – Магнезиумот е значаен минерал кој спречува мускулна слабост и грчеви. Дневните потреби на трудниците се 400 мг магнезиум. Цинкот од своја страна е клучен за имунитетот и се препорачува внес од 10 мг на ден.
-
Калциум и витамин Д – Калциумот кај бремените жени е клучен за развој на коскеното ткиво на плодот и да се сочуваат мајчините коски од мобилизација на калциумот од нив. Витаминот Д помага за вградување на калциумот во коските и треба да се суплементира особено доколку бременоста се одвива во текот период октомври – април, бидејќи синтезата на витамин Д во голема мера зависи од сонцето.
Цистит – како да го препознаеме, да ги намалиме непријатните симптоми и да спречиме повторна појава!
Две третини од жените имаат цистит барем еднаш во животот !?!
Уринарните инфекции се честа причина за посета на лекар, особено кај женската популација. Најчеста уринарна инфекција е т.н. цистит, при што речиси две третини од жените имаат цистит барем еднаш во животот. Циститот е најчест кај сексуално активните жени на возраст од 20 до 50 години, а дури во 25% од случаите инфекцијата се повторува. Заболените во просек имаат симптоми во тек на 6 дена, а 2½ дена имаат ограничена физичка активност и често отсуствуваат од работа!
Ризик фактори:
-
Преладување – температурната иритација на мочниот меур често доведува до симптоми на цистит;
-
Стрес и/или пад на имунитетот – се олеснува пристапот на бактериите, кои се секогаш присутни во непосредна близина околу устата на уретрата;
-
Сексуално преносливи патогени – затоа користете физичка заштита (кондом) и мокрете после сексуален однос;
-
Вметнување на инструменти на уринарниот тракт на пример при катетеризација или цистоскопија;
-
Постара возраст поради: БПХ (мажи), уринарна инконтиненција, слаба подвижност или други состојби при кои нецелосно се празни мочниот меур;
-
Бременост и дијабетес.
Како да го препознаеме?
Пациентите најчесто се жалат на:
-
Болка при мокрење кои оди доста тешко (честопати пациентите велат „само неколку капки“);
-
Печење при мокрење, неколку капки крв се појавуваат на крајот на мокрењето;
-
Итност при мокрење;
-
Болка или грчеви во долниот дел на стомакот веднаш над срамната коска.
Како се лекува?
Најважно е да спроведеме соодветен хигиенодиететски режим:
-
Внесување на најмалку 2 литра вода дневно
-
Почесто празнење на мочниот меур со целосна мускулна масажа
-
Мокрење по секој полов однос
-
Хигиенско бришење (од напред према назад),
Корисни може да бидат и додатоци во исхрана на база на Д-Маноза во доза од 2г (најдобро во комбинација со пробиотици) бидејќи ја намалуваат концентрацијата на E. coli кој е најчест причинител на цистит (90%).
И на крај секако по потреба антимикробна терапија препишана од лекар со цел:
-
Исчезнување на клинички симптоми;
-
Искоренување на инфекцијата.
Како да го подобриме квалитетот на живот во менопауза и да ги превенираме последичните заболувања?
Менопаузата е сосема природна, физиолошка појава која носи значајни промени во животот и однесувањето на жената.
Менопауза е процес кој обично настанува помеѓу 45-55 година од животот на жената и претставува последна менструација во животот. Менопаузата се дијагностицира кога една жена 12 последователни месеци е без менструација. Престанокот на менструалните крварења е последица на недостаток на естрогени при што јајниците престануваат со овулација.
Менопаузата е сосема природна, физиолошка појава која не може да се избегне но, со оглед на тоа што носи значајни промени во животот и однесувањето на жената, важно е да ја препознаеме навреме и да преземеме соодветни чекори за минимизирање на непријатните ефекти.
Симптоми на менопауза
Намаленото ниво на естроген во овој период може да предизвика голем број на вазомоторни и психолошки симптоми:
-
Топли бранови;
-
Напади на црвенило на лицето и вратот;
-
Зголемено потење;
-
Несоница;
-
Нагли промени на расположението (апатија, раздразливост, анксиозност, плачливост, депресија);
-
Главоболка;
Последици од менопаузата
Во периодот после менопаузата (пост менопауза) како резултат на отсуството на естрогени може да дојде и до позначајни нарушувања на здравјето:
-
Покачување на на холестерол и крвниот притисок;
-
Остеопороза;
-
Сувост на кожа и мукозни мембрани;
-
Слабеење на мозочна функција;
-
Уринарна инконтиненција;
-
Рак на дојка.
-
Како да го подобриме квалитетот на живот во менопауза и да ги превенираме последичните заболувања?
Заради непријатноста на менопаузалните симптоми (кај некои жени поизразено а кај други помалку непријатни) и особено заради зголемениот ризик од подоцнежни заболувања, жените во менопауза и пост менопауза е корисно е да вклучат во секојдневната исхрана одредени додатоци:
-
Изофлавони (најдобро од Црвена детелина) Ленено семе и Анѓелика – Го ублажуваат интензитетот и зачестеноста на: топлите бранови, прекумерното потење и срцебиење;
-
Б-Витамини – придонесуваат за намалување на заморот и исцрпеноста;
-
Валеријана и Мелатонин – помагаат за смирување и овозможуваат квалитетен целовечерен сон.
Иако менопаузата е сеуште во многу семејства табу тема особено е важно да се дискутира за неа како за нормална појава но и да се преземат соодветни чекори кои од една страна ќе го заштитат здравјето на жената а од друга страна ќе го зголемат квалитетот на нејзиниот живот!
Какви промени во животниот стил се препорачуваат за да се намали нивото на масти во крвта?
Во случај на недоволен успех со промената на животниот стил корисно е да се вклучат додатоци во исхраната најдобро на база на комбинација од црвен ориз и артичока.
Во контекст на сезоната на „слави“, „имендени“ и претпразничните прослави кои следат би сакал да споделам неколку здравствени совети на тема покачен холестерол. Современиот човек е „осуден“ да живее динамично, со брзо темпо, да консумира нездрава храна и да биде подложен на стрес на секој чекор. Благодарение на овие фактори, си ја нарушуваме општата здравствена состојба уште како млади луѓе. Едно од најчестите нарушувања што ги погодува сè повеќе помлади особи е хиперхолестеринемијата. Хиперхолестеринемијата е дефинирана како покачена концентрација на холестерол во крвта. Холестеролот е липид кој што се синтетизира во црниот дроб, но го внесуваме и со исхраната преку производи од животинско потекло. Тој е одговорен за изградбата на ѕидот на клетките, а истовремено учествува и во синтетизирање на половите хормони и витамин Д. Сепак многу е важно да се одржуваат нормални нивоа на холестерол во крвта бидејќи покачен холестерол води кон атеросклероза која го зголемува ризикот од срцев удар, мозочен удар и кардиоваскуларни заболувања.
Нормалните вредности за холестерол во нашиот организам се следни:
-
Вкупен холестерол (< 5.0 mmol/l);
-
LDL холестерол (< 3.0 mmol/lit) – тн. лош холестерол;
-
HDL холестерол ( >1.0 mmol/lit) – тн. добар холестерол.
Кои се ризик фактори за покачен холестерол?
-
Прекумерен внес на калории и алкохол;
-
Неправилна исхрана т.е исхрана богата со масти посебно од животинско потекло, а сиромашна со овошје, зеленчук и интегрални житарици;
-
Седечки начин на живот, физичка неактивност и прекумерна тежина;
-
Стрес и нередовен живот;
-
Генетски фактори, пол и возраст. Најголем ризик за развој на хиперхолестеринемија имаат мажи над 40 год. и жени над 50 год. (пост менопауза) – поради намалени естрогени хормони, и затоа овие категории на луѓе треба редовно да вршат контрола на мастите во крвта.
Kои се последиците од покачени нивоа на холестерол?
Покачен холестерол е ризик фактор за атеросклероза: Атеросклерозата е појава индицирана од вишок на холестерол во крвта при што се формираат плаки, кои ги затнуваат артериите и го спречуваат нормалниот проток на крвта низ организмот што го зголемува ризикот од покачен крвен притисиок, срцев удар, мозочен удар и други кардиоваскуларни заболувања. Се смета дека главен причинител за атеросклерозата е лошиот ЛДЛ холестерол.
Прочитајте: Како хороскопските знаци ја поднесуваат зимата
Какви промени во животниот стил се препорачуваат за да се намали нивото на масти во крвта?
1. Промени во режимот на исхрана.
Ако имате зголемено ниво на ЛДЛ-холестерол, треба да консумирате:
-
Интегрални жита, овесен или ‘ржан леб;
-
Млечни производи со 1 отсто масти;
-
Бистра супа со месо, зеленчук или риба;
-
Сите видови бела и сина риба-(добар извор на омега 3);
-
Пилешко и мисиркино месо без кожа, варено посно говедско месо;
-
Маслиново масло наместо сончогледово масло;
-
Сите видови варен или суров зеленчук;
-
Свежо овошје и конзервирано, но незасладено овошје;
-
Природни овошни сокови, вода, чај.
Треба да се избегнуваат следниве продукти:
-
Бел леб, лиснато тесто;
-
Полномасно млеко и млечни производи (павлака, сирење, итн.);
-
Свинско месо и сушени свински производи (колбаси, сланина);
-
Путер, свинска маст, маргарин;
-
Пржен зеленчук (помфрит, чипс);
-
Колачи со путер и маргарин, торти со кремови.
2. Редовна физичка активност, најмалку 30 минути секој ден.
3. Редовна контрола на тежината (еднаш неделно) и крвната слика (секои 3 месеци).
4. Престанок на пушење на цигари и редукција на внес на алкохол (до 100-200 мл црвено вино на ден).
Во случај на недоволен успех со промената на животниот стил корисно е да се вклучат додатоци во исхраната најдобро на база на комбинација од црвен ориз и артичока. Црвениот ориз содржи Монаколин К кој е природен статин кој го инхибира ензимот HMG-CoA редуктаза и на тој начин ја стопира синтезата на холестерол во црниот дроб. Артичоката делува холеретично и го намалува покачениот холестерол, на тој начин што го зголемува лачењето на жолчка, поради што црниот дроб е во состојба засилено да го претвора холестеролот во жолчни киселини.
Респираторни инфекции – најчест здравствен проблем во есенско-зимскиот период!
Избегнувајте посети на лекарски ординации доколку нема реална потреба за тоа!
Есенско-зимскиот период е време кога лекарските ординации и аптеките се полнат со пациенти од најразлична возраст но сепак најпогодена е педијатриската популација и повозрасните. Ова е т.н. сезона на респираторни инфекции кои ако не се третираат навреме и на правилен начин честопати преминуваат по посериозни заболувања како синузит, бронхит па дури и бронхопневмонија, и потоа закрепнувањето оди тешко и бавно а понекогаш остануваат и пододолгорочни последици.
Компликациите споменати погоре (синузит, бронхит , бронхопневмонија) најчесто настануваат кога после навидум лесни вирусни заболувања на горните дишни патишта (настинка, грип) ослабува имунитетот и стануваме подложни на напад од бактериски патогени (стафилококи, стрептококи, Moraxеlla catarrhalis, Haemophilus influenza, Mycoplasma pneumoniae, Chlamidia pneumoniae итн.) и се развива посериозна бактериска инфекција на горните дишни патишта (синузит), а понекогаш зболувањето се спушта и подолу во белите дробови (бронхит).
Ризик фактори за развој на Респираторни инфекции?
-
Престој во ладна и влажна средина или изложеност на ветер;
-
Престој на децата во колектив (градинка, училиште);
-
Присуство на хронични иританси, (чад од цигари и загадени воздух);
-
Кариасни заби и лоша забна хигиена;
-
Лоша хигиена на раце и контакт со заболени лица;
-
Слаба исхрана (недоволен внес на витамини и минерали) и мала физичка активност;
-
Пад на имунитетот.
Како да ги превенираме респираторните инфекции?
-
Соодветно облекување и заштита на влезните точки за респираторните инфекции (уста,нос);
-
Избегнување на физички активности на отворено во услови на ветер, студен и/или загаден воздух;
-
Избегнување на простории во кои се пуши;
-
Избегнување на контакт со заболени лица како и посети на лекарски ординации доколку нема реална потреба за тоа;
-
Добра лична хигиена;
-
Соодветен внес на свежо сезонско овошје и зеленчук (400г на ден) и доволен внес на вода (2л на ден);
-
Засилување на имунитетот во есенско зимскиот период со внесување зголемени количини на пробиотици, бетаглукани, цинк (10мг/ден) и витамин Ц (200мг/ден).
Што да преземеме при првите симптоми за да спречиме компликации на болеста?
Во случај на први симптоми на респираторни инфекции: течење на нос, болка во грло, кашлање, температура, итн. корисно е да ги преземеме следниве чекори:
-
Зголемете го внесот на Витамин Ц (до 1г на ден) и Цинк (10мг/ден). Витамин Ц и Цинк помагаат за создавање на лимфоцитите и го подигаат нашиот имунитет;
-
Зголемете го внесот на течности (до 3л) и по потреба ОРС (орални рехидратациски соли) – поради опасност од дехидрација при покачена температура;
-
Користете топли хербални чаеви, мед и прополис за стабилизирање на болното грло;
-
Во случај на температура повисока од 37,5°C користете антипиретици (парацетамол или комбинации);
-
Симптоматски третман на течењето на нос: преку ден измивање со солени раствори + инхалации со етерни масла, навечер капки за нос (стопирање на секрецијата) до 7 дена;
-
Одморете и намалете го контактот со други лица;
-
Не земајте антибиотици на своја рака! Не делуваат на вирусните инфекции туку само го ослабуваат вашиот имун одговор!
Доколку симптомите перзистираат повеќе од 3 дена без подобрување или температурата е над 38°C:
-
Направете диференцијална крвна слика (за деца и CRP);
-
Направете брис од грло и/или нос;
-
Обратете се на вашиот матичен лекар.
Менаџерски синдром/Burn-out синдром– болест на модерното време!
Менаџерски синдром кој се јавува како последица на долготрајна, прекумерна и хронична изложеност на стрес на работното место.
Модерниот човек честопати, под притисок на секојдневните обврски, несвесно влегува во повторливо погубно сценарио: рано станување, брзање, подготовка за на работа, носење на децата во градинка/училиште и константна стресна трка со времето што на крајот од денот резултира со сериозни здравствени нарушувања. Во науката е опишан т.н. менаџерски синдром кој се јавува како последица на долготрајна, прекумерна и хронична изложеност на стрес на работното место. Првобитно се сметало дека од овој синдром најчесто патат луѓе на раководни позиции, бизнисмени, хирурзи, авио-контролори, берзантски брокери и други луѓе под силен и континуиран психофизички притисок. Сепак денес терминот менаџерски синдром го вклучува и т.н. burn-out синдром (синдромот на прегорување) и се однесува на сите оние кои не успеваат да се изборат со секојдневната борба со обврските и времето.
Ризик фактори за појава на т.н.менаџерски синдром:
-
Канцелариска работа и долг временски период поминат во столица или во автомобил.
-
Недостаток на физичка активност (под изговор дека немаме време?!?).
-
Продолжено работно време – 10 и повеќе часови дневно.
-
Преоптовареност со обврски, мултитаскинг (вршење повеќе работи истовремено) .
-
Лоша организација на работното место и постојана „итност“ во решавање на проблемите.
-
Континуиран притисок за остварување на продажни таргети.
-
Бројни и долготрајни стресни состаноци.
Симптоми на менаџерскиот синдром:
-
Психички нарушувања како резултат на континуираниот стрес: расеаност, раздразливост, напнатост, хиперактивност, анксиозност и несоница. Последиците се исцрпеност, чувство на неценетост, незаинтересираност за работата и домот, повлекување и депресија.
-
Зголемена телесна тежина, покачен холестерол и крвен притисок, како резултат на седечкиот начин на живот и лоша и прекумерна исхрана.
-
Срцеви тегоби: срцебиење и аритмија, како резултат на прекумерен внес на кофеин, продолжениот стрес и неквалитетниот сон.
-
Проблеми со ‘рбетот (искривување, дископатија, дискус хернија итн.) поради долгото и неправилно седење. Ова е пропратено со силна болка во половината или вратот, намалување на подвижноста, вртоглавици, невралгични болки итн.
-
Пад на имунитетот и подложност на инфективни болести.
Доколку се препознавате во опишаниот профил или веќе имате некој од горе споменатите симптоми важно е веднаш да преземете одредени чекори како би избегнале драматично нарушување во квалитетот на вашиот живот.
-
Организирајте се и направете листа со приоритети! Делегирајте дел од прекумерните обврски на вашите колеги или други членови од семејството!
-
Не оставајте незавршени работи, тоа е најкраткиот пат до мирен сон!
-
Најдете време за себе! Одберете повторливи термини во текот на денот/неделата кои се за вашето хоби и јасно информирајте ги за своето отсуство вашиот партнер/пријатели/колеги.
-
Најдете време за физичка активност! Физичката активност е „убиец“ на стресот!
-
На секој час поминат во седечка положба, движете се барем 5 минути. Наместо во канцеларија испијте го вашето кафе надвор!
-
Одберете термин за одговарање на пораки! Вие контролирајте го времето а не тоа вас!
-
За време на семејниот ручек или во вечерните часови задолжително исклучете го вашиот мобилен телефон! Почитувајте ги блиските и себеси!
-
После тежок состанок, земете 5 минути за себе, дишете длабоко и ослободете се од непријатните мисли.
-
Релаксирајте го вашиот мозок и тело пред спиење. Прочитајте дел од омилената книга, направете за себе топла купка и исклучете ги сите светла. Доколку и ова не ви помага за заспивање користете природни производи на база на мелатонин, валеријана и маточина. Тие ќе Ве опуштат и припремат за мирен целовечерен сон!
Воспаление на синусите – упорен и непријатен здравствен проблем во зимскиот период
Неколку совети како да ги намалиме непријатните симптоми на синузитот!
Еден од најчестите, најупорните и најнепријатните здравствени проблеми во зимскиот период е секако воспалението на слузокожата на параназалните шуплини – синуси или т.н. синузит. Причините за зачестената фрекфенција на синузитите во овој период од годината лежат пред се во ладното и влажно време, ветрот, загадениот воздух и пушење во затворен простор.
Кои се ризик фактори за развој на синузит?
-
Претходни вирусни инфекции на горните дишни патишта и/или нелекувана настинка;
-
Несоодветно лекување на бактериски акутни горнореспираторни инфекции. Најчести бактериски причинители за синузитис се пнеумококите, стрептококите, Moraxalla catarrhalis, Haemophilus influenza итн;
-
Алергиски реакции или некоја автоимуна болест;
-
Девијација на носната преграда, природно мали синусни отвори или присуство на назални полипи;
-
Кариасни заби во горна вилица.
Кои се најчестите симптоми по кои препознаваме дека страдаме од синузит?
-
Оток на носна и синусна слузница и запушување на носот и природни синусни отвори;
-
Зголемено лачење на секрет од носот (ринит) кој првите 2-3 дена е бистар а подоцна жолтозелен. Секретот се спушта и кон грлото и белите дробови и може да предизвика секундарни инфекции и на овие органи;
-
Главоболка – поради тоа што отечената слузница на носот го затнува синусниот отвор па не може да се изедначи притисокот во носот и синусите;
-
Лош здив и намалено сетило за мирис;
-
Кашлање и проблеми со спиењето.
Како да си помогнеме при проблеми со синусите?
Третманот најчесто зависи од причинителите за што ни е неопходна консултација со лекар. Сепак имајќи во предвид дека многу од нас честопати страдаат од синусни проблеми од вирусна етиологија еве неколку совети како да ги намалиме непријатните симптоми:
-
Испирање на носната шуплина со солени раствори (спреј со NaCl) неколку пати на ден;
-
2 пати дневно инхалација на комбинација од физиолошки раствор или хипертоничен солен раствор, ACC (acetil cistein) и/или етерични масла, со цел отпушување и чистење на синусите;
-
Деконгестиви навечер во траење од најмногу 7 дена, со цел да се намали отокот на слузницата и лачењето на секрет како и да се олесни спиењето;
-
Зрачење на синусите со инфра црвена ламба со цел намалување на секрецијата, навечер пред спиење;
-
По потреба користење на аналгетици со цел намалување на главоболката;
-
Засилување на имунитетот преку соодветна минералновитаминска подршка (цинк, витамини Ц и Д), како и долгорочна употреба на пробиотици и бетаглукани;
-
Избегнување на зачаден и загаден воздух.
Доколку проблемите перзистираат повеќе од 7-10 дена можеби станува збор за бактериска инфекција што ќе бара соодветна лекарска помош. Бактериските синузити се третираат антибиотски а доколку имаат и алергиска компонента во терапијата се вклучуваат и кортикостероиди и антихистаминици. Доколку имаме појава на рецидивирачки и хроничен синузит корисна е и консултација со ОРЛ специјалист кој во случај на неуспех на конзервативната терапија може да советува и хируршки третман.
Синузитот знае да биде сериозен здравствен проблем кој бара подолготраен треман, затоа почитувајте ја препишаната терапија од лекар!
Витамин Д – клучен елемент за здрав раст и развој на Вашите деца!
Дури 70% од населението во нашата климатска зона во зима се во дефицит од Витамин Д.
Ниското ниво на сончеви зраци кое го примаме во есенско-зимскиот период, како и фрапантниот податок дека дури 70% од населението во нашата климатска зона во зима се во негов дефицит, ме натера денешниот здравствен совет да го посветам на Витаминот Д.
„Витамин Д е познат имуномодулатор кој докажано го зајакнува имунолошкиот систем“
Витамин Д е неопходен за организмот уште од најрана возраст бидејќи ја помага апсорпцијата на калциум и фосфор од исхраната и на тој начин обезбедува здравје и правилен раст и развој на коските и на забите. Поради промените во животниот стил и „животот во затворен простор“ денес на глобално има 4 пати повеќе случаи на рахитис (омекнување и деформирање на коските) отколку пред 15 години.
Покрај тоа витамин Д е познат имуномодулатор кој докажано го зајакнува имунолошкиот систем и помага во борбата против инфекциите преку негово учество во продукција на моноцитите и Т-лимфоцитите. Бројни истражувањапотрврдуваат дека консумирање на витамин Д помага за намалување на воспалителните процеси при респираторните и гастроинтестиналните заболувања.
На крајот, потврдено е дека учествува и во изградбата и развојот на нервниот систем и мозокот, а помага и во превенција и третман на атопичен дерматит
Знаци кои упатуваат на сомнеж за недостаток на витаминот Д:
-
Деформитети на коските и низок раст;
-
Чести респираторни проблеми и инфекции;
-
Чешање на кожата и болки во мускулите;
-
Темна боја на кожа;
-
Изразено потење на челото;
-
Проблеми со варењето.
Покрај тоа, недостатокот на витаминот Д се поврзува и со појавата на срцеви болести, карцином, мултиплекс склероза, дијабетес, автоимуни заболувања и др.
Како да се спречи недостатокот на витаминот Д:
-
Редовна изложеност на сончева светлина, при што секако во летниот период го избегнуваме периодот помеѓу 11-17 ч поради штетноста на УВ зраците.
-
Внесување на соодветна храна во која е присутен како про-витамин Д:
-
Риба (лосос, сардина, туна);
-
Месо (свинско месо);
-
Јајца (жолчка);
-
Млеко (полномасно) и млечни производи;
-
Печурки (шитаке).
-
-
Внесување на додатоци во исхраната. Витамин Д, познат како сончев витамин, може да се произведува во телото од внесената храна само како одговор на изложување на сонце и затоа е особено важно да се внесува дополнително во зимските месеци. Затоа мнозинството на педијатри и ортопеди советуваат:
-
Континуиран секојдневен внес на додатоци во исхрана со витамин Д во количина од 400 ИЕ од раѓање до крајот на првата година од животот. Поради синергистичкото дејство со некои пробиотици (L.Rhamnosus, LGG) во развојот на стомачниот имунитетнајпрепорачувани се комбинирани капки: пробиотици + витамин Д.
-
Децата од втората до петтата година од животот како и во период на пубертет, во периодот од септември до мај треба да внесуваат додатоци во исхрана со витамин Д во количина од 400 ИЕ еднаш на ден. Со оглед на заедничкото дејство во градење на мисловните процеси и имунитетот најдобра е употреба на комбинирани препарати на витамин Д и омега-3 масни киселини.
-
Како да ја превенираме БХП и да ги ублажиме нејзините симптоми
Водете умерен живот, без прекумерна употреба на жестоки алкохолни и газирани пијалоци, како и храна без конзерванси и надразнителни додатоци за да не станете пациенти прерано!
Денешниот здравствен совет ќе го посветам на машкото здравје и најчестото заболување кај мажи постари од 50 години – Бенигна хиперплазија на простата (БХП).
БХП претставува немалигно (неканцерогено) зголемување на простатата, чија фреквенција се зголемува со возрaстa, а притоа предизвикува симптоми карактеристични за долниот уринарен тракт. Инциденцата на ова заболување расте со возраста, почнувајќи од 8% од мажите во четвртата деценија, до 90% во деветтата деценија од животот. Простата расте со што го притиска мочниот канал што може да предизвика задржување на урината назад во мочниот меур.
Карактеристични симптоми за БХП при кои треба да се јавиме на лекар
-
Потреба од почесто уринирање преку ден и во текот на ноќта (ноктурија).
-
Потреба од итно мокрење и уринарна инконтиненција.
-
Бавен проток на урина, тешкотии во мокрењето, испрекинато мокрење, појава на крв во урина.
-
Почести инфекции на уринарниот тракт (поради задршка на урината).
Како да ја превенираме БХП и да ги ублажиме нејзините симптоми?!?
-
Најдобра заштита од БПХ се редовни медицински прегледи, кои вклучуваат испитување на простатата. Мажите по 45-годишна возраст, особено доколку во својата фамилијарна анамнеза имааат заболување од овој тип, треба да прават редовни прегледи на простата.
-
Промени во стилот на живот може да биде корисни за луѓе со често мокрење. Овие измени вклучуваат:
-
избегнување на внес на течности пред спиење или напуштање на станот;
-
конзумирање на помали количини на течност кои што ја зголемуваат фреквенцијата на мокрење (на пр. кофеин, газирани пијалоци и алкохол);
-
во случај на двојно празнење, човекот треба да го испразни мочниот меур, да почека момент, а потоа да се обиде повторно да уринира;
-
да се избегнуваат стресни и нагли движења.
-
-
Сите мажи со БХП треба да избегнуваат лекови кои ги влошуваат симптомите или може да предизвикаат уринарна ретенција. Тука спаѓаат седативни антихистаминици (на пример, дифенхидрамин) и деконгестиви.
Советот до младите е да водат умерен живот, без прекумерна употреба на жестоки алкохолни и газирани пијалоци, како и конзумација на здрава храна без конзерванси и надразнителни додатоци за да не станат пациенти прерано. Многу важно е да се препознаат симптомите карактеристични за БХП и тие навреме да се пријават на лекар. Раната дијагноза значително го подобрува квалитетот на живот и успешноста на терапијата и ја намалува потребата од оперативен третман.
Прва помош при појава на акутна дијареа
Главна прехрамбена и терапевтска цел при дијареа е да се избегне дехидрацијата.
Еден од најнепријатните симптоми на стомачните нарушувања е секако дијареата или народски кажано пролив. Дијареата се карактеризира со зголемена содржина на вода во столицата како и најмалку 3 течни столици дневно. Покрај ова се јавува и: стомачна болка и грчеви, раздразливост, омалаксаност, температура и повраќање. Дијареата кај возрасните значајно го нарушува квалитетот на живот и го оневозможува тековното работење, додека кај децата може брзо да доведе до дехидрирање што е многу опасно и во некои случаи животно загрозувачко. Токму затоа главна прехрамбена и терапевтска цел при дијареа е да се избегне дехидрацијата.
Зошто се јавува дијареата и кои се ризик фактори?
Дијареата се јавува како последица од нарушување на црвената микрофлора и уништувањето на нормално присутните добри бактерии во неа. Најчести причини за нарушување на црвената микрофлора се:
„Не е препорачливо да се пијат овошни сокови или газирани пијалоци“
-
Стомачни вирусни инфекции предизвикани од ротавируси , ентеровируси и аденовируси. Овие инфекции се пренесуваат обично преку недоволно измиено овошје и зеленчук, нечиста вода, валкани раце, премети (детски играчки, прибор за јадење) и секако во контакт со заболено лице. Карактеристично за стомачните вирози е тоа што членовите на целото семејство се заразуваат еден од друг, по инкубација од еден до три дена.
-
Стомачни бактериски инфекции предизвикани од Salmonella, Campylobacter jejuni, Shigella i Escherichia coli. Бактериските инфекции се почести во летните месеци и честопати се поврзани со т.н. труење со храна (или загадена вода) – пред се недоволно термички обработена храна (или несоодветно чувана), како месото и јајцата, мајонез, кремови или домашни сладоледи.
-
Патувачки цревни инфекции причинети од промена на климатските услови (долга изложеност на сонце), плажа (недоволна хигиена на рацете), како и консумирање на различен вид на храна и вода. Цревната инфекција, честопати потекнува и од водата за капење (море, езеро, река, базен).
-
Антибиотска терапија – особено со пеницилини и цефалоспорини и ако е подолготрајна од 5 дена. Најчест несакан ефект од примената на антибиотиците е т.н. ААД (антибиотски асоцирана дијареа) поради што се препорачува задолжително користење на пробиотици при секоја антибиотска терапија.
-
Лоша и недоволно балансирана исхрана, во која недостасуваат растителни влакна.
Што можеме да преземеме за да ја превенираме појавата на дијареа?
-
Водење на висока лична хигиена како и хигиена во домот, возилото и на работното место! Се препорачува миење на рацете пред секој оброк, чистење и дезинфекција на површините а особено на детските играчки.
-
Избегнување контакт со заболените, а доколку е член на семејството, намалено време поминато во иста соба, често проветрување на просторијата и секако користење на посебен прибор за јадење.
-
Темелно миење на овошјето и зеленчукот пред консумирање.
-
Храната која се конзумира треба да биде добро термички обработена (месо), да се јаде во проверени локали а остатоците од храна брзо и добро да се затворат и да се одложат во фрижидер.
-
Придржувајте се кон балансирана диета, богата со овошје, зеленчук и интегрални житарки кои ќе овозможат доволен внес на растителни влакна.
-
Превентивно внесувајте пробиотици, особено во периоди на стрес, конзумација на брза храна, пред патувања и во тек на антибиотска терапија!
Прва помош при појава на акутна дијареа?
Хидрирајте го организмот соодветно!
Се препорачува пиење на превриена и оладена вода збогатена со ОРС (орални рехидратациски соли) раствор за да се надополнат течностите кои се изгубени. Со орална рехидрација треба да се започне што побрзо – ОРС треба да се даде веднаш штом започнат симптоми на акутна дијареа со цел да се спречат компликациите. Може да се пијат и чаеви (нане) кои ги намалуваат стомачните тегоби, како и бистри супи или бујони бидејќи ја надополнуваат потребната сол. Бебињата треба да продолжат со доењето!
„ОРС треба да се даде веднаш штом започнат симптоми на акутна дијареа со цел да се спречат компликациите“
Прилагодете ја исхраната!
Растителните влакна помагаат да се аспорбира повеќе вода и да се направи нормална столица и со тоа да се стопира дијареата. Храната богата со шеќери како што се слатките, тестенините и лебот треба да се исклучи, бидејќи шеќерите ја разредуваат и онака течната столица. Не е препорачливо да се пијат овошни сокови или газирани пијалоци.
Земете пробиотици!
Пробиотиците се исклучително важни за време да дијареа и повраќање, бидејќи го враќаат балансот на бактериите во гастроинтестиналниот тракт. Најпрепорачувани типови на пробиотици се млечно киселинските бактерии (Lactobacillus rhamnosus GG, Lactobacillus acidophilus и Bifidobacteria) како и пробиотската габа Saccharomyces boulardii. Корисно е да бидат во комбинирани препарати со пребиотици (храна за пробиотиците), цинк и витамин Б6 бидејќи на тој начин ефективноста во сузбивање на дијареата е најголема.
Обратете се на лекар!
Лекарска помош е потребна доколку дијареата и/или повраќањето се перзистентни и не можеме да извршиме правилна рехидратација по орален пат. Кај бебињата ако нема ниту 1 мокра пелена во рок од 8 часа треба да се побара медицинска помош.
Во случај на силно изразена клиничка слика, може да биде потребна и хоспитализација и затоа е важно брзо да се реагира.
Уринарна инконтиненција – голем здравствен проблем особено кај женската популација
Неколку практични здравствени совети за самопомош при уринарна инконтиненција!
„Неспособност да се задржи урината во мочниот меур поради намалена контрола врз урнарниот сфинктер се вика уринарна инконтиненција.“
Еден од најголемите животни проблеми на популацијата над 50 години (а особено жените) е т.н. уринарна инконтиненција. Уринарна инконтиненција е неспособност да се задржи урината во мочниот меур поради намалена или изгубена контрола врз урнарниот сфинктер. Во суштина зборуваме за неволно испуштање на урината од телото поради што драматично се нарушува квалитетот на животот на човекот. Потребата за мокрење доаѓа одеднаш, и најчесто не може да се стигне навреме до тоалет, а се зголемува и бројот на ноќни мокрења. Најчесто се јавува при кашлање, кивање, трчање, дигање на тешки предмети, брза промена на положбата на телото (на пример: при брзо станување и седнување) или при други физички активности.
Пациентите со уринарна инконтиненција имаат значајни животни ограничувања:
-
Физички ограничувања – како што се проблеми во движењето и извршувањето на работните и домашните обврски , пореметување на сонот а со тоа и замор отежната концентрација, пореметена исхрана;
-
Психолошки ограничувања – депресија, чувство на вина, страв од мислењето на околината и недостаток на самодоверба;
-
Социјални ограничувања – избегнување на друштво, избегнување на патувања, избегнување на сексуални односи и потреба од постојана достапност на тоалет.
Кои се ризик фактори за појава на уринарна инконтиненција?
-
Прекумерна телесна тежина;
-
Акутна уринарна инфекција;
-
Менопауза (женска популација 45-55 години);
-
Прекумерна употреба на алкохол и кофеински напитоци;
-
Постари лица, каде мускулот стегач и неговата инервација станале некомпетентни за задржување урината;
-
Пациенти со одредени здравствени состојби: зголемена простата (БХП-кај мажи) или карцином на простата, невролошки пореметувања (Паркинсонова болест, Алцхајмерова болест, полинеруопатии, вертебрална траума и др.) жени со тешки породувања и акушерски интервенции, пациенти по тешки операции во малата карлица, дијабетес, артериска хипертензија, хронична бубрежна инсуфициенција после зрачење итн.
-
Некои лекови (антихипертензиви, седативи, мускулни релаксанти, високи дози на витамините B и C).
Прочитајте: Недостаток на одреден хормон во мозокот може да доведе до
прекумерно јадење
Прва помош при уринарна инконтиненција?
Правилен третман на основната болест, може да доведе и до лекување на инконтиненцијата; на пример лекување на БХП, хроничниот опструктивен бронхит, шеќерната болест, хипертензијата и др. Третманот пак на некои форми на стрес инконтиненција е исклучиво оперативен, но третманот на мешаниот тип и ургентната инконтиненција е можен со медикаменти т.н. антимускариници.
Сепак има неколку работи кои може да ги преземеме за да си помогнеме во ситуација на уринарна инконтиненција:
-
Намалување на употреба на алкохол, цигари и кофеин;
-
Намалување на телесната тежина;
-
Намалување на интензивни физички активности;
-
Правење на кегелови вежби со цел зајакнување на карличните мускули;
-
Модификација на внес на течности (пр. невнесување на течности навечер) и тренинг на мочниот меур т.е. мокрење на одредени периоди и комплетно празнење на бешиката.
Како да си помогнеме доколку сме склони кон појава на вртоглавици?
Во рана пролет се интензивира проблемот со вртоглавици кај голем број на пациенти.
Периодот на рана пролет се карактеризира со временска нестабилност, чести промени на воздушниот притисок и појава на нови алергени. Една од последиците на овие појави е и интензивирање на проблемот со вртоглавици кај голем број на пациенти.
Вртоглавицата (вертиго) се дефинира како чувство дека личноста или средината наоколу се движи или се врти и како резултат на тоа доаѓа до губење на рамнотежа. Вртоглавицата е субјективно чувство и може да биде резултат на различни патофизиолошки процеси.
Ова чувство може да биде незабележливо или може да биде толку често што ги попречува секојдневните активности. Напад на вертиго може да се јави неочекувано и да трае неколку секунди или може да трае многу подолго.
Кои други симптоми се асоцирани со вртоглавицата?
-
Гадење и повраќање;
-
Тремор на окото (нистагмус);
-
Главоболка;
-
Зуење на ушите и/или ослабување на слухот;
-
Чувство на губење на рамнотежа (при што се пациентите често се навалуваат на една страна).
Кои се најчести причини за појава на вртоглавица?
-
Алергија поврзана со конгестија на синуси;
-
Вестибуларни нарушувања кои поттикнуваат т.н. позициско вертиго;
-
Воспаленија на внатрешното уво најчесто предизвикана од вируси. Инфекцијата ги зафаќа нервните завршетоци кои испраќаат сигнали до мозокот и се одговорни за одржување на рамнотежата на телото.
-
Повреди на главата и/или вратот, мозочен удар или тумор на мозокот;
-
Лекови кои предизвикуваат нарушување на функцијата на увото како и силни, мигренозни главоболки.
-
Недоволен внес на калории и вода!
Како да си помогнеме доколку сме склони кон појава на вртоглавици?
-
Штом личноста почувствува дека губи рамнотежа, веднаш да седне и да мирува некое време.
-
Доколку некое движење вообичаено предизвикува вргоглавица, тогаш тоа движење треба да се прави бавно, а при станување од кревет навечер се препорачува палење на пригушено светло.
-
Променете го начинот на живот: намалување на стресот, внес на доволни количини на вода, јадење на здрава храна и намален внес на сол.
-
Одбегнувајте кофеин, пушење и алкохол.
-
Одбегнувајте возење, пливање, качување по скали и други активности кај кои нападот на вртоглавица би можел да доведе до посериозни повреди.
Мерки за прва помош при дехидратација
Дехидратацијата е состојба кој подразбира прекумерна загуба на течности во телото.
Општо познато е дека водата е неопходна за правилно функционирање на човечкиот организам. Речиси 70% од телесната тежина на човекот отпаѓа на вода и е вклучена во скоро сите процеси во телото. Со оглед на тоа што водата континуирано се троши преку дишење, потење и уринирање, од витална важност е да обезбедиме секојдневен континуиран внес на течности. При тоа потребата на телото од течности се зголемува со зголемување на активноста и генерално сите луѓе треба да внесуваат 2-3 литри течност секој ден.
Дехидратацијата е состојба кој подразбира прекумерна загуба на течности во телото. Дехидратацијата може да се сретне на било која возраст, но е најопасна кај мали деца а особено во доенечка возраст, и кај старите лица.
Кои се најчести причини за појава на дехидратација?
Дијареа предизвикана од бактерии или вируси. Почести се вирусните инфекции, а кај малите деца и доенчиња пред се ротавируси. Бактериските инфекции се почести во летните месеци и при патувањата. Најчести причинители се: Salmonella, Campylobacter jejuni, Shigella и Escherichia coli.
-
Повраќање;
-
Зголемена телесна температура;
-
Недоволен внес на течности или прекумерно потење (спортисти);
-
Често мокрење;
-
Прекумерен внес на алкохол;
-
Изгореници и други значајни оштетувања на кожата.
Кои се симптомите на дехидратација?
-
Жед и сувост во устата;
-
Главоболка;
-
Малаксаност, поспаност и вртоглавица;
-
Слабост во мускулите;
-
Намалено производство на урина која е со силна жолта боја;
-
Отсуство на солзи и потење;
-
Намален крвен притисок и тахикардија.
Мерки за прва помош при дехидратација
Треба да се спроведе брза перорална рехидрација во период од 3-4 часа, и што побрзо да се воспостави нормална исхрана.
-
Одмарајте и не се изложувајте на физички напори;
-
Зголемете го внесот на чиста вода, хербални чаеви или бистри супи за да се надополнат течностите кои се изгубени;
-
Започнете со внесување на орални рехидратациски соли (ОРС). Овие раствори ги надополнуваат изгубените екетролити пред се: натриум (Na+), калиум (K+), калциум (Ca2+), хлориди (Cl−) како и јаглехидрати. Употребата на овие раствори се прави голтка по голтка со временски интервали од 5 минути;
-
Решете го причинителот за дехидратацијата! Ако имате висока температура намалете ја со млаки тушеви и/или антипиретици и не се преоблекувајте;
-
Доколку дехидрацијата е предизвикана од дијареа корисно е да се внесуваат и пробиотицизбогатени со цинк и витамин Б6 за да се намали губитокот на вода;
-
Доколку дехидратацијата е предизвикана од дијареа и/или повраќање кои се перзистентни и не можеме да извршиме правилна рехидратација по орален пат обратете се на лекар;
-
Доколку кај бебињата ако нема ниту една мокра пелена во рок од 8 часа, треба веднаш да се побара медицинска помош.
Како до здраво и трајно намалување на тежината
До витка става и здраво тело се доаѓа со континуиран баланс помеѓу правилната исхрана и физичката активност!
„Нема „здравје со една капсула“ ниту слабеење со магично стапче.“
Летото наближува а со тоа расте нашиот интерес што подобро да изгледаме на плажа. Голем дел од нас поминуваат се повеќе време во спортските сали, фитнес центрите или планинарат и џогираат на отворено. Сепак не смееме да зборавиме дека вечната борба за симнување килограми, одржувaње на идеална тежина и здраво тело не се добива само со „кампањско“ вежбање и потење. Таа борба пред се се добива со секојдневна правилна исхрана. За жал голем број луѓе не го почитуваат непишаното правило да се хранат избалансирано и разновидно, секој ден во одредено време, туку поради обврските, јадат „и за после“. Исто така не треба да заборавиме дека со текот на годините доаѓа до забавување на метаболизмот, и со тоа честопати до зголемување на телесната тежина. Исто така, нарушувањето на соодносот на бактериите во цревната микрофлора, доведува до создавање и до одржување на дебелината кај човекот.
Како до здраво и трајно намалување на тежината!
Нема „здравје со една капсула“ ниту слабеење со магично стапче. Не заборавајте дека се што е претерано е опасно и не се изложувајте на прекумерни диети кои се ризик по вашето здравје и може да Ве остават со нарушена крвна слика, стрии и чувство на хроничен замор. Напротив до витка става и здраво тело се доаѓа со континуиран баланс помеѓу правилната исхрана и физичката активност. Промената на вашето тело секогаш доаѓа од промената на вашиот ум.
-
Јадете помали оброци 3-5 пати на ден. На тој начин му овозможувате на организмот да ги потроши внесените калории наместо да ги складира како масти;
-
Хранете се, пред сè, со сурова непреработена или незготвена храна во нејзината оригинална форма. Исклучете ги од исхраната: заситените масти, шеќери и бели пецива, а наместо тоа збогатете ја исхраната со овошје и зеленчук, интегрални житарки и риба;
-
Не го избегнувајте доручекот, а наместо да ужинате на работното место брза храна или нездрави грицки, подгответе си овошна салата;
-
Не јадете после 19 часот. Навечер метаболизмот е побавен и сме помалку активни што резултира со зголемена тежина кај оние кои доцна вечераат;
-
Пијте 2-3 литри вода дневно. Водата е важна за сите метаболички процеси и го зголемува чувството на ситост;
-
Имајте редовна умерена физичка активност три до пет пати во неделата, во времетраење од еден час. Физичката активност го забрзува метаболизмот и помага за контрола и намалување на телесната тежина;
-
Внесувајте доволно пробиотици! Пробиотиците го забрзуваат движењето на храната низ црева, го стабилизираат метаболизмот и го олеснуваат варењето на храната. На овие начини пробиотиците помагаат за здраво и трајно намалување на тежината кај човекот.
Како да се справиме со непријатните симптоми на надуеност и гасови
За да ја намалите подуеноста на стомакот, потребно е да ја избегнувате или да го намалите внесот на храната која што предизвикува гасови.
Појавата на честа подуеност на стомакот и интестинални гасови знае во голема мера да влијае на нашите секојдневни активности, комуникацијата со останатите луѓе и нашата самодоверба воопшто. Притоа овие појави најчесто се предизвикани од голтање на воздух и од неправилно варење на храната поради нарушен цревен баланс. Сепак во најголем дел причините лежат во нашиот животен стил и токму затоа со промени во нашето однесување честопати можеме да го минимизираме прекумерното создавање на гасови во стомакот.
Подуеноста на стомакот и појавата на интестинални гасови може да биде предизвикана од:
-
Пребрзо јадење и/или пиење при што се голта многу воздух. Негативен ефект може да предизвика и зборувањето за време на јадење, често користење гуми за џвакање, или консумација на пијалок преку сламка.
-
Несоодветна исхрана богата со масти, пржена и сува храна, честопати е причина за надуеност и тежина во стомакот бидејќи и треба подолго време за варење. Негативен ефект имаат и одредени зеленчуци од тип на грав, грашок, брокула, зелка и карфиол со чие варење во организмот се ствараат големи количини на гас.
-
Пиење на газирани пијалаци кои ослободуваат јаглерод диоксид што доведува до надуеност.
-
Прекумерен внес на сол што предизвикува задржување на течности во телото, кои прават да се чувствувате надуени.
-
Користењето на антибиотици или некои инфекции доведува до промени во цревната микрофлора поради уништување на добрите бактерии. Со ова се нарушува варењето на храната.
-
Кај луѓето кои имаат интолеранција на лактоза, внесот на млечни производи доведува до надуеност гасови и болка во стомакот.
-
Стрес или анксиозност.
-
Пушење.
За да ја намалите подуеноста на стомакот, потребно е да ја избегнувате или да го намалите внесот на храната која што предизвикува гасови.
Други корисни совети:
-
Побавно јадете и пијте со што ќе ја намалите количината на проголтаниот воздух. Избегнувајте пиење со сламка.
-
Јадете повеќе растителни влакна (овошје и зеленчук) со што ќе го забрзате метаболизмот.
-
Избегнувајте користење на газирани пијалоци и пиво. Наместо тоа консумирајте вода со лимон или чаеви од нане и камилица. На овој начин ќе го забрзате варењето на храната и детоксикацијата на организмот. Дополнително нането и камилицата ги намалуваат грчевите, мачнините и подуеноста во стомакот.
-
Намалете го внесот на натриум, преку намален внес на сол и конзервирана храна со цел да ја намалите задршката на течности.
-
Престанете со пушењето. Внесениот чад и дополнителен воздух ја зголемуваат подуеноста.
-
Движете се повеќе со цел да ја забрзате перисталтиката на цревата.
Повраќање непријатен симптоми/последица на голем број заболувања
Најголема опасност при долготрајно повраќање е дехидратација на телото!
Повраќањето е еден од најнепријатните симптоми или последици на голем број заболувања. Најчесто повраќањето е претходено со стомачна болка, гадење, вртоглавици, потење и зголемена саливација.
Причините за појавата за нагон на повраќање се различни:
Надразнување на гастроинтестиналниот тракт (желудник и црева):
-
Стомачни инфекции (вируси, бактерии и паразити);
-
Прејадување или јадење на расипана или тешко сварлива храна;
-
Нус појава од внес на антибиотици и други лекови;
-
Гастрит или чир на желудник;
-
Прекумерна употреба на алкохол.
Нарушување на рамнотежата во внатрешното уво:
-
Патувачка болест.
Мигрена и др.цереброваскуларни болести.
Бременост: од 5-тата или 6-тата, па се до речиси 12-тата недела од бременоста како последица од варирањето на хормоналните нивоа.
Други здравствени состојби: епилепсија, тешки инфекции (менингит), радиотерапија, хепатит, акутно запаление на слепо црево, булимија итн.
За да се стопира повраќањето потребно е да се открие и третира причината со соодветна терапија. Сепак она што е претставува најголема опасност при долготрајно повраќање е дехидратација на телото која особено е опасна кај бебиња, деца како и кај повозрасната популација.
Препораки за избегнување на дехидратација при повраќање!
Најголемиот проблем кај пациентите кои имаат мачнина и нагон за повраќање е тешко прифаќање на течност и храна што ја потенцира дехидратацијата и чувството на немоќ и омалаксаност.
-
Пациентите треба да мируваат во хоризонтална положба, со подигнато тело од половина нагоре под агол од 30 степени, со цел намалување на можноста за вртоглавици и мачнина кои ќе резултираат со нови епизоди на повраќање.
-
Треба да земаат течности (голтка по голтка) вода, чај (нане, камилица), бистри супи, оризова вода.
-
Веднаш да се започне со внес на препарати на база на ОРС (орални рехидратациски соли) и пробиотици (S.Boulardii или лактобацили). Најсоодветни се хипоосмоларни ОРС препарати кои ќе ја намалат загубата на натриум, калиум и други електролити, а пробиотиците од друга страна ќе ја стабилизираат цревната микрофлора и ќе ги намалат стомачните тегоби кои не тераат на повраќање.
-
Витамин Б6 истотака е корисен за намалување на мачнината.
-
После неколку часа во кои нема епизоди на повраќање започнете со воведувањето на полуцврста храна (банани, варени: компири, ориз, моркови, целер).
-
Доењето на бебињата треба да продолжи без прекини.
-
Избегнувајте млеко и млечни производи, овошни и газирани сокови, бидејќи тие може да ги влошат мачнината и повраќањето.
Прочитајте: Уринарна инконтиненција - голем здравствен проблем особено кај женската популација
Кога да се јавите на лекар?
-
Доколку повраќањето е долготрајно и повторливо повеќе од 2 дена;
-
Доколку во повратената содржина има крв, слуз и/или жолтило;
-
Доколку пациентот одбива да се храни преку уста или хранењето е невозможно;
-
Кај бебињата и мали деца треба да се јавите на лекар во случаи на јасни симптоми на дехидратација: сува и леплива уста, пропаднати очи, недостаток на солзи, намалено мокрење (кај бебиња ако нема ниту една мокра пелена во рок од 6-8часа), темна (портокалова) урина.
Не ги терајте децата да внесуваат наеднаш поголеми количини на течност и храна – ова ќе предизвика повраќање и забрзување на дехидратацијата!
Кои чекори може да се преземат во насока на превенција на остеопороза?
Последиците од остеопорозата се зголемен ризик од фрактура на коските а пред се на пршлените на ‘рбетниот столб и на колковите
Остеопорозата е прогресивна коскена болест која најчесто ги погодува постменопаузалните жени и која се карактеризира со намалена коскена маса и промени во коскената минерална микроархитектура. Последиците од овие промени се зголемен ризик од фрактура на коските а пред се на пршлените на ‘рбетниот столб и на колковите. Се јавува кај околу 10% од населението а речиси секоја 4та жена во постменопауза има сериозен ризик од фрактура на коските. Основна причина за појава на остеопорозата е недостаток на естроген со стареењето која состојба го забрзува процесот на разградување на коските, што доведува до губење на коскената маса.
„Речиси секоја 4та жена во постменопауза има сериозен ризик од фрактура на коските.“
Со оглед на тоа што во голем број случаи остеопорозата во почетниот стадиум е асимптоматска и на нејзината појава значајно влијаат некои наши навики во пораната фаза од животот важно е јасно да ги согледаме ризик факторите за нејзината појава.
Фактори на ризик за појава на остеопороза:
Генетски и конститутивни:
-
фамилијарна историја;
-
премала телесна тежина (БМИ <19);
-
неротки/нефертилност;
-
неправилни менструални циклуси со големи паузи;
-
прерана менопауза.
Неправилна исхрана:
-
долгорочен низок внес на калциум на храна;
-
вегетаријанство;
-
преголемо конзумирање на алкохол и кафе;
-
прекумерно внесување на протеини кај постарите лица.
Болести (недостаток на полови хормони, тиреотоксикоза, инсулин зависен дијабетес мелитус, хиперпаратироидизам, ревматоиден артритис, хронична бубрежна инсуфициенција итн.)
Лекови (долготраен третман со кортикостероиди, литиум, диуретици кои предизвикуваат рија, хемотерапија, антациди итн.)
Прочитајте: Состојба со грип во Република Македонија, сезона 2015/2016
до 46та недела
Несоодветен начин на живот:
-
Неактивност или неподвижност (имобилизација);
-
Несоодветна изложеност на сончева светлина (витамин Д);
-
Прекумерна телесна активност (со аменореа).
Доколку остеопорозата е во поодминат стадиум се појавуваат и карактеристични знаци:
-
Намалување на висината на телото;
-
Деформитети на ‘рбетниот столб, згрбавеност (поради преломи на пршлените);
-
Проблеми со движењето и болка и при минимално движење;
-
Проблеми со седењето, посебен начин на станување;
-
Умерена до тешка ненадејна болка во грбот (<50%);
-
Абдоминална надуеност и воспаление на дебелото црево (крварење);
-
Губење на апетитот и мускулна слабост.
Кои чекори може да се презмат во насока на превенција на остеопороза?
-
Соодветна исхрана со континуиран внес на калциум (1000-1500мг/ден) и витамин Д (400-800ие/ден). Ова се постигнува со избалансирана исхрана богата со млечни производи, зеленчук, овошје и умерени количества месо и риба.
-
Редовна изложеност на сонце кое клучен фактор за настанок на витамин Д3 во организмот.
-
Секојдневна телесна активност.
-
Откажување од пушењето.
-
Умерена конзумација на алкохол и кофеин.
-
Внимателно движење со цел да се намалат ризици од паѓање кај повозрасна популација.
-
Конзумација на додатоци во исхраната со калциум и Д3 особено кај жени во перименопауза и менопауза.
Сите пациенти кои спаѓаат во ризичните групи (менопауза) треба да се упатат на ултразвучна дензитометрија и да ја измерат коскената густина со цел да го утврдат ризикот од фрактури на коските. Во случај на дијагностицирана остеопороза, независно од отсуството на симптоми, пациентите задолжително да се придржуваат на препишаната терапија од лекар (бифосфонати – пр.ибандронат) со цел да ја спречат натамошната прогресија на болеста.
Како да ги препознаеме анксиозните растројства?
Анксиозните растројства вклучуваат чести, претерани или несоодветни реакции, карактеризирани со чувство на сомнеж, интензивен страв, несигурност и беспомошност кои не се тригерирани од надворешна закана или опасност.
Стравот и стресните реакции им овозможуваат на луѓето соодветно да реагираат на опасни ситуации. Кај нормално и здраво лице стресните одговори се поттикнати од присуство на реална закана или предизвик и генерираат соодветна акција која го штити организмот. Од друга страна, анксиозните растројства вклучуваат чести, претерани или несоодветни реакции, карактеризирани со чувство на сомнеж, интензивен страв, несигурност и беспомошност кои не се тригерирани од надворешна закана или опасност. Анксиозните пореметувања се најчесто психијатриско пореметување и имаат преваленца од 15% кај целата популација при што жените се речиси двојно поподложни на анксиозните растројства од мажите. Во зависност од нивниот интензитет, времетраење и специфичните бихејвиорални карактеристики се поделени во неколку групи:
-
Генерализирано анксиозно растројство (ГАР);
-
Панични растројства;
-
Опсесивно-компулсивни растројства;
-
Посттрауматски растројства.
„Позитивните ефекти од терапијата се видливи веќе по третата недела.“
Анксиозните растројства најчесто се појавуваат во млада воздраст, особено во периодот на адолесценција. Први симптоми во рана детска возраст се претерана срамежливост или нагласена агресивност. Доколку ваквото растројство во детството остане непрепознаено и несоодветно третирано, понатаму тежнее кон развој и на други анксиозни растројства, злоупотреба на супстанции и депресија како и социјална, фамилијарна и работна дисфункционалност.
Ризик фактори за развој на анксиозни растројства?
-
Фамилијарна историја – анксиозните растројства често се сретнуваат во исто семејство, поради генетски фактори но и поради однесувањето на самите родители.
-
Социјални фактори – загрозена социјална и финансиска стабилност, лоши социјални поврзувања, долготраен и силен стрес кај студенти, на работното место и слично.
-
Трауматски настани – смрт на блиска личност, војна, хируршки интервенции, несреќни случаи или животно загрозувачки настани.
-
Медицински состојби – кај болни со мигрена, опструктивна слип апнеа, пролапс на валвули, иритабилен колон и слично, предиспозицијата за анксиозни растројства е многу поголема.
Прочитајте: Кои спортови се идеални за Хороскопските знаци
Како да препознаеме анксиозност?
Анксиозните растројства се карактеризираат со психолошки симптоми и соматски знаци:
1) Соматски
-
Кардиоваскуларни: палпитации, притисок и болки во градите, забрзана срцева работа;
-
Респираторни: хипервентилација, чувство на задишување;
-
Невролошки: вртоглавица, главоболка, трнења;
-
Гастроинтестинални: сува уста, мачнина, повракање, пролив;
-
Мускулноскелетни: болки и напнатост во мускулите.
2) Психолошки
-
Слаба концентрација;
-
Раздразливост;
-
Чувство на кнедли во грлото;
-
Чувство на нервоза во желудникот;
-
Чувство на полудување и смртен страв.
Ризик – факторите треба да се препознаат и доколку е можно да се отстранат бидејќи, најважно е да се превенира појава на анксиозните растројства. Во спротивно треба да се обратиме на лекар по што следи долготраен третман кој опфаќа психотерапија и фармаколошка терапија. Притоа вообичаено се користи комбинација од антидепресиви (SSRI – вообичаено околу 6 месеци), и анксиолитици (бензодиазепини) во првите 2-4 недели од терапијата. Пациентите понатаму редовно се следат и се евалуираат со скали за проценка.
Позитивните ефекти од терапијата се видливи веќе по третата недела, а во случај на потреба почетните дози на антидепресивот може постепено да се зголемуваат. Пациентите треба лекот да го земаат доволно долго, односно онолку долго колку што е потребно за пациентот да биде без симптоми.
Како да го подготвиме нашиот организам за проблемите поврзани со летните патувања
Доколку се соочите со подлабоки рани или повреди, или пак дијареата, температурата или повраќањето перзистираат повеќе од 2 дена побарајте стручна помош.
Прва асоцијација за летo се секако сонце, вода, плажа и патувања со цел да се релаксираме и да ги наполниме батериите. Сепак летниот период носи својствени здравствени ризици поврзани со високите температури, УВ зрачењето, промена на исхраната и бројните активности на отворено. Патувањата дополнително носат промена на климатските и хигиенските услови, локална храна и вода на која не сме навикнати, а плажата е извор на бројни, за нас, нестандардни патогени.
Кои се најчестите здравствени проблеми во летниот период?
-
Проблеми предизвикани од сончевото зрачење (УВ зрачење и високи температури): изгореници на кожата, алергии, сончаница, дехидратација.
-
Убоди од разни инсекти (комарци, оси, пчели, крлежи) или контакти со медузи, кои резултираат со болка, црвенило, чешање, а понекогаш се проследени и со сериозни алергиски реакции.
-
Повреди на зглобови, фрактури, гребаници, исеченици, поврзани со зголемена физичка активност на отворено (планинарење, рафтинг, одбојка/фудбал на плажа, ватерполо…).
-
Труење со храна поради несоодветна подготовка или чување а поврзано со високите температури и недоволната хигиена. Јадењето на отворено и од непроверени локации е најчесто во летниот период.
-
Проблеми при патувања: стомачни тегоби и мачнина, дијареа, запек, повраќање, дехидратација и покачена телесна температура. До 60% од патниците доживуваат патничка дијареа годишно.
Како да го подготвиме нашиот организам за проблемите поврзани со летните патувања?
Со оглед на гореспоменатите ризици неопходно е соодветно да ја подготвиме нашата кожа и да го засилиме својот цревен и општ имунитет во периодот пред патувањата.
-
Бидете изложени на сонце 2-3 недели пред патувања барем по 1 час на ден. Секако избегнувајте го периодот од 11-17ч а доколку е неопходно да се движите во средина на денот, тогаш задолжително користете средства за заштита од сонце со висок заштитен фактор. На овој начин ќе направите првобитна подготовка на вашата кожа за подолги периоди на плажа кои ќе следат.
-
2 недели пред поаѓањето на одмор користете суплементација со пробиотици, витамини и минерали (пред се витамин Ц, витамин Д и цинк). На овој начин ќе ја припремите стомачната микрофлора за нападот на непознати патогени и ќе го подигнете имунитетот воопшто. Конзумацијата на пробиотици и споменатите витамини и минерали треба да продолжи и за време на одморот како и 10тина дена потоа. Статистиката вели дека соодветно превентивно користење на пробиотици ја намалува патничката дијареа за дури 85%.
-
Избегнувајте патувања во најтоплиот дел од денот и секогаш имајте со себе доволни количини свежа вода и добро измиено овошје.
-
Избегнувајте да транспортирате и конзумирате лесно расиплива храна: месо, јајца, мајонез, млечни продукти како и сендвичи со сувомесни преработки.
Прочитајте: Како да се превенираат и намалат проблемите поврзани со спиењето?
Што треба да содржи вашата патна аптека?
Заради гореспоменатите ризици добро е да имаме со нас „мала патна аптека“ која ќе содржи:
-
Прва помош за проблеми при патувања: пробиотици, ОРС (орални рехидратациски соли), антипиретици (средства за намалување на температурата) како и топломер. При летните стомачни проблеми е најважно да се стопира дијареата и соодветно да се рехидрира организмот со соодветни пробиотици и средства за орална рехидратација.
-
Прва помош за проблеми со изложеноста на сонце: креми за заштита од сонце и креми за после сончање, средства против алергии и креми против изгореници од сонце. Нанесувајте крема 30 минути пред изложување на сонце и секогаш кога сметате дека е измиена од вашето тело. Откако ќе заврши денот поминат на плажа, секогаш користете средство наменето за после сончање.
-
Прва помош за проблеми со инсекти: средства против инсекти (комарци), креми за ублажување на болка од убоди од инсекти или медузи, како и пинцета за отстранување на страни тела од кожата.
-
Прва помош при повреди: средства против болки (аналгетици), креми за ублажување на спортски повреди, водоотпорни фластери, завои и средства за дезинфекција на рани.
Доколку се соочите со подлабоки рани или повреди, или пак дијареата, температурата или повраќањето перзистираат повеќе од 2 дена побарајте стручна помош.
Како да си помогнеме во случај на хиперацидитет?
Киселини – чест и непријатен симптом на сериозни дигестивни заболувања!
Македонците, а и останатите жители на балканските држави се познати како големи гурмани кои честопати знаат да претераат со обилни а често и доцни оброци. Покрај тоа голем дел од нас се љубители на масна, лута, кисела или многу зачинета храна што во комбинација со алкохол и цигари предизвикува бројни непријатни стомачни проблеми мегу кои најчест и најочигледен е т.н. хиперацидитет или народски кажано киселини во желудникот. Хиперацидитетот е симптом на бројни заболувања а најчесто се карактеризира со чувство на жарење/печење во желудникот и хранопроводот, мачнини и гастрична болка или нелагодност. Покрај веќе споменатата несоодветна исхрана и нездрав животен стил, други причинители за прекумерно лачење на желудечна киселина се: силен стрес, бременост, прекумерно користење на нестероидни инфламаторни лекови (НСАИЛ-лекови за болка), инфекција со хеликобактер пилориитн.
Кои се последици од честа појава на киселини во желудникот?
Доколку појавата на хиперацидитет не се сфати сериозно можно е да дојде до развој на компликации и потешки заболувања а пред се:
-
Гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ)- враќање на желудочната содржина преку хранопроводот кон грлото. ГЕРБ се карактеризира со чувство на жарење во хранопрводот, грлото и градите, мачнина, отежнато и болно голтање па дури и развој на хронична кашлица и ларингитис. На долг рок, ГЕРБ може да доведе до компликации како што се езофагитис, Беретов езофагус или аденокарциноми.
-
Гастрит или чир на желудник, хранопровод или дванаестопалечно црево – оштетувања на слузницата на овие органи најчесто предизвикани од хеликобактер пилори инфекција. Се препознава преку силна болка и жарење во стомакот особено неколку часа после оброците. Други знаци се надуеност, мачнина, повраќање, крв во столицата, градна болка и губење на тежина.
-
Zollinger-Ellison-ов синдром и други патолошки хиперсекреторни состојби.
Прочитајте: Козметичка хирургија: Типови и ризици
Како да си помогнеме во случај на хиперацидитет?
Пред се треба да се внимава на внесот на одредена храна која предизвикува хиперсекреција на желудочна киселина:
-
Намален внес на овошје и зеленчук кои имаат висока киселинска содржина (цитрусни плодови, јаболки, домати и пиперки);
-
Исклучување на прости шеќери од исхранат (чоколадо);
-
Намалување на внес на кофеин и алкохол;
-
Намалување на внес на масна, зачинета, лута и кисела храна;
-
Внесување на повеќе растителни влакна и пробиотици со цел да се забрза метаболизмот;
-
Јадење на повеќе помали оброци и избегнување на доцна вечера.
Важно е и да се направат промени во животниот стил:
-
Прекин на пушењето;
-
Намалување на телесната тежина;
-
Спиење на висока перница и избегнување на лежечка положба неколку часа после оброците.
Доколку нема подобрување, киселините може симптоматски да се контролираат со антациди, хистамински Х2 блокатори и инхибитори на протонската пумпа. Сепак пролонгираната употреба на овие производи може да има несакани дејства поради што се препорачува во случај на чести проблеми со хиперацидитет да се обратите на лекар со цел да се утврди вистинската причина и да се постави соодветна дијагноза и терапија.
Прв одмор со вашето бебе – задоволство или здравствен ризик за најмладите!
Каде на прв одмор со своето бебе и како до таму?
„Не заборавајте средства за дезинфекција, завој, гази, водоотпорни фластери, антибиотски прашок или спреј.“
Патувањето со мали деца е сериозен организациски предизвик за родителите а честопати и здравствен ризик за најмладите. Ова особено се однесува на првото патување со вашето бебе. Сепак за се има првпат и со добра подготовка може успешно да се летува со бебе и притоа да се помогне во неговиот раст и развој и секако да се креираат убави спомени. За да можеме да бидеме спремни за патување и одмор со бебе, треба да се прилагодиме на неговите потреби и добро да ги проанализираме критичните точки како што се: локација, транспорт, хигиенски и практични услови, исхрана, летни здравствени ризици и секако достапност на лекар и аптека. За оваа цел неопходно е детално да се истражат условите на местото на летување, да се проанализираат искуствата на слични посетители и добро да се испланира рутата на патување. Притоа не заборавајте да се пакувате со направен список на потребни нешта бидејќи листата на потребни нешта ќе биде долга.
Каде на прв одмор со своето бебе и како до таму?
-
Одберете локација до која ќе стигнете со вашиот автомобил за период од неколку часа. Така ќе имате комоција да застанувате според вашите потреби па дури и да се вратите во случај на здравствени проблеми.
-
Пред тргнувањето на пат однесете го возилото во сервис на темелна проверка, проверете го маслото, гумите, количеството гориво и резервната гума. Уверете се дека седиштето за вашето дете е добро и правилно прицврстено.
-
Планирајте патувањето да го почнете после добар ноќен одмор и по квалитетен појадок. Планирајте застанување на соодветно место на секои два часа како би ја проверите состојба на пелените на бебето и би го нахраниле. Обезбедете си доволни количини вода/млеко и добро спакувана храна за деца кои соодветно ќе ги складирате во патен фрижидер.
-
Не патувајте во најтоплиот дел од денот и правилно користете го клима уредот кој може да биде штетен и за вас и за детето. Во случај на високи температури вклучете го веднаш при тргнување насочен го кон прозорците или кон нозете и одржувајте константна температура.
-
Сместувањето е многу важно да е чисто и редовно одржувано, и да ги нуди сите погодности кои ги имате и дома: фрижидер, решо, садови за подготовка на храна за малиот член. Идеални се сместувања на мирна локација, со природна сенка, непосредно до плажа и во приземни простории. На тој начин ќе заштедите време и физички напори бидејќи често ќе се враќате назад во смештајот и тоа обременети со многу продукти.
Летни здравствени ризици и како да се справиме со нив?
-
Проблеми при патувања
Со оглед на големата фрекфенција на (пред се) стомачни проблеми, кај децата но и возрасните, при патувања треба соодветно да бидеме подготвени и во патната аптека задолжително да носиме:
-
Пробиотици (за смирување на стомачни тегоби и мачнина од патување);
-
Орални рехидратациски соли ОРС (за спречување на дехидратација при: сончаница, повраќање или дијареа);
-
антипиретици (за намалување на зголемена телесна температура) и секако дигитален термометар за брза и лесна контрола.
-
Сонце, висока температура и УВ зрачење
Не го изнесувајте вашето бебе во најтоплиот дел од денот (11-17ч). Во периодите кога сте надвор погрижете се да главата на бебето биде добро заштитена од сонцето: со платнена шапка која ги засенува челото, носот, вратот и ушите. Кожата на лицето и телото заштитете ја со крем или лосион со висок заштитен фактор, а за заштита на очите користете очила за сонце кои штитат од ултравиолетови зраци. Во случај на изгореници носете крема за после сончање.
-
Комарци и други инсекти
Доколку на локацијата има комарци задолжително поставете заштита во просторијата во која спие детето. Навечер прекријте ја количката/креветот со соодветна мрежа и намачкајте ја кожата на детето со дозволени детски репеленти. Во случај на убоди земете средство за ублажување на болка како и крема/гел против алергии.
-
Исеченици и други повреди на кожата
Не заборавајте средства за дезинфекција, завој, гази, водоотпорни фластери, антибиотски прашок или спреј.
И за крај но не помалку важно: внимателно ставајте го вашето бебе во морската вода или во базен! Бебињата и малите деца може да се удават во само неколку десетини сантиметри вода!
Депресија треба да се препознае, дијагностицира и лечи
Депресијата е почеста кај женската популација и особено кај хронично болните пациенти.
Модерниот стил на живот, но и зголемената и подобрена дијагностика ги позиционираат депресивните заболувања како еден од најголемите здравствени и социоекономски проблеми во денешниот свет. Депресијата претставува пореметување на расположението кое не е одраз на лична слабост и треба да се дијагностицира и лечи како и било која друга медицинска состојба! Депресијата е почеста кај женската популација и особено кај хронично болните пациенти. Притоа најпогодени се пациентите со малигни заболувања, ХИВ/СИДА, дијабет, алцхајмер, дијабет, мигрена, мултипла склероза и инфаркт на срцето.
Кои се ризик фактори за појава на депресивни заболувања?
-
Генетски фактори;
-
Притисок од околината: преголеми очекувања, лоши меѓучовечки односи;
-
Психолошки фактори: трауми, осаменост, несоодветно справување со проблемите;
-
Животен стил: живот во затворен простор, немање контакт со сончева светлина, недостаток на физичка активност;
-
Хронични заболувања.
Сите овие фактори, честопати повеќе од нив истовремено, предизвикуваат биохемиски промени во организмот во вид на намалена концентрација на невротрансмитерите: серотонин, норадреналин и допамин, што резултира со појава на симптоми на депресија.
Кои се најчести депресивни симптоми?
-
Депресивно расположение;
-
Губење на интерес или задоволство во речиси сите активности;
-
Значителна загуба или зголемување на телесната тежина;
-
Раздразливост;
-
Замор или губење на енергија;
-
Чувство на безвредност или голема и несоодветна вина;
-
Намалена способност за размислување и концентрација, или неодлучност;
-
Самоубиствени мисли и/или нагони.
Доколку ги игнорираме овие симптоми квалитетот на нашиот живот континуирано ќе се намалува и набрзо нема да бидеме во состојба соодветно да ги извршуваме домашните и работните обврски. Затоа е многу важно при препознавање на овие симптоми да побараме соодветна лекарска помош. Треманот обично подразбира комбинација од психотерапија и антидепресиви кои ја зголемуваат концентрацијата на невротрансмитерите: серотонин, допамин или норадреналин.
И покрај се најпоразителна е статистиката која вели дека само 10% од пациентите со депресија се адекватно лечени. Ова се должи на непрепознавањето на симптомите на депресија, срам и несоработка на пациентите, како и недоволно