Со магистерот по фармација Филип Ачкоски разговараме за патувањата и здравствените аспекти токму во моментите кога размислуваме и говориме за летни одмори и викенд патувања
Почнува сезоната на одмори, која отвара нови здравствениаспекти поврзани со патувањата. Генерално, може ли да говориме за „летни“ болести или, само за болести при патувања?
Летниот период сам по себе носи сезонални здравствени проблематики поврзани со високите температури, УВ зрачењето, специфични алергени поврзани со вегетацијата во овој период и промената на животниот стил, бидејќи поминуваме поголем дел од денот на отворено. Кога на ова ќе се надодадат драматично зголемениот обем на патувања (летни одмори) кои се несомнено шок (сериозна промена) за организмот јасно е дека постојат бројни здравствени ризици. Во глобала може да зборуваме за неколку типа на најчести здравствени проблеми во летниот период:
– Проблеми предизвикани од сончевото зрачење (УВ зраци + високи температури): изгореници на кожата, алергии, сончаница, дехидратација итн.
– Убоди од разни инсекти (комарци, оси, пчели, крлежи).
– Повреди на зглобови и исеченици, поврзани со покачена физичка активност на отворено.
– Труење со храна поради несоодветна подготовка или чување а поврзано со високите температури и недоволна хигиена (јадење на отворено).
– Проблеми при патувања (во тек на самото патување или на самиот одмор) поврзани со стресот што го носи промената, нова средина, специфична храна, вода, нови патогени на плажа итн. Овие проблеми се ефектуираат пред се со стомачни тегоби од тип на: мачнини, надуеност, гадење, повраќање, дијареа, опстипација и др.
Како да го подготвиме организмот за одмор во нова средина, со екстремно високи температури и во услови на пасивност (одмор од работа и секојдневни обврски)?
Неспорно е дека секое патување во друга држава (особено со различни климатски и хигиенски услови) па и во друг град носи стрес и судар со нови патогени кои најпрвин можат да го нарушат нашето стомачно здравје. Истотака преодот од ‘’фаза на работа’’ и секојдневен притисок, во ‘’фаза на одмор’’ не прави по ранливи поради општо олабавување на телото и во таа смисла пад на имунитетот. Затоа како здравствени работници препорачуваме соодветна подготовка 2 недели пред поаѓањето на одмор во смисла на: користење на пробиотици, витаминска и минерална суплементација (пред се витамин Ц, витамин Д и цинк) со цел за подготовка на стомачната микрофлора и подигнување на имунитетот воопшто. Конзумацијата на пробиотици и споменатите витамини и минерали е најдобро да продолжи и за време на одморот како и 10тина дена потоа.
Треба ли летувањето да биде поврзано со активен одмор, во смисла на пешачење, спортување, планирање или под одмор подразбираме само пасивно лежење на плажа?
Природно, секој треба индивидуално да одлучи каков тип на одмор најмногу му одговара со цел да направи соодветна психофизичка регенерација и да ги ‘’наполни батериите’’ за новите предизвици. Сепак одморот на море и планина носи значајни здравствени бенефити поради чистиот воздух, солената морска вода (јод) и свежата морска храна, кои фактори најчесто ни недостасуваат во тек на годината. Во однос на физичката активност секако е позитивно е да се задржат добрите навики за спортување (пешачење, џогинг, планинарење) во комбинација со пливање и други водени спортови со цел да ја одржиме добрата физичка подготовка, но секако во една порелаксирана атмосфера.
Што препорачувате околу храната која вообичаено ја конзумираме – треба ли да се задржимена истиот тип храна или може да експериментираме со локалната храна?
Во однос на исхраната, несомнено различните типови на храна и специфични зачини, може да влијаат неповолно на нашето варење. Ова уште повеќе важи за водата и затоа сугерирам, независно од тоа дали локалната вода од чешма е за пиење или не, секогаш кога одите на патувања на друга локација да користиме испитана флаширана вода за пиење. Во однос на исхраната особено треба да се внимава со малите деца каде треба да бидеме внимателни со експериментирање. Во однос на возрасната популација секако е корисно да се проба локалната кујна меѓутоа од угостителски локали кои имаат соодветно ниво на хигиенски услови. Меѓу другото и затоа препорачуваме пробиотска суплементација при патувања бидејќи кога добрите бактерии се во висока концентрцаија ги намалуваат штетните ефекти на патогените.
Кој е минимумот на медицински средства без кои не треба да се тргнува на пат?
Заради гореспоменатите ризици добро е да имаме со нас ‘’мала патна аптека ‘’. Овде пред се мислам на следните типови медикаменти:
Прва помош за проблеми при патувања: пробиотици, ОРС (орални рехидратациски соли), антипиретици (средства за намалување на температурата)Прва помош за проблеми со изложеноста на сонце: креми за заштита од сонце и креми за после сончање, средства против алергии, креми против изгореници од сонце.Прва помош за проблеми со инсекти: средства против инсекти (комарци), креми за ублажување на болка од убоди од инсекти или медузиПрва помош при повреди: средства против болки (аналгетици), фластери, завои и средства за дезинфекција на рани.
Comments