Видео од I-вата Pharmacy Masterclass работилница, 28.10.2026, Скопје
На 28 октомври во Скопје, со околу 100 фармацевти/фарм.теничари на Pharmacy Masterclass работевме на прашања што директно ги поврзува професионалната одговорност и деловниот резултат:
Како аптеката да расте, а пациентот да добива подобар совет, без притисок и непотребни производи?
По повеќе од две децении во фармацевтската индустрија, мојот став е јасен: најодржливата продажба започнува со препознаена потреба и аргументирана препорака.
На Pharmacy Masterclass, преку практични примери, role-play и интерактивни дискусии, работевме на:
· Cross-sell: релевантно дополнување што има јасна корист за пациентот.
· Up-sell: конкретна дополнителна вредност што ја оправдува разликата во цена.
· Switch: проверена и објаснета алтернатива што пациентот ја разбира и прифаќа.
Подеднакво важно беше и кога да запреме. Кога нема јасна корист, недостигаат информации или е потребна лекарска проценка.
Следниот чекор е примена: подобри прашања на рецептура, јасни пораки за користа и седум KPI за следење на деловниот резултат и развојот на тимот. Растот на продажбата треба да го следиме заедно со квалитетот на советувањето и безбедноста на пациентот.
Благодарам на сите учесници за довербата, ангажманот и за искрените насоки за подобрување, како и на MedRep Academy и Moderm Marketing за организацијата.
Comments